1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештица (Венко Андоновски)

Дискусија во 'Книги' започната од Magnolija, 28 август 2010.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И јас би сакала да ја прочитам но ја нема во библиотеката :(
    А ќе може ли барем кратка содржина од книгата (за оние кои ја имаат прочитано) фала однапред :*
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Прекрасна. Зборовите се излишни, откако ќе се прочита книгата се доловува нејзината вредност. Цитати кои јас сум ги издвоила: :)

    - За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука - тоа ти бил копнежот.




    - со ист здив умираат љубовниците. Со ист здив умираат оние што макар еднаш, во еден миг се љубеле.




    - пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.




    - Секогаш се кажува премногу кога разумот, тој џелат на срцето ќе заспие и ќе го пушти срцето на слобода.



    - Немаше никогаш да си простам ако те напуштев, ако се удавев, будалче мое, ќе умрев пред да се удавам, ќе умрев од скрб да не останеш сам, јас ќе умрев за тебе пред да умрам за мене.




    - И кога палат книги, тие не ги уништуваат мислите, туку само хартијата на кои тие мисли се запишани.


    -Што се сите наши години, што се годините на еден старец во споредба со годините на сонцето и месечината, што се тие доби ако не - само еден ден?



    -Секое патување е по малку и умирање. Низ врата почнува секое патување, а смртта, како и љубовта е врата. Два пламени разделени, еден зад прагот, еден далеку од прагот; ако биле слаби, ветрот ќе ги згасне. Ако биле силни, само ќе ги распламти уште повеќе!






    - Страста постои за да биде задоволена; во спротивно би била смирение, а не страст. Настрана што ниедна страст не може да се задоволи целосно. Копнееш по нешто, на пример по вода. Несреќен си и неисполнет додека копнееш, така барем мислиш и мислиш дека среќата ќе дојде кога ќе ја задоволиш својата жед. И еве, конечно, доаѓа првата голтка. Среќен си. Но само со првата голтка. Веќе со втората ти си по малку среќен, и со секоја наредна стануваш се понесреќен, оти класденецот е тука, ама копнежт бледнее и го снемува. Каков привид: беше несреќен додека растеше копнежот а сега си несреќен затоа што то ј се смалува! Ако е така, среќата е само миг: мигот кога го добиваш она по што си копнеел, првата капка. Во неа се`, вечноста.




    -Внатре се наоѓа најкршливото нешто на светот; но иако кршливо, може да ја сломи секоја душа која не е подготвена за средба со него. Ќе дојде време, тајната сама ќе се отвори, кога страста ќе стане неподнослива; убавината е во одлагањето на задоволството.
     
    На senza.parole, maravillosa, chipo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    61
    Многу добра книга,2 пати ја прочитав, ја добив на подарок.Презадоволна сум!
     
    На TheSilence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Ја прочитав пред 2 дена и се уште сум под импресии. Преееубава книга, сигурна сум дека ќе ја читам уште еднаш и ќе си ги извадам сите убави мисли што вредат да се читаат секој ден :)
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Навистина на интересен начин е напишана. Колку е само заводлива и остава без здив. Би требало да се прочита за да не потсети сите на едно нешто, најважното - Како да се биде човек со доблести, човек кој ужива во нештата кои навидум се едноставни и лесно фатливи во ова време... љубовта, но вистинската љубов!
     
  7. nena-26

    nena-26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    каде може да се најде оваа книга, сакам да ја прочитам?
     
  8. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^ Во Табернакул, јас си ја купив сега од саем за 350 ден. И едвај чекам да почнам да ја читам.
     
  9. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Книгава е феноменална! Од оваа книга, почнав да читам се' што спаѓа во постмодернизам, но дефинитивно „Вештица’’ е најдоброто и со неа Венко ја достигнал кулминацијата на постмодернизмот... Би требало да се преведе книгата на сите светски јазици и наредните генерации кога ќе учат за постмодернизам како литературен правец, да ја читаат оваа книга и нашиот Венко негов претставник! Ја имам прочитано повеќе пати, ќе ја читам уште многупати. Ако почнам да вадам цитати, би требало да ја напишам секоја втора реченица... затоа овде ќе завршам. :)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Фасцинантна книга. Во топ три ми е :) Уште на самиот почеток ме привлече-

    Кој не ја видел - тој не се родил
    кој ја видел а не ја вкусил - тој умрел
    кој ја вкусил - тој не куртулил,
    оти ќе живее.
    Јас, а можеби и Ти.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. a.n.e

    a.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Омилена! Вреди да се прочита!И ние можеме да се пофалиме со еден прекрасен роман од еден виртуозен ум кој заслужува голема почит!
     
  12. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Колку пати досега ја имам препрочитано. Какви описи, каква забранета љубов, каква болка. Вештица е книга за која слободно можам да кажам дека го победува времето од сите агли. Моментот за тоа како љубовниците се бараат низ времето ме воодушеви.

    Најсилната љубов никогаш неможе да биде поразена, таа само ја носи најголемата победа.
    Ѕвездата во јаболкото, симбол на тоа дека чуда сепак се случуваат.
    Времето на инквизицијата, време каде што се спроведува она во кое што никој не верува. Апсурдноста на прогонот на вештици, скапо ја плаќаат многу девојки и жени.

    Книгава просто БОЛИ. Боли секоја нејзина реченица изговорена од Јована. На каков ли само начин ја опишува љубовта и безвремието.
     
    На maravillosa, Springy, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Книга која може да се чита одново и одново. Се нешто се случува, се опишува... љубов, историја, страв, трепет, страст, болка..
    Не можам да извлечам омилена реченица бидејќи ќе треба да постирам 2 страници од книгата! Прекрасна е, мора да се прочита, па и препрочита!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Никако, никако не можам да ја прочитам. Обично ги голтам книгите во 2-3 саати. Но оваа ја влечкам два месеци и ќе ја оставам не можам да се расправам веќе. Интересна ми е, но не знам зошто ете не ја можам :| :| Се надевам дека некогаш ќе ја дочитам :^)
     
    На crazylady и dumbal им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    После читањето накнигава останав ваква :o :o :clap: :clap: :clap:
    Прекрасна книга која остава впечаток после читањето да мислиш на тематиката а не само да ја затвориш и толку.Доказ дека и нашите писатели можат да издадат нешто кое е квалитетно колку и книгите на странските писатели.
    Им ја препорачувам на сите.
     
  16. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    Книгата е одлична..Венко одлично го објаснува постоењето на вештиците и нивното прогонување.Во минатото на нив се гледало како жени кои се здружиле со ѓаволот и правеле оргии со него и други похотни работи.А во суштина биле девојки..млади и убави..кои биле малку послободни...или девојки кои имале импотентни мажи и нормално задоволството го барале во други кревети.Оттука доаѓа и верувањето и постоењето на петок 13....зашто на овој ден пред мнооооогу години околу 10000 млади и убави девојки кои биле сметани за вештерки срквата ги испоубила.Се смета дека е ова најголемиот масакар од страна на црквата на сите времиња па оттука е произлезено и верувањето во Петок 13 како ден кој носи неубави рабпоти
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Вештица на Венко Андоновски не е книга што се чита во еден здив (барем јас не ја доживеав така), туку оставив простор секој збор да си дојде на свое место.
    Во ова време на компјутерска ера кога секој збор е скратен во неговата најмала можна форма, кога комуникацијата е сведена на најопшти форми, оваа книга претставува ризница на зборови, зборови раззборени, надзборени, испреплетени.
    Венко воодушевува со неговата умешност да го разговори македонскиот јазик, секако тука влијание има и старословенскиот, како и да e, ме воодушеви неговото раскажување во кое доаѓа до израз безграничноста на македонскиот јазик.
    Интересно беше што додека ја читав книгата во ликот на Црврнокосата ја гледав Хурем и никако поинаку не можев да ја замислам Црвенокосата, па го оставив ликот на Хурем да шета низ страниците и мислите. Па се прашувам каква ли би била Црвенокосата ако сум ја прочитала книгата пр. пред една година? :^) :D
    Ова е едно прекрасно дело, приказна за љубовта и страста, со историски моменти за кои малку е зборувано, и една од книгите со чие читање се отвараат нови хоризонти.

    ***
    ТАА: Никогаш ли, никогаш нема да ме заборавиш, љубов моја?
    ТОЈ: Може ли јагленот да го заборави дрвото, може ли дрвото да ја заборави својата сенка, љубов моја?
    ТАА: Ваистина, ваистина нема да ме заборавиш, љубов моја?
    ТОЈ: Кој славеј во гората си ја заборавил песната, љубов моја? Која риба во водата заборавила да плива? Кое сонце на небесата заборавило да изгрее, љубов моја?
     
    На Espadrila, maravillosa, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Маја јас си ја замислував вака со бујна и дива коса, само оган, црвено ептен.

    [​IMG]

    Едно од омилените: “ Со вода мори Јовано, оган сакат да разбудат. Тебе, калинко моја црвена, јаглен црн што се стори. “
     
    На maravillosa, Hipica и Mayyya им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ :lol: Очигледно сите различно сме ја замислувале. Јас ја замислував како grown-up верзија на колачево.
    [​IMG]
    Со потполно иста фризура, иста должина. Можда мааааааааалкуцка подолга.
    [​IMG]
     
    На maravillosa и Magnolija им се допаѓа ова.
  20. Marienne

    Marienne Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ја прочитав книгата... безвременска.
    Изгледа потајно сите ние читателки се заљубивме во перото на Венко Андоновски но, и во самиот него помалце... нели?
    Замислете кога навистина би постоел некој господин со таков сензибилитет, да ве ,,наведе`` да отидете во Струга и да се капете гола на полна месечина! Колку посебно и sick истовремено.
    А да ве љуби на хартија и да ви купи црвени чевличиња а а а?
    Затоа само можам да и честитам на неговата жена Јована ( Јована од Лондон кафе му е сопруга нели?) и чисто од женска љубопитност би сакала да видам како изгледа...
    Ете само сакам да ја видам огнената ....
    Поздрав
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.