1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачко оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 14 мај 2018.

?

Дали го одобрувате вештачкото оплодување?

  1. Да

    135 глас(а)
    84,9%
  2. Не

    8 глас(а)
    5,0%
  3. Не знам, сè уште немам изградено мислење на оваа тема

    16 глас(а)
    10,1%
  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Во право си за дека Бог ни дал слободна воља како ке ја користиме интелигенцијата и дека секој ке ги сноси последиците.Во право си и за експериментите.Но за ова што си се запнал со вештачкиве бебиња не си во право.Вештачките органи се направени од хемиски супстанци,силикони и слично штоако имаат и матични клетки.Овде се работи за потпомогнато оплодување,исто како бајпас кога се прави за да работи срцето на пр.Надвор оплодуваат а во матката се создава човекот.Нема вештачки супстанци,и сл.Уште малку па роботи ке речеш дека се бебињава.
    in vitro
    UK
    happening outside the body in artificialconditions, often in a test tube:
    Еве ти повторно како се нарекува ова оплодување,а не вептачко затоа што нашиов јазик е сиромашен па нема правилен термин.
    И мислам оти упорно мешаш баби и жаби кога споредуваш со вкрстување на човек и живитно или клонирање и слични ствари.Овде дискусијата е за инвитро на нормален човек без додатни експерименти и играње со гените.И тоа што како резултат на човечки причини се повеке има безплодни незначи оти така треба да си седат луѓето.Исто како ако остане некој без рака или така се роди,ајде готово нека не се оперира со вештачка рака.(немој да ми кажеш оти и за тоа си)Екперимент е и операција ако е за така според тебе.Ама ете тоа за тебе е воред.И пак ке те прашам.Ако со толку сигурен оти не е во ред,зошто викаш ако женати одлучи да прави инвитро(недајБоже да ви треба) - ке правиш?
     
    Последна измена: 15 мај 2018
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ниту една црква не е ПРОТИВ ЖИВОТ а е ПРОТИВ ЧЕДОМОРСТВО!
    Секоја црква ја разбира, подржува и благословува желбата за дете...Бог на луѓето им дал можност да бараат лек..бог дал слобода и секој ке си одговара за своите постапки на денот кога ќе му биде судено.

    Мене повеќе ме плаши новава технологија со принтање органи, вештачка кожа, клонирања, вештачки материци...е тоа мислам дека гледано од религиски аспект е тотално богохулење, тотално играње со божјиот дар, човечкото тело.
     
    На Rama, Feminka22 и Vitaly им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Кажав јас, се додека е нормално вештачко оплодување без додатни експериментирања не би требало да се коси со религијата. По логиката на една членка заклучивме дека све било природно иако се нарекува вештачко оплодувањето. :sweat: Бебето зачнато со вештачко оплодување за мене ќе биде бебе зачнато со вештачко оплодување а не вештачко бебе. Упорно пробуваат да извлечат нешто од моја уста што тие не сакаат да го чујат па после ме напаѓаат.
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Леле, колку е јако кога мажи осудуваат вештачко оплодување на женски форум кадешто стотина жени се обидуваат да забременат (природно или „вештачко“). Се преслушувате ли дечки по дома, пред да напишете нешто?

    Иначе, ако е за така, треба да отфрлите се' од технологија и секакви можни иновации, на секое можно поле - медицина најпрво, па лекувајте се со тревки и билки и ако ве стегне инфаркт, нема во болница, толку било пишано. Ако ве удри кола на пешачки додека одите накај црква и треба да примите крв, нема потреба нели, богохулење. Па како дал Бог, така.

    За религијата, јас не сум фан на црквата и целиот тој бизнис што се прави. Не ги ставам сите во ист кош ама...... поголемиот дел, да. Секоја чест на тие што се во тоа заради сопствената желба и вера. И ве молам, поштедете ме од разубедување дека не се прави, кога апла се печали на грб на народ што верува, без разлика дали е црква, џамија, храм, што било).

    Но верувам дека има нешто посилно од нас и дека постои некоја енергија, сила или што и да е, што ние не ја гледаме. Зошто таа енергија би имала проблем со ин-витро оплодување, навистина не ми е јасно.

    Чисто информативно, ако погледнеме и наназад низ историјата, религиите многу често не прифаќале никакви „новитети“ отпочеток, за по некое време целосно да ги усвојат и прифатат. (да не почнувам да редам, од астрономија и небесни тела, жени вештерки, до теоријата за рамна земја, итн)

    Можам да се кладам дека за неколку децении отсега ќе го прифатат и абортусот, и истополовите бракови и се' друго што предизвикува контроверзија.

    Зошто? Затоа што ако не ги прифати (како што човештвото масивно оди напред), луѓето ќе се оддалечат сосема од религијата и ќе падне целосно во заборав. А бидејќи тоа не им одговара (бизнисот нема да работЕ :D)..... па видете вие сега.

    И на крај, многу ме нервира кога под превез на религија се осудуваат работи што не се секојдневни денес, а можеби ќе бидат дел од сосема нормалниот живот утре. Наеднаш ќе го смените мислењето тогаш?

    Можда светот ќе биде подобро место за живеење ако наместо да осудувате како верници, сега и тука се обидете да бидете добри луѓе и да правите добри работи, и за себе и за другите.
     
    На sparklie, bittersweet, lovestoneddd и 16 други им се допаѓа ова.
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Овде ова не е од тебе напишано?
     
    На lovestoneddd и Bubce38 им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Од мене е пишано. Според нејзината логика така му доаѓа нели? Цела вечер се обидуваше да докаже глупости и те едно исто прашање 100 пати ми постави иако доби одговор.
    Актот на оплодување е неприроден, со тоа се добива бебе кое е зачнато по вештачки пат.
    Ако вештачкото оплодување е природно тогаш како се нарекува оплодувањето по најнормален пат тоест со полов акт помеѓу жена и маж? Поентата на ова цело време што го пишувам е дека вештачкото оплодување не е природно, ниту осудувам, ниту кажав нешто што не треба.
     
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.117
    Пол:
    Женски
    Многу ќе е интересно ако случајно и ти на овој свет си дошол по " вештачки" пат :rofl:
     
    На Pepa B.., buba4e89, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И што со тоа? Јас само реков дека со акт на вештачко оплодување се добива бебе зачнато по вештачки пат. Јас не побарав егзекутирање на деца зачнати со вештачко оплодување. Се понашате ко деца од 10 години.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не, туку кажа дека си против вештачко оплодување, а сега викаш пу-пу не важи.
    Форум памти :rofl:
     
    На x.Daisy.x, lovestoneddd, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.117
    Пол:
    Женски
    Па рече дека си против вештачко оплодување.
    Баш ме интересира што би правел ако овоа " чудо" ти се случило тебе?
    Ако си зачнат вештачки де :lol::mm:

    А ти како се понашаш?!
    Ние детски , ама бар ЧОВЕЧКИ !
     
    На Stressed Out и Pepa B.. им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Доволно кажа, дека си против и дека ги двоиш така создадените деца од „природните“.
    Баш ме интересира по што ќе ги познаеш и по што се различни... И да, не можеш да тврдиш дури ни за самиот себе дека не си создаден по тој пат, тоа е сериозна и чувствителна тема за која и родители кои се блиски со децата не би се навраќале и не би зборувале толку лесно.
    Иначе темава е доволен показател до каде се забегува и колку валиден е аргументот од фанатици за „природното“ и во други теми.
    Треба навистина да ставиш прст на глава зошто сите се против твоите ставови.
     
    На lovestoneddd, Dayanna, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Од каде заклучи дека се сите против моите ставови? Сите ги познаваш? Колку плитко размислуваш... Занчи што треба, како размислуваат другите така и јас, наместо со своја глава... Бизарно. Мене не ми е природно тоа и крај, прифатиле вие или не.
    Од каде да знам како би размислувал тогаш. Што викаат старите и баба да имаше пенис ќе беше дедо.
    И немам ништо против луѓе кои биле зачнати по вештачки пат, тие воопшто не се виновни. Познавам, имам познаници тоест, најнормални луѓе се, никаде не реков дека не треба да постојат или нешто слично туку само реков дека не е природно и сум против кога се работи за мене лично. Немам против ако некој го прави тоа.

    Никаде не реков не важи туку кажав дека тоа не е природно и сум против кога јас би одлучувал дали треба да пристапиме кон таков чекор или не. Тоа останува мој став.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Сериозно некој мисли дека тие што не можат природно да зачнат не заслужуваат да се остварат како родители!?
     
    На smooch, dayla, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    И коа ќе умреш горе некој браво ќе ти рече оти не си родил :rofl:
     
    На eli25, fina erika и DAngel им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.117
    Пол:
    Женски
    Аааа и ти не знаеш веќе за кое нешто си против , за кое си за :D.

    Безвеза муабет вртиш два дена. Сакам кажам ,не знам речам ти е работава .
    Терај работа :party:
     
    На eli25, Dayanna, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Поднауката од теологијата која се занимава со овие проблеми се вика биоетика. Римокатолиците целосно го отфрлаат и вонтелесното зачнување и сурогат-мајчинството. Православната Црква нема конечен став и е оставено да се решава на ниво на помесна Црква или на ниво на епархија. Во Македонија на времето имаше жестока дебата на темата вештачко оплодување. Професорите од богословскиот факултет беа жестоко против вештачкото оплодување, а Неговото Високопреосвештенство митрополитот преспанско-пелагониски и австралиско-новозеландски Петар (убаво прочитавте конзервативниот Петар) беше жестоко за.
    Главниот проблем не е самото оплодување надвор од материцата на мајката, зашто при спојување на сперматозоидот и јајце клетката настанува животот, а животот го дарува/создава третата ипостас (лице) на Најсветата Троица, Светиот Дух. Без Светиот Дух нема живот. Глупост е тврдењето дека луѓето зачнати со вонтелесно зачнување немаат душа. Дури и клонираните луѓе ќе имаат душа. Проблемот кој го има Православната Црква со вештачкото оплодување е недавањето на шасна за развиток на сите ембриони. Зашто при постапката за вештачко оплодување се оплодуваат повеќе јајце клетки, се добиваат повеќе зиготи од кои подоцна почнуваат да се развиваат повеќе ембриони. За жал во утробата на мајката се ставаат само оние ембриони кои најмногу се развиле. Сепак и за овој проблем може да се најде етичко решение, ако се оплодуваат до одреден број на јајце клетки (пример четири) и сите се враќаат во утробата на мајката, или пак да се замрзнуваат ембрионите и откако мајкате ќе роди дете да и` бидат вратени во утробата и останатите ембриони.
    Во однос на сурогат-мајчинството, мојот личен став е дека треба да им се овозможи на оние мајки, кои од здравствени причини не можат да го износат плодот. Но, да се забрани секаква злоупотреба и богатите жени место да раѓаат да можат да платат друга да им ги раѓа децата. Тоа е веќе проблем и не е етичко. Проблемите, со вишокот ембриони, кои ги има со вонтелесното оплодување, остануваат и за сурогат-мајчинството.
    Најбитно од се`, и оние кои се родени од вонтелесно зачнување и оние кои се родени од сурогат мајки го носат образот Христов и можат да станат светци и да го наследат Царството Небесно. Кој сака нека ги смета за мутанти, Православната Црква ги смета како свои равноправни членови.
     
    Последна измена: 15 мај 2018
    На daylight, DAngel, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Мене не ме плаши ич. Не сметам ништо од тоа за 'богохулење'. Секој технолошки напредок е дочекуван на нож, секогаш, од првата парна машина, до денес. И ќе продолжи.

    Има морални и етички прашања за кои сме збунети, но, ако некој се најде во ситуација да одбира помеѓу моралност/Бог и потреба од нов орган, веднаш ќе заборави и на моралот и на Бог. Основен инстинкт ни е инстинктот за преживување. И колку и да имаме проблем со етиката, тој секогаш ќе преовладее.
     
    На dayla, Nigredo Odor, kikkki и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Јас сум за вештачко оплодување и сметам дека сите жени кои имаат желба за потомство, а не се во можност треба да добијат шанса и да се остварат како родители.

    Сепак оваа процедура има кратка историја. Треба да поминат неколку генерации родени деца преку истава процедура за да се согледаат позитивните и негативните аспекти. На пример дали децата родени преку вештачко оплодување се пониски во просек, имаат понизок степен на интелегенција, помалку се имуни на болести и така натака. За тоа треба науката да даде одговор.
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Oва што зборите вештачки органи и вештачка кожа или простетични раце и нозе или уште поголем напредок постигнат со создавање бионички раце, спасиле и им помогнале на многу луѓе. Недај боже да се најдете во ситуација да ви притреба нешто од овие...Да добиете сериозни изгореници или да изгубите екстремитет.

    Вака да не ве уплашам ама постои и трансплантација на лице...:nod::nod:
    Знам двајца случаи кои им беше пресадено ново лице. Едниот настрада во струен удар, другиот доби сериозни изгореници во пожар гасејќи куќа. На двајцата им биле потполно уништени лицата со сетилни органи.
    Кажи ми сега дека докторите што им пресадиле лице само си играле со нивното тело.
    Едит - Сфатете веќе дека религијата не треба да се меша во медицината. Еден доктор ќе направи се што може да за му помогне на пациентот, секако со негова согласност, и не треба да го интересира дали религијата го одобрува тоа или не.
     
    Последна измена: 15 мај 2018
    На Stressed Out, ane.bella, kikkki и 9 други им се допаѓа ова.
  20. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Еве јас без научни истражувања ке ти дадам одговор дека НЕ не се пониски ниту помалку интелегентни,нитунпеоблем со имунитетот.Имам 2 пара пријатели со деца од ивф
     
    На WildMk, fina erika, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.