Вештицата од Портобело (Пауло Коелјо)

Дискусија во 'Книги' започната од ApoLLo, 7 јуни 2012.

  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Не бев сигурна во која категорија да ја сместам оваа книга, драма и романси, фантазија, мит, нереалност... Сепак се одлучив оваа необична, несекојдневна тема дека најмногу припаѓа во оваа категорија. Ова е стилот на Пауло Коелјо. Тој не пишува на лесни теми, те сакам, ме сакаш, тој е специфичен и уникатен. Оној кој го разбира, го сака, оној кој не го разбира го смета за тотално одлепен. Епа ова е за оние на кои им се допаднаа: Вероника реши да умре, Крај реката Педра седев и плачев и сите останати дела на Пауло.
    „Кој еднаш се напил од изворот на Љубовта веќе не може својата жед да ја згасне на други извори.“
    Атена е жена со природна дарба. Таа е посвоено дете на Либанка и успешен деловен човек од Бејрут.Со своето семејство се преселува во Лондон, кратко по избувнувањето на војната во нејзината земја. На факултет го запознава човекот кој ќе стане татко на нејзиното дете, но бракот бргу се растура. Доживувајќи да биде мајка, Атена не може да престане да размислува за жената што ја донела на овој свет, и за да може да сфати зошто ја напуштила, одлучува да замине на пат во Романија во потрага по нејзината биолошка мајка. Но патувањето не секогаш не носи до местото каде што сме тргнале, и тоа што Атена ќе го открие на ова патување, засекогаш ќе го измени нејзиниот живот и животот на тие околу неа.
    Во Вештицата од Портобело Пауло Коелјо нѝ нуди фасцинантна приказна, полна со интриги, преку која читателот открива една долга традиција базирана врз женската моќ и љубовта.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    4.681
    Пол:
    Женски
    Вештицата од Портобело -(Пауло Коелјо)

    Woow баш би сакала да ја прочитам :) Ги имам читано Единаесет минути и Захир, ја почнав и Алхемичарот, но некако неможев да ја сфатам баш и ја оставив, можеби и не ми одговара, не знам. Во секој случај, го почитувам човеков, исклучителен е како и неговите дела :)
     
  3. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Вештицата од Портобело -(Пауло Коелјо)

    ApoLLo, секоја чест за отворање на темава - само што ја дочитав и навистина сум фасцинирана!!! Впрочем како и од секоја друга негова книга. Искрено, типот не е одлепен иако на почеток секој што не му го знае стилот и барем нешто од неговата биографија , нема баш да му ја укапира перцепцијата.

    ‘‘Вештицата‘‘ ми се допаѓа зашто со книгава (ПОВТОРНО УСПЕА!) да го каже она што многумина го согледуваат во својот живот, го чувствуваат, мислат, но сепак не успеваат да го изразат на конкретен начин како него. Атена на почетокот од нејзиниот духовен развој, всушност може да биде присутна во секој еден од нас кој е свесен за своите квалитети, потреби и желби, отворен е кон животот и тежнее да го искуси во целост. Ми се допаѓа делот каде Коелјо пишува дека сите луѓе на планетава се дел од Универзумот со некоја причина, дека секој поединец си има своја лична легенда (‘‘Алхемичарот‘‘ е полн со вакви цитати), дека времето кое ни е дадено на Земјата ни е ограничено и дека не треба да се плашиме од крајот на нашите денови, туку да го славиме нашето постоење во секоја минута! Не ми се допаѓа крајот на книгата зашто изгледа дека ја пишувал во едно попладне, многу збиено, нецелосно, конфузно ми делуваше. Меѓутоа се на се, генерално земено МНОГУ ми се допадна, бидејќи ми даде дополнителен поттик да продолжам да се реализирам самата себеси како што сакам, да си ги проширам видиците подалеку од секојдневните работи и ситници и преку личноста на Атена да сфатам дека кога имаш доволно љубов самиот кон себе, ќе можеш да бидеш совршен катализатор на таа чиста енергија и за другите.

    Топло ја препорачувам на сите оние кои чувствуваат дека се, да кажеме ‘‘различни‘‘ во размислувањата од повеќето луѓе околу нив, кои се способни да ги гледаат работите од поинаква перспектива и кои се свесни за нивното внатрешно Јас и неговата важност за нашето опстојување, распознавање и доживување на животот. 5 * !!! :)
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допадна баш најмногу книгава. Дали дека не сум научена на неговиот стил на пишување (дека оваа ми беше прва негова книга што ја читав) и некако многу објасувања ми имаше во книгава и ја прочитав онака колку да не ја оставам на пола :)
     
  5. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга само што ја довршив :) Мора да ја прочитате :)
     
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Книгата ми е читана...незнам. Мислам дека бев осмо одделение.
    Ми остави силен впечаток.
    Како и сите книги на Коелјо, прекрасно дело.
    Препорачувам се` што е од човеков.
     
    На maravillosa и tami1 им се допаѓа ова.