1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вештица (Венко Андоновски)

Дискусија во 'Книги' започната од Magnolija, 28 август 2010.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ми се допадна. На моменти ми беше монотона, ама кога ќе ги споиш сите коцки.. ја сфаќаш тежината.
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    И јас само што ја завршив :) обврските малку ми го завлечкаа читањето, а и впрочем не е книга што се чита во еден здив, туку книга во која секоја реченица си бара внимание.
    Си подвлеков делчиња што ептен ми се допаднаа, а ги има многу.
     
  3. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Обожавам кога некоја книга можеш да ја почувствуваш. Се надевам нема да ме погледнете вака :^) :D
    „Вештица“ е книга која те остава без зборови. Секоја чест за маестралноста на Венко Андовски, кога ја читав мислев дека писателот е во мојата глава, ми се чинеше дека точно знае како ќе изреагирам во одреден момент. Имаше делови кога цело тело ми отрпнуваше.. Генијална книга, кој не ја прочитал е во загуба. А, јас само се надевам ќе соберам некогаш храброст да појдам по кејот. Кон старата кланица. Од "МАНУ" до кланицата имало вкупно 938 плочки, да стигнам до 666-тата и да ја кренам.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Со Венковата Вештица се дружев за време на зимскиот распуст.
    Венко дефинитивно е Голем, во секоја смисла на зборот.
    Не можам да најдам адекватен збор со кој би го опишала чувството кое ме држеше цело време додека ја читав книгава. Како магија, моќен опијат, како болест - да не можеш да се одделиш од книгата.
    Чекав полноќ за да го прочитам скриениот текст, подвлекував цитати како луда, ги вадев на лист, за после да сфатам дека не е тоа тоа и дека книгава не се состои од целинки и цитати, ами е целинка која не можеш да ја одделиш, ниту пак да се одделиш од неа - зашто не би било тоа тоа.
    Вештица е мојата Библија. Библија за љубовта и страста, за животецот и неговата празнина и бесмисла без присуството на љубовта во него.
    Сенаменска.
    И преболно беше за мене да се одделам од книгата, зашто ја позајмив од библиотека, па си ја купив.
    Дефинитивно е моја омилена, најомилена од сите (македонски книги) кои сум ги прочитала.
    А Венко, дефинитивно е мој тип на човек. Да бев постара, ќе го барав за маж.
    Не сум луда, ама дефинитивно имам некој фетиш кон сѐ што е кумановско. :D
     
    На sleepingbeauty, Espadrila и maravillosa им се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Изгледа само јас и Neytri не сме ја дочитале книгата.
    Се трудев да ја прочитам, ама не можев, многу ми беше монотона, на моменти дрема ме фаќаше ко ќе земев да ја читам.
    Еден месец ја шетам само од едно место до друго, и денес ја вратив.
    Мразам кога оставам недочитани книги, ама не можев едноставно да се мачам повеќе со неа.
     
  6. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано неколку пати и дефинитивно ми е една од најомилените книги кои сум ги прочитала. И не само заради тоа што е прикажана забранета љубов и силната страст на толку опислив и вешт начин,не само затоа што успешно се соединети два света туку и заради тоа што е една од ретките книги во кои се пишува за некогашната сурова реалност на толку млади девојки и жени. За ужасот кој го приредила инквизацијата со цел да го сотре феноменот наречен магија. Малкумина се оние кои се осмелуваат да пишуваат за крвта која се пролеала и за животите кои се загубиле со цел да се зачуваат строгите закони на црквата.Вистина е дека многумина не се свесни за големиот масакр кој бил приреден и за бројот на жртвите кои изгинале. Венко Андоновски го доловил сето тоа на премногу реален начин. Навистина секоја му чест.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    дали некако книгава може да се најде на интернет? или останатите книги на Венко?
     
  8. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Книга што не се заборава.
    А за писателот нема што да се каже,свесен си е за својата беспрекорност.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    @Stories во чие издание е книгата? На Култура?
    Одамна се спремам да ја купам.
     
  10. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Да @Avery на Култура 2007 издадена.А колку што прочитав низ темиве сега ја имало и од друга издавачка куќа.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Планирам деновиве да ја земам обавезно,прочитав многу позитивни коментари.Само ме интересира,која е темата?
     
  12. adorija

    adorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Прекрасна книга...веќе два пати ја имам прочитано. Меѓутоа минаа неколку години, па мислам дека е време повторно да ја прочитам. Книгата како да е пишувана од друга димензија, ремек дело, преубава :)