1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вејвард пајнс (Wayward pines) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Kala., 12 јуни 2015.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.072
    Вчера баш пуштив ги изгледав епизодиве.
    Првите неколку ептен беа збунувачки, поим немав што се случува. Последнава епизода разјаснува нешто ама недоволно некако :?: Во наредниве епизоди ќе треба ваљда да станува малку од малку појасно и тука очекувам да се одлучам конечно за серијава дали ќе ја продолжам или не.
    Вака општо гледано има потенцијал во приказната, а може и тешка глупост да испадне па да ја укинат после прва сезона.
     
    На Valerin и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ааа ништо јас ќе си чекам цела сезона да заврши за да ја гледам, исто и на Аквариус и Сенсе8 и се мислам :) Викендов не знаев што да гледам па 90210 пола 5та сезона ми била оставена, а последна . сори за офтопик
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Valerin Знаеш што да предложиш дефинитивно,се навлеков и јас :D
    И ништо не разбирам :D
    Пилотот ме потсети на една епизода од Фринџ,кога беа заглавени во едно гратче,се вртеа во круг,и на крај испадна дека градот бил под некое електромагнетно поле итн итн.
    Како и да е,ветува приказната,иако дел од глумците не ми се по вкус,некако вештачки се,сепак ме копка што побогу се дешава.
    Ама да не зборувам многу,само пилотот го изгледав,ќе видиме после 4 епизоди што ќе се дознае, не читам спојлери предвреме.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Сакам да ја гледам серијава, ама ме интересира дали е страшна? Дали има многу крв, малтретирање, паранормални активности, морничави моменти... да не е хорор?
     
  5. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Не е хорор, воопшто не е страшна :)
     
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Ха, ти реков ли? ;)
    Инаку, како што претходно кажав, мислам дека станува збор за таен проект реализиран од страна на Тајната Агенција, од причина што
    видовме дека психијатарот разговара со Адам (колегата на Ејтан). Што значи лажат кога велат дека цела цивилизација е уништена и нема ништо надвор од Вејвард Пајнс. Доказ за тоа е градот во кој сеуште е седиштето на Агенцијата, каде се` се одвива нормално.
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^А јас вака на негледано,шпекулирам дека во гратчето се правеле некои тајни истражувања од страна на владата,и агентот го пикнале бидејќи случајно се нашол таму а не смеел да открие.Под истражувања би спаѓале генетски модификации,временски машини и роботика и се таму надвор од науката :D
    Одма филмови почнав да си правам...
    И да,најверојатно Адам е вмешан.

    Не го ставив во спојлер оти е само моја претпоставка :D
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не ќе да е случајно, пошто стана шериф. :)
     
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Нисам знала :D Само претпоставки правам,бидејќи нетот нешто ме зафркава,уште симнувам од прееска 2,3,4 епизода :D
    Во секој случај очекувам јаки работи.
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Дали сериозно ти кажав нешто што требаше да го вметнам у спојлер?
    Мислев си ги изгледала сите, извини. :D
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Е арно де,голема работа.Ќе стигнам брзо,па ќе тогаш ќе дискутираме,можеби ќе се изненадам од нешто :D
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да ја изгледам и петтата епизода, па да можам да ги прочитам сите тие спојлери. :D
    Јас сум до трета. Не сакам да гледам по две во еден ден затоа што серијава ми е малку ту мач за мене, цело време е напната и морничава, ама пуста па ме копка што ќе излезе и затоа морам да ја гледам, иако нон стоп ми предизвикува мини срцеви удари. :D
    Јас немам никакви теории во врска со тоа што е проблемот со градот, само оставам приказната да ме носи, без да погодувам.
    Мене пак ликовите ми се совршени, само што Итан понекогаш не го разбирам бидејќи многу зарипнато зборува, а гледам без превод. Особено Тереза, жена му, ауу што жена ќе беше, не можам да ѝ се нагледам. :$ Кејт одлично глуми, само Беверли не ми се допаѓаше малку, некако како погледот цело време да ѝ бегаше настрана.
    Ептен ми е жал што ја убија, навистина не очекував. Оној полицаецот не можев да го поднесувам, ептен лигаво створење, многу ми е мило што умре. На крајот на трета епизода со тоа животното срце ќе ме фатеше, знаев дека кога на Вале толку ѝ се допаѓа серијава ќе биде крипи ез еф. :rofl: Барем за мене, бидејќи серијава е за ниво повеќе од оние што ги гледам јас. :lol:
    Она ѕвонењето на телефонот ми е толку морничаво, не разбирам зошто ги убиваат тие што нема да го кренат. И како може да е 1999, се вратиле во времето? Зошто не смеат да зборуваат за минатот? Како Кејт вели дека била таму 12 години? Се надевам дека ќе се открие нешто од ова во петтата епизода, ко што викате дека ќе имало голем пресврт.
     
    На Someonespecial и Valerin им се допаѓа ова.
  13. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    ^И јас се прашував истото, не можев да сврзам крај со крај, ама во петтата епизода ќе дознаеш се', мислам барем тоа што тие го презентираат како вистина:?:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    И јас како повеќето од вас се сложувам и мислам дека не се работи за иднина, туку за сегашно време, зошто го видовме шерифот Поуп надвор од Вејвард Пајнс, кога им ја саботираше колата. Исто во првите епизоди агентот Адам се сретна со докторот Филчер. Дали се работи за друга димензија, халуцинации или сл. ќе видиме во другите епизоди!
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @Valerin, златна, те бива за предлози значи ептен (y) Вреди што ни ја изрекламира на сите по ред на четот :D
    Се навлеков јас на серијава, да не ми беа пустиве обврски што немам време за маратони, ќе ги изгледав сите епизоди во еден ден најверојатно. :lol:
    Приказната е многу напната, цело време те тера да си правиш филмови и да погодуваш, а и ликовите се совршени. До третата епизода стигнав досега и сè уште сум во прашалници, ме копка ептен пресвртот, „вистината“ што ќе ја откријат во петтата и што се спомнува тука по спојлерите. 8-|
    Многу ми беше жал за Беверли, а и ептен ми беше крипи начинот како ги убиваат, па и она со телефоните :| Она со времето ми е нај mind blowing, како тоа за Беверли беше 2000, па Кејт била таму 12 години :?:
    За Адам уште од првата епизода мислам дека е вмешан, кога збореше со докторот...
     
    На Lella, Marossa и Valerin им се допаѓа ова.
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    44.033
    Пол:
    Женски
    Се навлеков одма на серијава и јас 8-| ,ја испофали Вале и си реков ќе и' дадам шанса на серијава,богами не зажалив. Сега едвај чекам 25ти јуни да дојде за новата епизода.
    Најгрозно во сите епизоди досега ми беше убивањето на Беверли. :x Можело само казна некаква да има,а не убивање. :/ За времето исто и јас сум збунета :?: ги чекам следниве епизоди да видам што ќе се случи.
     
    На Lella, Someonespecial и Valerin им се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Океј,ако на почетокот ми беше конфузна,после 5та епизода серијава ме остави цела во прашалници.
    И како што сум си филмаџија,веднаш почнав да правам претпоставки.
    1.Под услов стварно да е уништена цела цивилизација,Вејвард Пајнс фактички е како wormhole,како мост помеѓу различни временски периоди и таа година 4048.И овој Дејвид константно внесува нови луѓе од различни години за да ја продолжуваат човечката раса.
    Ама како останал жив,како дошол до откритието?
    2.Друга можност е сите да се наоѓаат во некоја хипнотирачка состојба и да прават експерименти над нив,нешто што најверојатно би се открило накај финалето.
    -Можеби целата операција,каква и да е,е контролирана од тајните служби,па затоа се сретнаа Адам и Дејвид.
    -А зошто пак да не се сеќаваат на минатото,ако стварно се единствените преживеани,зошто да не напредуваат? Па од каде доаѓаат сите залихи на храна,од минатото?

    Целата се изврзав,веќе не знам што зборувам,ама знам дека серијава или ќе испадне генијално дело или крајна глупост :D
     
    На Someonespecial, Anabelle.Amorette, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    ^ Мене најверојатна ми е опцијата под број 2 што си ја дала. Баш размислував пред некој ден и дојдов до тоа мислење, за разлика од мојов кој има некои други теории.
     
    Последна измена: 17 јуни 2015
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Пер, ова ми е најлогична хипотеза до сега. Инаку, со порталот држи вода исто така, и јас во неколку наврати го споменав тоа, бидејќи во спротивно не би имало логика. Иако, сепак мислам дека станува збор за експеримент од Т.А. и додека истиот се спроведува овие одбраниве се под хипноза. Трагата која ме наведува да го мислам тоа е учителката. Инаку психијатарот/научникот Дејвид (чинам така се викаше), не знам од која причина, но малку ме потсетува на Стивен Хокинг. Коинциденција или случајност, не знам. А како дошол до тоа октритие можеби ќе прикажат во текот на следните епизоди, а засега останува мистерија како и се останато.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Јасно како ден е дека што и да се случува во градот, се масло на Пилчер. Тој ги создава правилата и диригира како да живеат. Не за џабе е таква и најавата на филмот, не знам колку ја имате забележано, си игра со нив куклен град... А да, логично е тоа со хипнпнотизирањето, со оглед на тоа што учителката е хипнотизер. Ако забележавте, таа им го претставува Пилчер како бог, го возвишува пред учениците. Вистинска глупост ќе им биде ако ја прекинат со завршувањето на сезоната (10 епизоди е)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.