Во збирното издание на „Внатрешен пат кон космичката свест„ (некаде преведена и како: Прахристијанска животна школа; или Беседата на гората - Пат кон повисока етика и морал) на стр. 1362 (Попис на духовни поими) пишува: Душа - Оптовареното духовно тело (тнр. етерчино тело) на некогаш чистото духовно битие, на ангелот од Небесата. Неоптовареното тело духовно тело, сочинето од прасупстанција, Бога, е нашето вистинско битие, кое живее вечно и доброволно дејствува во единство со Бога. Духовното битие го носи во своето етер-тело божественото јадро на битноста, Божјата искра. Околу ова чисто духовно тело, по напуштањето на небесните светови, како последица од противзаконитото осеќавање, чувствување, мислење, говорење и постапување на некогаш чистото духовно битие - или преку доброволно оставање на енергија за да може да се исполни еден божествен налог во царствата на Падот - се изградиле тнр. обвивки на душата. За време на својата инкарнација (отелотворување) душата е во едно човечко тело за да се бистри и да се чисти себеси во просторот и времето преку себеосознавање со помош на избавителската сила од Христос Божји (тнр. избавителска искра), или за да изврши еден божествен налог. По напуштањето на физичкото тело душата оди во она подрачје на души во отадестраните светови коешто ѝ соодветствува на видот и степенот на нејзиното оптоварување, т.е. на нејзиното засенување. Во обвивките на душата (аура) енергетски е запишано и складирано сè што душата носи од оптоварувања, што во текот на Падот и во изминатите или во овој земски живот таа од противзаконитото мислела, рекла, или сторила. Душата е, значи, „книга на животот„. Преку избавителскиот чин на Христос Божји е загарантирано дека секоја душа ќе се исчисти и како чисто духовно битие ќе се врати повторно во својата татковина, во небесните светови.
Но ако Светиот Дух ја создава душата (особено ако тргнеме од ставот дека тоа се случува во времето на спојувањето на јајцето и семето) а од друга страна не давањето еднаква шанса на сите ембриони е противно на божјата волја - зарем Светиот Дух би се впуштил во такво контрирање кон Божјата волја? Или тоа се објаснува со слободната волја на луѓето? Смеам ли да прашам колкава возраст се отприлика децата? Што велат нивните родители или дали можеби ти си забележала, дали манифестираат емпатија? Ако се премногу малечки прерано е да се прашува за тоа, знам. Не прејудицирам ништо, само прашувам. Ти благодариме за одговорот.
Едното е трето одделение,другото е две год.Не се пожалиле на такво нешто.Јас не сум забележала исто.Емпатија може да се јави кај било кој човек,поготово е последица од предолго зрачење од смарт телефоните.
Јас знам дека и контрацепцијата е забранета, затоа што така на еден начин му викаш на Бога дека ти знаеш кога треба да имаш деца, а не тој. Пишува на страната на Бигорски, прочитај. Викаш никој христијанин не користи никаква контрацепција и така едноставно, со молитва имаат по 1-2 деца?
Шмрц @Vitaly , зошто не ми одговориш на прашањето? Во случај да не си видел дека те цитирам, еве повторно:
Да ствараш живот на неприроден начин и да правиш нешто за да спасиш нечиј живот се два различни поими. едит: Шмрц што значи?
Каков е тој неприроден начин, ајде објасни, многу ме интересира. Дали сперматозоидот и јајце клетката се создадени у лабораторија? Не се. Не се различни поими, значи ти на вештачки начин би ја спасил жена ти и бебето. Се знае како се раѓа природно, што би рекол ти, зошто вештачки кога може природно? Природата ја креирала жената да роди, хм, знаеме од каде, еве зошто да излезе бебето преку стомак, тоа е вештачки пат. Исто како што жените се мачат да зачнат, по твоја логика, и твојата жена би требало да се мачи да роди по природен пат, јер природата не направила такви какви што сме, нема потреба од современа медицина. Или двојни аршини имаш, па како ти одговара? П.С. Шмрц значи - тотално ме игнорираш и не ми одговараш на прашањето.
Емпатија (сочувство) — капацитетот да се препознаат и, до одреден степен, да се споделуваат чувствата (како што се тагата или среќата), кои се доживуваат од друга личност обдарена со чувства. Камо среќа да се појавуваше како последица од телефоните, многу луѓе би биле подобри личности... Многу ви се конфузни и нелогични обидите за поврзување и објаснување на религиски митови со наука, како на сите други теми, така и тука. Какви души/духови, какви бакрачи... За толку многу работи се дознало и напреднало во науката векови и векови по Библијата, па каков релевантен извор е таа за според неа да се преиспитуваат? Ембрион се создава со спојување на јајце клетка и сперматозоид. Истото се случува и со инвитрото, само што е потпомогнато на медицински начин. Не е загарантирано создавањето на ембрион - како што не е ни во оплодувањето по пат на сексуален однос, исто и мутациите и здравствените проблеми се возможни и по природниот пат на оплодување. Додека тука некој се прави најголем верник со незрели тврдоглави ставови, многу луѓе кои се борат со неплодност се и верници кои бараат барем некаква помош, мир и сигурност за психа во молитва. Исто така, секој добар човек кој е верник, ако познава некој што минува низ тоа - единствено нешто поврзано со религија што може да изговори и направи е да даде по свој начин и верување поддршка и позитивна желба за тој пар преку молитва. Тоа е таа страна на религијата што вие верниците треба да ја истакнувате, а не банални преиспитувања и осуди. Извини @daylight, за други работи сум се согласувала со тебе, ама темава е само празни филозофии и супер место за фанатици псевдонаучници да искажуваат небулози и непочит кон жените на форумов кои се соочуваат со овој проблем.
Знам многу добро што е емпатија.Како последица од зрачење од тел е заради оштета на тој дел од мозокот кој е клучен за да ја имаме таа способност за сочуство.Неможам да ја најдам статијава за да ја постирам.Има тврдења од доктори за ова.Ова е само една од причините не дека само од тоа се јавува емпатија.Но факт е дека е се почеста појава.
Абе зарем уште не сфативте дека Господ не би се противел на вештачкото оплодување? Точно е она што го кажа со контрацепцијата @DAngel тоа е убаво објаснето во Стариот Завет. И кажете ми сега,дали секоја втора жена или девојка не користи контрацепција? Овие радикалности со вештачково оплодување,искрено мене ми се ту мач. Знаете добро сите овде,дека сум верник со постари сфаќања,тоа е по моја воља,ама кога се работи за дете,се би направила,би одела да ми читаат разни молитви по Цркви и Манастири,би земала лековити води(за какви што слушаме постојано дека ги има на многу свети места),би преспала во Манастир,би се протнала низ некој лековит камен и слично. И сега? Со сето ова што го набројав(според вас,јас одам спротивно на Божјата воља)Бог можеби предодредил да немам деца,ама тоа не значи дека јас со сите сили не би се обидела да имам. За последно,го оставам и посвојувањето како опција,не знам што ме чека натаму во животот,ама желбата да имам макар едно дете,ми е преголема,и не е мајка таа која раѓа,туку таа која одгледува едно дете со многу љубов и пожртвуваност. Јас се извинувам,ако повредив нечии чувства,секој може да ја чита темава,само сакам да дадам поддршка
Човек без емпатија е социопат. Од кога тоа емпатијата е негативна човекова особина? И животно сочувствува со друго, па се обисува да му помогне кога му е тешко. Апсолутно нема никаква врска со телефоните. Недостаток на емпатија е загрижувачки знак, а не присуството на истата.
Немањетоа на емпатија е негативна особина.Каде прочита дека човек со емпатија е негативно.Убаво пишува,ако е оштетен делот од мозокот кој е клучен за емпатија,ке има недостаток на емпатија,многу логично.Си се збунила нешто. Едит: На првото мислење сум се изразила погрешно јас хаха.
Не секоја втора, секоја. Затоа што и прекинат однос се смета како метод на контрацепција. Значи буквално треба да дозволиш на маж ти цело време да свршува во тебе и да се молиш да не останеш бремена, или да имаш односи само кога сакаш деца. Тоа е тоа.
Зарем Светиот Дух како ипостас на Најсветата Троица не знае и за идните абортуси? Нормално дека знае. И пак доаѓа до зачнување на утробните маченици.
Во ред, но сепак тука не е иста ситуацијата. Кај абортусот луѓето допрва се вмешуваат во веќе создадениот живот, но во првиот случај испаѓа дека луѓето (во преносна смисла на зборот) му приоѓаат на светиот дух а тој дава согласност да создаде живот на таков начин. Е сега ова што го пишуваш ми има логика ако Светиот Дух не се сфаќа како личност туку слично како сонцето непристрасно овозможува да никне и жито и плевел. Не ги садело сонцето тие работи, но при соодветно изложување на неговото зрачење тие работи ќе никнат. Во ред е... нормално е дека не можеме во сè да се согласиме. Темата е навистина чувствителна и намерно не сакав да ја мешам во веќе постоечката од медицински аспект. Се согласувам дека провејува низ понекој од постовите и фанатизам (и од оние против и од оние за) и псевдонаука, но тоа е повеќе или помалку и низ целиот форум случај, што пак е нормално бидејќи постојат најразноразни луѓе со различни мислења. Исклучок можеби би бил подфорумот форумски игри. Но од друга страна за мене постоењето на душите не е религиски мит. Религиски мит за мене се приказните од типот дека светот бил создаден за 7 дена, дека Адам и Ева биле првите луѓе, дека Господ казнувал, дека вселената ја има создадено полубог со 4 лица (во хиндуизмот) и тн. Во таа смисла за мене старите верски списи се збирка на митови и легенди од една страна, и духовни вистини од друга страна. Тоа ќе зависи од тоа какви гледишта одредена религија има (ако ги има воопшто) за одредена работа. Зарем ако некој има спознание дека нешто е погрешно и тоа нешто доведува до уште поголемо страдање, би требало да го подржи? Но од друга страна тоа не ѝ/му дава за право и да го наметнува тоа на други. Во ред е да се информира, не е во ред да се наметнува. Во примерот што го наведе (верникот и парот) според мене верникот во молитва би требало да моли за помош во духовнииот раст на тој пар, за нивна заштита, спокој, водство и развојот на настаните да биде според Божјата волја. Можеби тогаш тој пар би бил поттикнат да ги постави прашањата подлабоко во себе: Зошто се случува тоа? Дали Бог такви ги создал, или...? Зошто имаат таква желба? Кое решение би било најдобро? и тн. Не дека понекое од тие прашања човек не си ги поставува кога има мака, но едно е да се прашува колку да се праша и евентуално со тоа се изрази огорченоста, тагата, и сл. а друго е прашувањето поради потрага за одговор. Според мене луѓето би требало да се држат до Исусовата изјава „Она што сакате вам да ви се прави, правете им го и вие на другите!„. Сакаме ли другите луѓе да ни оставаат слобода? Ако да, тогаш и ние би требале да им оставаме слобода на другите, без разлика што веруваме дека токму нашите ставови се исправни, подобри, поубави и тн. Токму затоа ова е отворена како засебна тема (од поспецифичен аспект - духовен, а не онака општо) во која секој може а не мора да учествува со читање на другите мислења како и пишување на своите мислења.
Не, убаво те цитирав. Даде коментар дека вештачкото оплодување не е Божји благослов. Јас само ти кажав дека и контрацепцијата не е.