1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вејвард пајнс (Wayward pines) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Kala., 12 јуни 2015.

  1. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Барав дали некаде има пишувано за серијава, не успеав да најдам, а ако има слободно избришете ја.. Значи станав прилично зависна од серијава, едвај чекам да дојде четврток и да гледам нова епизода. :nod:Серијава е нова, и досега има излезено 5 епизоди. Кај нас во Македонија ја даваат на Фокс, а може ја има и на некој сајт.

    Оваа одлична мини ТВ серија е една од оние кои едноставно мора да ги гледате за да сфатите за што точно станува збор. Таа изобилува со мистерија и тајни, па токму затоа уште од првата епизода веднаш ќе се навлечете на приказната. Дејствијата се одвиваат прилично брзо, па во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, но мора будно да ги следите доколку сакате да ги забележите сите детали кои водат кон поголемата слика.
    Тајната служба го истражува исчезнувањето на двајца агенти и голем број докази укажуваат на фактот дека градот Вејвард Пајнс може да има нешто со нивното исчезнување. Токму затоа, со цел да откријат дали овие траги се вистинити или не, агентот Бурк, заедно со неговиот партнер, агентот Сталингс, тргнале кон овој град. Но, на пат кон градот, тие доживуваат голема сообраќајка и Бурк се буди во Вејвард Пајнс, зашеметен и малку збунет од ударот во неговата глава.

    Како што тој станува посвесен за нештата кои се случуваат околу него, така и почнува да сфаќа дека нешто воопшто не е во ред со овој град. Сите се однесуваат чудно, како да немаат избор во тоа што го прават. Тој ќе се обиде да контактира со надворешниот свет, но бидејќи нема да може да добие никој од својата агенција, ниту пак својата жена, плашејќи се за својот живот ќе се обиде да го напушти градот. Но, многу брзо ќе сфати дека тоа можеби и нема да биде толку лесно како што на прв поглед му изгледаше…
    (превземено од кафепауза)
    [​IMG]
     
    На simonna.a, Lella, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    :) И јас на кафепауза ја видов предлог, сега мислам дека ќе ја гледам и онака летово помалку серии има што ги гледам, а ми треба некоја да се навлечам епен сакам да се заразам со некоја што нема да можам да ја оставам :) ....
     
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Мене ми наликува од типот на Lost. Ама добра содржина има, почнав и јас да ја гледам.. Сакам вакви серии поврзани со мистерија.
     
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Фатив и јас да ја гледам и интересна е, ама не знам, нешто и' замерувам. Ме заинтригира и сакам да видам што беше тоа чудо од последната епизода, ама има некое ама... :?:
     
  5. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Мене ми е одлична, така, за тепање време.. Посебно затоа што обожавам мистерии, а полна е со мистерии серијата. Сега во 5тата епизода сѐ се појасни, сѐ доби смисла, ама сепак има некои работи што не ми се многу верни, ќе видиме, ме нервира само што треба да чекам 2 недели за 6тата епизода :doh:
     
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Ајдеее, зошто така? Не излегува секоја недела?
     
  7. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Да, но сега не знам зошто вака 6тата излегува на 25 јуни|(
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Бидејќи ме заинтригира содржината, решив да погледнам една епизода да видам дали ќе ми привлече внимание. Подоцна ќе ви пишам впечатоци. ;)
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Стасав до трета епизода и сеуште немам поим што се случува...

    Зошто на жителите во градот им е забрането да зборуваат за минатото, и каде се пренасочија сите оние телефонски повици на Етан? :^) Патем, многу ми е жал што ја убија Беверли. Значи, гледам, ама попусто. Никако да ја сфатам суштината на проблемот...Ваљда, се работи за некаков таен проект, ама не сум сигурна. Ваљда до петта епизода работите ќе станат јасни. :D Супер серија!
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    ^Хахах I know that feel, 300 филмови во глава си правев
    се си мислев дека е некаков таен проект и јас, па дека оние кои ги убиваат прават експерименти на нив и ги претвораат во мутанти:D.. Ќе ти стане сѐ јасно откако ќе ја изгледаш петата епизода, мада мене не.ми се верува дека е сѐ така како што прикажаа.. Има некои работи што не држат влага:^)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Едвај чекам да стасам сега до петта епизода, луѓе по фејсбук и овде на чет замарам да ја почнат. Бетер подосадна сум и од оние тетките со купони и понуди во Рамстор. :D
     
    На Arthur, Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  12. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Изгледај, па ќе дискутираме :lol:
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам уште од самиот почетоκ и ептен ми е интеρесна, содρжината е супеρ и лиκовите ми лежат.
    За оние κои ја изгледале 5 епизода,
    дали мислите дела е таκа κаκо што пρиκажаа?Мене ми нема логиκа зошто во една епизода овоκ доκтоρот се сρетна со оној Адам шефот на Етен надвоρ од гρадот што значи тоа се случувало моментлано во сегашноста.Сметам деκа и ги пеρат мозоците и деκа не е вистина тоа што го κажуваат.Сепаκ е ноκој еκспеρимент.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Па и јас на тоа размислував многу, но сепак е можно тие да се договарале токму во таа сегашност, т.е. 2014, додека Итан сеуште е бил во хибернација. Најпрво да ги наоѓаат, односно избираат личностите за жители, а потоа да ги будат од хибернација, и понатаму тоа се случува. Сепак ми е чудно, зошто само на оние децата им ја кажуваат вистината.. дали е можеби поради тоа што тие како деца најмногу би поверувале на тоа што ќе им го кажат, а додека пак, ако и возрасните ја знаат вистината, тие би истражувале и не би се помириле со онаа што им го раскажуваат како вистина. Што и да е, тоа е некој експеримент на овој психологот, уште на почетокот осеќав :D
     
    На minnie.m и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Е ова нависина не го очекував. Четири епизоди шушкање и одеднаш бум! Значи шерифот По беше во право кога рече дека вистината е далеку поужасна од тоа што мисли. Имено, јас мислам дека Вервајд Пајн е всушност нова димензија. Изолираноста од останатиот дел од светот укажува на тоа, како и живеењето во иднината. Значи штом телефонските повици никогаш не стигнуваат, нема интернет конекција, или било каков друг тип современа технологија која овозможува меѓусебна комуникација oдговорот е јасен. Иако, од друга страна малку ми беше чудно на почетокот кога Ејтан се обидуваше да воспостави контакт со својата Агенција, но онаа вработената која одговараше беше очигледно дека лаже, затоа што не знам дали забележавте ама кога Ејтан ја праша дали работи на седмиот кат таа одговори негативно. Значи очигледно станува збор за експеримент. Меѓудругото, сите помалку или повеќе очекувавме дека зад ѕидот се наоѓа некоја друга раса. Исто така, мое мислење е дека Абите се илузија. Ова го пишувам од причина што Ејтан во неколку наврати имаше халуцинации. На пример кога ги гледаше Тереза и малиот во колички во болницата, а тоа реално не се случи. Значи, со самото истенчување на границата меѓу илузијата и стварноста проектот добива повеќе вредност. Патем, онаа девојката на Ејтан која со него соработуваше на почетокот не мислам дека е мртва, а ниту пак оној кој се фрли во елекричниот ѕид. Така да, многу е веројатно да онака како што им го испраа мозокот со автомобилските несреќи, така да е и во овој случај со целокупниот проект. Доказ за тоа е составот на ''Првата Генерација'' со кои учителкава јако манипулира. Имено, не сакам да звучам параноично но, сакам да прашам дали некој од вас ќе се согласи дека сето она што е прикажано во оваа серија помалку или повеќе соодветствува со нашата реалност? Само што кај нас сето ова е пласирано во поублажена верзија. Think about it. :)
     
    На Someonespecial, Lella, tace73 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Па да, дефинитивно има некоја сличност, нешто што страшно многу потсеќа на нашиот денешен свет. Пример, најголема сличност наоѓам со она што им го прават на младината во училиштето. Зарем и овде нам не ни ги перат умовите, ги центрифугираат, не знам што уште, преку сите тие нови "проекти" v во училиштата? Не' скоцкуваат сите, под ист калап, ни ги обликуваат умовите како што тие сакаат. А друго, се чудам, од каде долета на крајот овој психологот со хелихоптерот, заедно со Пем, ако веќе велат дека нема живот надвор од Вејвард Пајнс? А за овие абите, јас верувам дека постојат, бидејќи, нели, и Тереза и Бен ги видоа, како го одземаат телото на шетифот. Друго што ми е чудно, е зошто мора да се прислушкувани? Која му е целта на тој психологот (психопатот), знаеме веќе дека соработува нешто со Тајната служба. А што, зарем тие не сакале да не умрат, и да останат да живеат :D. Нам ни останува да фантазираме, а вистината ќе ја дознаеме во наредните епизоди :)
    Еве ја начекав епизодата реприза, си ја гледам.:D.. А останав дома да учам за матура:lol:
     
    Последна измена: 13 јуни 2015
    На Someonespecial, tace73 и Valerin им се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Има живот надвор од Вејвард Пајнс, ама таму најверојатно е населена друга цивилизација, пошто колку што успеав да сфатам сите останати се како демек истребени, а овие жителиве во градот се единствените преживеани и одбрани. Иако, селекцијата е повторно ставена под знак прашање, со оглед на тоа дека учителкава ги спрема само децава за ,,поход'' а родителите не ги ни зарезува. А згора на тоа им забранува и да зборуваат за ,,вистината''. Е сега, дали родителите се претежно оставени колку да се грижат за нив, или сепак секој ќе си одигра посебна улога преостанува да видиме во наредните епизоди. Инаку, знаеш ли зошто мислам дека ова со Абите е илузија? Бидејќи, не знам дали го запази моментот во четвртата епизода, во тој ресторанот каде седеа повеќето жители на градот? Кога Тереза и учителката заминаа во тоалетот, а сопругот на учителкава во меѓувреме сам му призна на Ејтан дека во училиштето на децата им ги перат мозоците, и затоа е потребно да биде особено претпазлив. Е сега, дали мислеше на самото постоење на Абите, или пак за лажната пропаганда околу теоријата за еволуција, преостанува да видиме. Друг момент, крајно несфатлив пак ми е следниов. Значи, мене како ми се чини Абиве се ниско интелигентни суштества, и не мислам дека таму во дивината каде живеат, создаваат камери за набљудување, или пак им ги поставуваат законите до кои мора строго да се придржуваат. Повторно мислам дека сето тоа е веќе добро замислена идеја од Адам, и останатите членови од тајната Агенција, ама ајде останува да видиме. :) Патем, едвај чекам следна епизода!
     
    Последна измена: 13 јуни 2015
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека абите се дел од некој експеримент на овој Пилчер, и дека тоа им е изговор дека постои лошо надвор од градот, за да не се обидуваат да бегаат. А не за џабе оваа е ставена да им ја открива вистината, бидејќи нели хипнотизер е, и ќе ги натера да веруваат во се' што им каже. Аааа, и не можам да дочекам 2 недели за новата епизода :@
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Како бе две недели? :o
    Нееееееее!
     
  20. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Толку, не знам зошто, ваљда во неизвесност да не остават|( На 25 мислам дека беше, излегува 6тата епизода :^)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.