1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачко оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 14 мај 2018.

?

Дали го одобрувате вештачкото оплодување?

  1. Да

    135 глас(а)
    84,9%
  2. Не

    8 глас(а)
    5,0%
  3. Не знам, сè уште немам изградено мислење на оваа тема

    16 глас(а)
    10,1%
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    А зошто па некој да има право и на нормален и здрав живот, ако Господ го создал или пак подоцна во текот на животот решил да го „искушува“ со некоја болест? Што ќе ни се на светов лекови, операции, трансплантации, разни помагала?
    Е вака звучиш и на ова ниво си. А и сум те читала и во други теми дека не си ни само против вакцини, туку и против секакви лекови.

    И ние што размислуваме разумно не изедначуваме само природно со позитивно и оправдливо, туку цениме како напредок и олеснување многу човечки иновации кои излегуваат од границите на она целосно „природното“. Со тебе тоа не е случајот и затоа џабе се вадиш дека ставот не ти е осудувачки.
     
    На kikkki, Lella, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ммм да беше се природно во мојот живот, денес немаше да гледам со едното око. Во најдобар случај само тоа.

    Немаше да постои една од личностите што ги сакам најмногу на свет, дека нели, не е природно. Треба да идам на нејзините родители да им го кажам тоа.

    Џабе се објаснуваме дека не се што е ново, “вештачко” и креирано од човек е под default лошо, кога има луѓе кои со сила маваат со глава во ѕид. Нека ви е, само се надевам нема никогаш да имате потреба од вештачко во животот.
     
    На Stressed Out, Lella, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Vitaly Знаеш дека одредени ставови во врска со религијата ти ги почитувам наспроти мислењето на цел форум,ама конкретно секое едно мислење што го изнесуваш на темава,не ти е баш океј...
    Извини ама не си во право со тоа "вештачки деца" и неприродни и не знам ти што.
     
    На theowndemon, crimson, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Создавање на живо суштество и пиење лекови не е исто.
    Ако си доволно паметна ќе ја прочиташе Библијата и ќе сфатеше дека Бог не е виновен за тоа што ни се случува денес. Самите ние сме криви. Како што кажав понапред, Бог не е виновен што рокнал некој нуклеарен реактор и од него се испоразболеле стотици луѓе и после ке се појави некој паметњак и ќе каже Бог ги искушува луѓето со болести. :rofl: Ја не осудив никоја мајка која зачнала со ваков потек јас само си кажав јас лично што мислам за ваквото оплодувљње, не пробувајте и ти и другаркат да ми ги извитоперите мислењата.
    И не сум под никаква рестрикција ниту смеам да бидам, ќе размислувам како што јас сакам а не како вие што сакате. Ајт поздрав.
     
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    По логика која ја објаснија некои членки така испадна. Јас реков дека актот е вештачки а не децата бидејчи сепак и тие се од крв и месо и не се виновни воопшто. Гледаш дека упорно ме влечат за јазик да кажам нешто што нетреба или ми ги испревртуваат мислењата па после витали е крив.
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ова е да кажеш дека не си расист затоа што не се црнците криви што се родиле такви.

    Никој не ти ги испреврти мислењата.
     
    На Lella, ane.bella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Е како не?
    Се знае што е природно, лекување настинка или во најлош случај, борба со рак, со лимон, сода бикарбона и супа.

    Дали ти, во случај да ти треба крв ке одбиеш? Природата ти дала крв, зошто би прифатил туѓа?

    И хирурзите си играат Господ кога сечат.

    Или не, еве совршен пример: жена ти е бремена, по природен пат, и на пораѓај доаѓа до компликации. Неопходен е царски рез. Што ке направиш? Ке одбиеш јер бебето ке дојде на овој свет по вештачки пат? Природно се знае како се раѓа, а царскиот рез е операција, вештачка постапка за раѓање, како што ти милуваш да кажеш.
     
    На senjorita-v, Stressed Out, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па да, се појавуваат такви, и тоа им е сериозно нивен став за разлика од мене што го карикирам. На пример твојата истомисленичка @Bitter-Sweet која во многу дискусии нѐ убедува во ова и дека ние што не припаѓаме на црквата не можеме да го разбереме истото :)

    Не се виновни децата де - нивните родители што со толкава љубов и пожртвуваност се бореле да ги добијат, и докторите што го посветуваат животот да помагаат се „виновни“. Те разбравме многу добро.

    Со ова дека никој не може да те разубеди во хитлеровските ставови звучиш како 5-годишно инаетливо дете, ама ти си знаеш :)

    Потег* :)

    Ај поздрав :*
     
    Последна измена: 18 мај 2018
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    @Vitaly сфаќаш дека детето без разлика дали ќе биде зачнато сп инвитро или природно ќе ги носи истите гени така? Ништо не е изменето во неговиот организам...
    Нема вметнато никакви додатни гени или мутации со инвитрото, освен се разбира ако постои друг фактор за појава на истите.
    И сигурно не мислиш дека секој доктор треба да чува до себе библија па кога ќе му дојде пациент за било каква помош, докторов да му рече еј чекај да видам горнион дали ми дозволува така да ти помогнам

    И аман со тој нуклеарен реактор. Неплодност и мутации и од други причини се случуваат.

    Едит: Замисли се во ваква ситуација - Твој близок е ранет и губи многу крв. Го носат во болница ама ти велат дека иако може да го спасат не можат да му направат трансфузија бидејќи докторите се Јеховини сведоци. Ќе се помириш едноставно со тоа?
     
    Последна измена: 18 мај 2018
    На Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Јас не сум расист, не ја сметам мојата раса за супериорна туку само јас лично не сакам да се мешам со девојка од друга раса. Инаку имам пријатели од други раси, не се ништо поразлични од мене, луѓе како луѓе.
    Не мешајте се и сешто
    Добро се прават печатни грешки и ти правиш... Инаку какви ставови имам јас не е твоја работа. И ти звучиш како 3 годишно дете кога пробуваш да исмеваш поинакви размислувања бидејќи немаш аргументи па така ти е најлесно. Битер не е моја истомисленичка, јас и таа имаме далеку поразлични ставови ама се почитуваме, тоа е се.
    Да сфачам ти сфаќаш дека не е поентата дека тие деца ќе бидат поразлични туку дека самиот акт на оплодување е неприроден, мој став е дека нема право никој до тој степен да си игра со природата и да изиграва Бог. Нуклеарниот реактор го дадов како пример, такви примери има милиони кои докажуваат дека човекот е виновен за се што ни се случува денес а не Бог.
     
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @Vitaly примерот на @crimson со расистите, мислам дека беше само споредба за да сфатиш како звучиш ама и таму се пронајде. Во ред и тоа, твое право, ама многу површно гледаш на работите, а не ти се целосно јасни.
    Како што напиша и @kukla21 во асистираната репродукција пак има знак прашалник дали ќе е успешно. Ако човекот создаваше вештачки живот, немаше да има неуспешни инвитро постапки. Постапката на оплодување е само во прашање, се останато и доктор некогаш ќе рече е Виша сила. Барем јас имам слушнато доктор кој се занимава со ин витро често да го кажува тоа, па ми немаат смисла некако мислењата твои.
    И убаво кажа некој, да нема човек мака, па на крај на свет ќе си го бара лекот. Вака до утре може да се филозофира.
     
    На ane.bella, kukla21, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се ми е јасно мене туку вие несакате да прифатите дека не сите размислуваат како вас. Незнам што ти нема смисла, посочи, ќе разјасниме. Кажав само дека постапката не е природна и лично сум против, другите кои ова го прават или се за не ми сметаат, не ми сметаат ни деца кои биле зачнати по вештачки пат. Ако има нешто во врска со темава, тоест како што разбрав ти немаат смисла моите мислења, посочи, ќе се обидам да разјаснам.
     
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @Vitaly па еве ова ми е нејасно, вештачка ти е постапката и сметаш дека нема никој право да си игра Бог, ама ете ти кажувам дека на крај сепак не одлучува докторот дали ќе е успешно или не. Создавањето на живот се одвива природно и со сите етапи како и кај природно, само оплодувањето е помогнато поради некоја причина или медицински проблем. Тоа е исто како да негираш трансплантација на орган или вградување бајпас на пример, или трансфузија. И тоа можеби го сметаш за изигравање Бог.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ова е создавање живот а не трансплантација. Трансфузија или трансплантација се врши за да се спаси нечиј живот а со ова се создава живот. Вештачкото оплодување не е природно, природно е со полов акт помеѓу маж и жена. Тебе се ти е јасно ама сакаш да ми наметнеш твои ставови, се ми е јасно сега. Тоа останува мој став, сакале или не.
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ти очигледно имаш непознавање околу тоа што е "вештачко" оплодување. Да можеа докторите да создадат живот немаше парови со години по болнички ходници да одат. Во твојов пример, поголеми се шансите со трансплантација живот да се спаси и продолжи, отколку со ивф успех да има.
     
    На theowndemon, crimson, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    @Vitaly не знам колку ти е познат терминот ин витро ама тоа значи "надвор од организмот", само ете во нашиов јазик го нарекле вештачко. Ин виво е "во организмот". Истиве термини се користат и за радиотерапија на тумори, односно дали изворот на зрачење е надвор од телото или се внесува внатре, а не дали е природен или вештачки.
     
    На theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас уште одамна знам според повеќето религии дека одобрено е само оплодување по природен пат и дека тоа е Божји благослов. Ако Божјиот благослов не ти е даден, има причина и за тоа.
    И секако бебето треба да е зачнато со љубов, а не во ладни лабараториски услови, во епрувета.
    Е, сега дали ова некому му се допаѓа или не, не коментирам, зошто според скоро сите религии маж и жена треба телесно да бидат заедно само во брак, ама еве тоа кој го почитува ? И други примери.
    Прочитав горе, многу карање има, значи секој нека си прави што си сака на своја одговорност, а религијата што ни проповеда е тоа што е, сакал некој или не. Да ти е страв да цитираш нешто религиско. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Јас пак прв пат слушам дека религиски не е одобрено ин витро оплодување. Од кај ги вадите информациите?
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Уште одамна од свештени лица, постојат и записи за тоа. На долго и на широко убаво е објаснето зошто е тоа така (од каде и како доаѓа душата, и поврзано со тоа). И главно дека е Божји благослов кој треба да се добие, а не лабараториски да се земе.
    Е, сега, ако сака некој да е прифатен со своето размислување дека е нормално ин витро, мора да биде фер и тој да го почитува спротивното мислење.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @Silver.E во теорија може да, ама во пракса е сосема поинаку. Барем од блиски кои се религиозни и пред ин витро оделе на исповеди, постеле, се причестувале, па си го крстиле детето со сите благослови од свештено лице.