1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештерките од Ист Енд (Witches of East End)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од TheScarletDandelion, 9 ноември 2013.

  1. TheScarletDandelion

    TheScarletDandelion Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    248
    Уште една нова интересна серија, сега засега има едно 5/6 епизоди,нешто во стилот на некогашните Волшебнички,само повозбудлива :) Се работи за драма/фантазија серија креирана според истоимената новела од Melissa De La Cruz...Не сакам да пишувам премногу споилери,но во секој случај оној кој ги сака овие типови на серии,сигурна сум дека ја засака и оваа.Препорачувам :)
    Доколу некој ја започне или ја гледа,нека сподели импресии :D
     

    Прикачени фајлови:

    На biGirl и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Вештерките од Ист Енд(Witches of East End)

    Јас ја гледам и мене ми се допаѓа многу бидејки бев и уште сум огромен фан на Волшебнички.Се надевам дека нема да ја укинат :)
     
    На TheScarletDandelion му/ѝ се допаѓа ова.
  3. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Серијава почнав да ја гледам откако ја видов темава и се навлеков. Убава е, интересна и иако делува како копија на некогашните Волшенички сепак го задржува вниманието. Единствено што не ми се допаѓа е актерската екипа.

    Најиритирачка ми е дефинитивно Ингрид! Можеле сто пати подобра глумица да најдат. Џоана кога зборува и се приметува британскиот акцент и ми е смешна само заради тоа :) Ме нервира неодлучноста на Фреја а ми се допаѓа врската т.е љубовта помеѓу неа и Даш. Теткава на сестрите можеле да ја поприберат малку, не и личи толку да биде free spirit.

    Сега за сега тоа е. Ќе подолжам да ја гледам серијава зашто ми фали малку магија во моментов! :)
     
  4. Quetsya

    Quetsya Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Серијава е добра ама на почеток беше love agents of east end) магија немаше ни за лек... ама сега се поправија.

    Иако Волшебнички се незаменливи. :talk:
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Ја почнав серијава вчера и... првата епизода не ми остави многу впечаток, не ми беа актеркиве некако погодени и убедливи во глумата... но тоа траеше само две епизоди, после веднаш се навикнав и ми стана интересно.

    Омилен лик ми е Ингрид, многу моќно делува, иако првиот впечаток за неа е сосема спротивен.
    Истото важи и за Фреја, за неа очекував дека ќе биде потемпераментна, така делува на прв пголед, но всушност ми е многу мутав лик.
    Мајката ме нервира на сцените кога се мачи со акцентот...
    А тетка им Венди е светла точка, карактерно е најинтересна од сите.

    И да не го заборавиме Килиан. :inlove:

    [​IMG]


    И, за крај - многу убави песни има на некои поемотивни сцени, што ми е исто голем плус...

    Втора сезона дури во јули... :worried:
     
    На Tiki-lolipop и 1209 им се допаѓа ова.
  6. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    Првата епизода не ми остави мн голем впечаток,а сега одвај чекам да дојди понеделник да ја гледам на Фокс.Се заразив со серијава,мн ми е уба ;)
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    и јас почнав да ја гледам и ми е забавна
     
  8. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Кога започнува втората сезона?
     
  9. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Во недела
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.321
    Пол:
    Женски
    И јас почнав да ја гледам серијава.
    Првата епизода ми беше малку онака, мех, малку смешна искрено, ама сепак заразна.Втората и третата веќе ми станаа поинтересни.

    Од ликовите тетка им ми е најсимпатичен и најведар лик.Има онаква безгрижна секси нота во карактерот.
    Фреја е преубава, но не ја бива за глумење, на моменти е очајна.
    Мајката што знам, онака.
    Ингрид ми е најдобар лик до сега, убаво глуми, пријатна е, смирена, женствена.
    Маж и на Фрај ми е симпатичен ама досаден со она неговото мило и смирено понашање, за разлика од него, брат му е жежок до болка.Ептен е секси и со Фреј ми ја имаат онаа фатална привлечност.
    За него знаев уште одма дека е вештер, се мислам и за мајка им, некако ми изгледаше како бич вичи, ама ќе видам дали сум во право.

    Се на се океј е серијава, не е најдобра серија што ја имам гледано дури на моменти е и смешна зошто ефектите им се ефтини и лоши, ама сепак за релаксирање и тепање време е сосем во ред.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.321
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за мислењата што се едно по друго ама одмина време за да го редиктирам.
    Сакав уште нешто да кажам, од серииве да ти е страв да се заљубиш во дечко што има брат оти можно е брат му кој не го знаеш да е мнооогу посексиљав, бед бој и мажиште од него и шансите се 99% да е заљубен у тебе :D Оди па зауздај се после.
    Стварно не ми е јасна оваа драматичност во сериите во последно време со триаголниците составени од двајца браќа и женска, мислам во вампирите, Реиџин, овде итн.
    Тоа е.
     
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Одвај чекам недела за втора сезона. Ја гледав на Фокс Лајф и ми се виде прилично интересна. Секој лик си е посебна приказна. Најмногу ја сакам Венди, најоткачена е од сите :)
    Фреја како Фреја, што се не би дала да сум на нејзино место (не за вештерството, туку за браќата :$ )
    Ликот на Ингрид е фанстастичен, силен и моќен. Само некако актерката не ми е погодена

    Баш сега се потсетував на последните епизоди и значењето на Азгард.
    Кој ли е тој што се врати на крајот???
    Ахххх, се чека недела!!
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.321
    Пол:
    Женски
    Јас ја изгледав сезоната, интересна ми беше.Мислењата за ликовите ми останаа непроменети, освен за Ингрит која ми стана ептен моќна.Инаку знаев дека овие се вештери и сигурна бев дека овие двајца биле пар во некој предходен живот, така и се деси и не ме изненади.
    Морам да кажам за мајка им дека беше многу смешна во глумата :D Стварно врска нема, она со погледот демек многу моќна лоша вештерка ми беше како некоја сцена од цртаните на Дизни и негативните ликови.
    Многу слаби беа тие сцени, мислам реално јас не очекувам таков очаен негативец во филм со вештерки.Сакам нешто моќно у стил на Волдемор или Беатриче :D Како и да свесна сум дека серијата е нискобуџетна, па со оглед на тоа не е толку лоша.
     
  14. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Во колку часот започнува во недела?
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Во два дена ги изгледав сите епизоди,со душа чекам Фреја и Килијан да се сретнат да се заедно, од прво видување Даш не ми се допадна и имав претчувство дека ќе премини во негативен лик.

    P.S. Појма немав дека глумицава што ја глуми Фреја е уствари жена му на Чанинг Татум :o случајно денеска ги видов на насловна страна во едно списание,многу се убави и двајцата,Супер пар се
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    А зошто ги даваат епизодите од првата сезона? Јас мислев дека сега ке започне нова сезона, овие епизоди ги гледав..Може некој да ми објасни?
     
  17. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Ако ја гледаш на FOX, втора сезона можно е да почнат да ја даваат од кога ќе заврши во Америка, јас а и повеќето тука ја симнуваме од интернет, во недела ја даваат а веќе во понеделник има торент.
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Вторава сезона уште од старт е поинтересна и повозбудлива од претходната.
    Самата атмосфера делува помрачно и мистериозно, а и приказната добива тежина, не е плиток љубовен тријаголник само, има и други случки... ми станува една од омилени серии, едвај ја чекам секоја наредна епизода...
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира што крие овој братот на Фреја и Ингрид ?
     
  20. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    А од каде ги симнувате епизодите?