1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештачко оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 14 мај 2018.

?

Дали го одобрувате вештачкото оплодување?

  1. Да

    135 глас(а)
    84,9%
  2. Не

    8 глас(а)
    5,0%
  3. Не знам, сè уште немам изградено мислење на оваа тема

    16 глас(а)
    10,1%
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Vitaly во случај да немаш видено, ке се цитирам повторно,

     
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Врти назад 500 пати кажав и објаснив каков е тој неприроден начин. Со сила се правите како што нетреба. Кажав и пак упорно те едно исто прашуваш. Внук имам од 3 и не прави вакви глупости, искрено.
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Vitaly

    Добро, тогаш објасни дали ти би прифатил царски рез? Факт е дека царски рез е операција, вештачки начин да се роди нов живот. Природно жената раѓа преку вагина.

    Дали ти, доколку е во прашање твојата жена, би одбрал царски рез? Значи, во опасност е животот на бебето и животот на жена ти, ама процесот е вештачки?
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И тоа веќе незнам колку пати го објаснив, барај назад... Тебе изгледа ти е досадно па уживаш да спамаш.
     
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Е ај цитирај каде си пишал конкретно. Значи конкретен одговор сакам, дали би прифатил царски рез и зошто?
     
  6. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    И кој е одговорот, кога настанува душата за да знаеме дали душата се мота околу неколку клеточен замрзнат ембрион? А што се случува со душата на луѓето што се во кома, дали и нив треба да ги исклучиме од апарати бидејќи вештачки се одржуваат во живот и да им ја спасиме душата од талкање некаде наоколу?

    Процентот на успешни бремености при ин витро постапка е ист како кај бременостите постигнати по природен пат, околу 20%. Дали знаете дека голем дел на бремености, околу 50 % при природните зачнувања завршуваат уште во првите денови и многу од жените не ни знаат дека биле бремени, мислат дека им доцни циклусот? Од останатите 50% одреден дел завршуваат во наредните месеци, најчесто во првите 3. Дали знаете која е пораката од природата? Природата сама прави селекција на ембрионите, доколку се случила грешка при оплодувањето, дали по природен или по медицински потпомогнат пат, доколку ембрионот носи генетска грешка или некоја хромозомска аномалија, природата, односно организмот сам го исфрла.
    Значи неуспешните ин витро обиди се во ист процент како и останатите неуспешни обиди за забременување, затоа што и природата прави грешки, а при ин витро оплодување само првата фаза е медициски потпомогната, останатото е во рацете на природата.

    При ин витро ( во стакло е буквален превод) оплодување, се оплодуваат јајната клетка од мајката и сперматозоид на таткото надвор од телото на мајката и потоа оплодената јајна клетка, ембрионот се враќа назад во матката на мајката. Значи терминот вештачко оплодување воопшто не соодветствува, најточен термин е медицински потпомогнато оплодување.
    Сурогат мајка е жена која носи ембрион од пар кај кој жената или нема матка или е матката со некоја аномалија и не може да износи плод, Значи матката на сурогат мајката се користи како природен инкубатор за раст на ембрионот од неколку клетки до бебе и не гледам што е тука спорно. Прерано родените бебиња се ставаат во инкубатор за да се доразвијат и преживеат, дали од духовна гледна точка и тоа е спорно?
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Зависи од ситуацијата. Кома поради привремен медицински зафат (операција) може да биде неопходна за да се поправи телото... Но ако е тоа кома поради тоа што на телото му е трајно невозможно повеќе самостојно да функционира, тогаш преку таквите апарати душата присилно се држи врзана за телото, иако таа би сакала да замине понатака на своето патување.
    Не е спорно бидејќи веќе тие души веќе природно си стапиле во контакт со телото носејќи ги своите програми за предстојната инкарнација. Процесот е завршен, тие веќе се дојдени на свет - само им се дава привремена подршка, не треба некој допрва да ги „вовлекува„ наметнувајќи им програми кои не соодветствуваат на нивните души како во случај со сурогатството или генетската манипулација.
    Ова инаку во Македонија?
     
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Да да во Македонија.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    А оделе на варијанта сурогат мајка?
     
  10. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Се ова ми делува многу контадикторно. Медицински индуцирана кома е неопходна да се поправи телото за операција и тоа е ОК. Но ако комата настапила поради повреда или некоја друга состојба, која со одржување на телото во кома можеби би се надминала и телото би се опоравило, тогаш тоа не е во ред? Во првиот случај телото би откажало ако не се направи операција, но со операција е дозволено да се поправа телото, а со одржување на функциите на телото кога е во кома не е дозволено? Во двата случаја се прави поправка на телото.

    И во вториов одговор си контадикторен. Ако душите треба да стапат во контакт со телото,а телото во случајов е бебето кое се раѓа, со самото раѓање на бебето кога неговото тело не е подготвено да преживее, душата тргнала да замине, така? Тогаш инкубаторот преставува нешто слично што и одржување на тело во кома, само што овде му овозможува да созрее за да преживее, а при комата да се опорави. Второ, ако не е спорен инкубаторот, тогаш зошто е спорна сурогат мајката во улога на инкубатор? Таа е природен инкубатор, не е вистински мајка и бебето не носи нејзини гени, единствена нејзина улога е да му помогне на телото на бебето да созрее и да се роди.

    Не знам од каде ги црпиш овие размислувања, но мојата логика ми кажува дека ваквиот однос кон медицината е во најмала рака лицемерен. Се поддржуваат некои медицински зафати ( медицински индицирана кома, опреративни зафати, инкубатори за развој на прерано родени бебиња), но од друга страна не се поддржуваат други медицински зафати.
    Сите медицински зафати се директно мешање во она што природата го создала и се користат за да се поправи телото, како што се изрази, а медицински потпомогнатото оплодување се користи за да се создаде тело, ако така гледаме.
    И како што сфатив, душата се всадува во телото, а медицината не ја создава душата, значи побитно е од каде доаѓа душата и кога се всадува во телото, а не како се создало телото.
     
    На MagsDestiny, Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не. Душата тргнала да дојде во тело со кое веќе се има поврзано при природното зачнување, а во телото целосно стапува при породувањето.
    Токму затоа што не е вистинска мајка на бебето а биолошки учествува во создавањето на тоа бебе при тоа пренесувајќи разни влијаниа кои на душата изворно би ѝ биле страни за таа инкарнација.

    Освен тоа таквите искуства на научно поле иако се презентираат како решавање на проблемот со неплодноста и усреќување на паровите кои се неплодни, глобално и долгорочно гледано се чекор „напред„ кон можниот процес на производство на луѓе со кои би можело да се управува далеку полесно, еден вид „био-роботи„ во преносна смисла на зборот.
    Сепак е битно бидејќи природно душата тендира да дојде преку и кај оние родители кои имаат слично зрачење на нејзиното.
    Во воведниот пост во делот „моето мислење„ наведени се дел од изворите.

    Медицината не ги познава духовните законитости и меѓузависности, па оттаму не секој можен зафат е добар долгорочно гледано. Ние сме повеќе од материјалното тело. Човекот би требало да се гледа како троединство на телото, душата и духот. Според мене ова би бил исправниот однос. Ако според тебе не е, секако дека можеш и поинаку да размислуваш и постапуваш.
     
  12. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Не,зошто да одат кога немаа потреба од тоа.
     
    Последна измена: 29 мај 2018
  13. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Добро и кога ќе се роди бебе во 6-ти месец од бременост, чинот на породувањето е завршен, бебето е родено, душата стапува во телото, но телото не може да преживее. Значи душата која е веќе во телото тргнала да си оди, како што би тргнала да си оди од било кое тело кое умира. Ако не постојат инкубатори, бебето ќе умре, значи инкубаторот и медицински индуцирана кома ја имаат истата функција за душата, се обидувааат да го оправат телото за да има душата кај да престојува. Не може едно да се негира, друго да се одобрува, лицемерно е.

    Извини, ама ова со „био-роботи” за мене апсолутно нема допир со реалноста, не сакам да навредам ничие мислење, но мислам дека создаваш погрешни убедувања. Од каде произлегува ова тврдење или очекување? Зошто и на кој начин би можело да се управува со нив? Бебињата родени со мала помош од медицината се исти како и другите бебиња и тоа што читав погоре дека немале емпатија е апсолутно неточно. Не знам стварно од каде вакви размислувања, врз какви истражувања и докази се темелат?

    Дали добро разбрав од тоа што прочитав онлајн за изворите дека се произлезени од учењата на Прахристијанска заедница Универзален живот?
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не, не реков никаде дека немаат емпатија. Туку поставив прашање имаат ли емпатија? Една феминка напиша дека познава луѓе кои добиле деца на таков начин, па прашав затоа што можеби има инофрмација од прва рака.
    Да се темелеа врз научни докази темава ќе беше поставена во наука или медицина, не во религија. Додуша и науката понекогаш спори за ин витрото но од сосема друго гледиште: https://www.medicalnewstoday.com/articles/271785.php
    Но тоа не е темата тука.
    Да. Книгите се дел од објавите примени од духовно-божествениот свет во Универзален живот.
     
  15. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Секоја жена која се подложува на ин витро оплодување е свесна дека се можни последици по нејзиното здравје, поради големата количина на хормони што се прима, но скоро се што е наведено во артиклот може да им се случи на сите трудници, без разлика како зачнале. А тоа што е наведено во врска со децата, се е на база на претпоставки:- " They note that these children may have ..", значи мислат дека би можеле, а не тврдат дека веќе имаат разни болести и уште помалку докажуваат со некакво испитување или студија.

    Бидејќи и јас сум една од жените што бара помош од медицината по ова прашање, ме заинтересира темава и се обидов да ја разберам, но мислам дека прво треба да се разбере што е "вештачко" оплодување, а потоа да се донесуваат било какви заклучоци.
    Од сите пишани мислења единствено ми е логично пишувањето на членот што го пиша ставот на Православната Црква, сум го чула и на друго место истото и за препораката претпоставувам би размислиле жените со длабоки религиозни убедувања. Сите останати треба да ги слушаат препораките на докторите и ембриолозите. Патот е тежок, но целта е голема и според мене возвишена, не треба ни една жена или маж да мисли дека прави некаков грев сакајќи да донесе на свет нов живот.
     
    На Stressed Out и Thallia им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Никаде немам напишано дека контрацепцијата е Божји благослов.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Супер, значи секој секс што си го имала и ќе го имаш ќе биде без никаква заштита (дури ни прекинат однос), за да нема двојни аршини, така?
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Според Христијанството сексот е само за во брак. И затоа и е против контрацепција. Абе не ја пишев јас Библијата, прашај си в црква.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Само за во брак, и само кога правиш деца :!:
    прашај ги и тие што се во брак, дали имаат секс само за да прават деца.
     
    На Someonespecial и Joi им се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Абе сега меракот и христијанството се различни работи, секој нека си прави како што си сака.
     
    На Selest и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.