1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештица (Венко Андоновски)

Дискусија во 'Книги' започната од Magnolija, 28 август 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Го има ли прочитано некој овој роман? Го обожавам. Романот го доживувам како учебник за уметници, за луѓе со страст и љубов во себе. Уникатен е. Сексот е многу добро опишан. Самиот чин е прикажан и од двете гледни точки на ликовите. Има прекрасни мисли, прекрасни реченици и пејсажи. Се е така убаво напишано, не знам, книгата ме остави за зборови. Ова се моите омилени извадоци од овај роман:

    Љубов постои. Не секаде, не секогаш, но постои. Тоа е најважниот личен вселенски настан: како пронаоѓање на опашеста ѕвезда, твоја опашеста ѕвезда која никој друг не ја гледа.

    псссст!!!, изусти, ако зборуваш кажи нешто поубаво од тишината...зошто се плашиш од страстите? Па страста постои за да биде задоволена, во спротивно би била смирение, а не страст...

    Лагата е доблест ако спасува живот.

    Ваистина, ваистина, зошто книгата е предмет во такво обличје? Зошто секогаш и во вечни времиња само на врата наликува, зошто никој не сочинил книга кружна до сега? Зошто ако не поради грешната потреба човекова да ја изгони страста и да ја замени со здодевност, ред и мир.
     
    На maravillosa, fatamorgana123, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  2. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Книгата почнав да ја читам ама ја немам дочитано.Ама баш сакам да ја дочитам бидејќи навистина ми остави убав впечаток!
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    aaa само што ја купив пред 30 минути! Пресреќна сум! Ќе кометирам за книгата откако ќе ја прочитам ;)
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Нема да те разочара. :)
     
  5. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Ја барам во библиотека ама стално е издадена :( А во план ми е за читање,обавезно
     
  6. gabigabi

    gabigabi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Книгата е фантазија ...прашинке моја :l:
     
    На TheSilence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Книгата е одлична,ја имам читано пред 2-3 години и би ја прочитала пак.Дефенитивно нема да се покаете доколку ја читате.Андоновски има прекрасен стил кој е да се каже уникатен и не остава без здив.Од него ја имам читано и Папокот на светот.
     
  8. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Мноооооогу добра книга, одлична сега баш пред некој месец ја читав и ми остави многу силен впечаток ме остави без зборови. Ретко се наоѓа така добра книга.
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Вештица- Венко Андоновски

    Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде?...........Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!

    Извадок од ВЕШТИЦА - Венко Андоновски
     
    На Espadrila, senza.parole, mona.s и 12 други им се допаѓа ова.
  10. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Вештица- Венко Андоновски

    konkretno knigata"Vestica" ja nemam procitano(imam namera dA ja procitam naskoro) megutoa Venko Andonovski mi bese profesor na faklutet,toj i kako profesor i kako pisatel e unikaten i izvonreden i se sto ke izleze od negovoto pero e i te kako vredno da se procita.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Вештица- Венко Андоновски

    Посебно го почитувам делот со јаболкото.Кога Јохана му кажа дека јаболкото го сечела обратно, така што се гледале семките што биле како солзи. Таа вели колку е добро да бидеш свој. Ако не бидеш свој ќе пропуштиш многу убави работи во животот. Али од овој роман забележав колку се отфрлени од околината оние посебните, како завршуваат тие. Овој роман ми овозможи голема морална подршка.
     
    На TheSilence и 2222 им се допаѓа ова.
  12. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Вештица- Венко Андоновски

    Општествата се вешти трговци. Се што сакаат е да ти ја проценат и купат душата за ниска цена.
    Убава книга :)
     
    На TheSilence, sweety.86 и 2222 им се допаѓа ова.
  13. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Вештица- Венко Андоновски

    ја немам читано,но сакам.Дали може да се најде некако онлине?
     
    На Tanjusska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Вештица- Венко Андоновски

    ^ Таква книга не се чита онлајн. ;) А и мислам дека ја нема.
     
  15. Lovley

    Lovley Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Вештица- Венко Андоновски

    ако некој знае дали ја има он нека пиши линк неможам да ја најдам
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Вештица- Венко Андоновски

    Книгата ме остави без зборови. Толку комуникација со читателската публика, толку збунки...
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Прекрасна книга.... едноставно без здив ме остави........ Немам зборови книга која не може да се прераскаже туку се живее... :)
     
  18. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде?
    ...........
    Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,
    дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,
    дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,
    дека во секој мед има осила,
    дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,
    дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,
    и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?....
    .....
    Оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!


    Извадок од Вештица од Венко Андоновски
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Аххх, прекрасна, ненадмината!
    Вистински редок бисер од книга. Читав и плачев, плачев и читав... Ме допре до срж!
    Одамна ја немам прочитано повторно, ќе и’ се навратам секако. Оваа, заедно со Папокот на светот, е меѓу моите омилени книги. Дури не можам да издвојам цитат од книгава, таа е волшебна во целост.
     
  20. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    јас случајно ја земав од пријателка на одмор пред 3 години и викам ај да ми помине времето дур патувам |-) али книгата ме изненади :clap: за Венко :clap: