1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вејвард пајнс (Wayward pines) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Kala., 12 јуни 2015.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Токму така Кала. Би било вистинска штета да ја прекинат серијата со само 10 епизоди, зошто приказнава има потенцијал да биде доста долга и интересна. Ама ајде да не бидеме песимисти, и да мислиме дека продуцентите го имаат тоа на ум, па нешто ќе импровизираат меѓувреме.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Доктор Џенкинс, или сега Дејвид научникот, уште од почетокот ми беше сомнителен, знаев дека нешто крие.
    Не знам зошто сите се чудите зошто Адам и докторот се сретнаа надвор од Вејвард Пајнс. Очигледно е дека Адам мати нешто, ама тоа е друго. Тие се сретнале во сегашноста, 2014, кога уште постоела цивилизацијата, додека Итан и останатите биле во хибернација.
    И не разбрав како умреле родителите на детето што им кажало и зошто? Нешто спомна дека живееле предолго во нормалниот свет, па затоа не можеле да ги сварат информациите или што?
    А нели е можно да го земале и Адам, ама тој уште да е успиен, па да се појави понатаму?
    А можно е и што викате вие, да е некој експеримент, ама таа идеја не ми се допаѓа многу :lol: Ама од тоа што го презентира учителката, не е можно сè да е вистина, бидејќи ептен добро ги изманипулира и им стави во главата да не кажуваат на родителите и ги натера да веруваат демек се посебни, спасители и што ти ја знам.
    Воглавно, не можам да чекам до 25 за новата епизода, серијава излезе подобра отколку што очекував.
     
    На Someonespecial, Marossa и Valerin им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Како бе 10?
    Кај мене,мислам на страната кај шо ја пратам покажува дека се 2 сезони,достапна е првата со 5 епизоди..малку ме збунивте:^)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Немам појма Сајмон, кај мојата ги има само епизодите што се излезени и ништо повеќе, а кај Вале се дадени и насловите на следните неколку, ама за втора сезона чинам немаше. :?: Се надевам дека е така како што викаш ти.

    Инаку ми текна прееска нешто.
    Нели кога Итан ги виде Тереза и Бен во болницата и сите помислија дека халуцинирал. Е па зарем не е можно тоа навистина да биле тие, ги носеле во друга просторија за да ги разбудат, бидејќи нив ги разбудија кратко по Итан, исто како што и нив ги прибраа исто така кратко по него. :^)
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Лелке,и јас бев во иста мисла,тоа би било точно ако стварно спиеле 2000 години и ги буделе :D
    Сега за сега,ништо не се знае.

    Патем,се си мислам дека Бен нема да молчи за Првата Генерација,колку и да се исплаши од учителката,најверојатно повеќе верува на татко му,отколку на еден странец што го запозна пред неколку денови.
     
    На Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Ми остана уште една епизода..петтата епизода поточно...новата на 25ти е така?
    Едвај ја чекам!Се внесов во серијава,чиста зараза е..прејака:bandit:
     
    На Someonespecial, Valerin и Lella им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Поправете ме ако грешам, но јас колку што се сеќавам, откако Итан виде како Тереза и Бен ги возат до операционата сала, подоцна дадоа сцена со нив двајца, живи и здрави дома. Дури потоа тргнаа на пат. Но, не оспорувам дека тие сцени можеле да важат и за претходно што правеле, пред да стасаат во Вејвардс Пајн.
     
    На Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Женски запознаени ли сте дали е излезена 6тата епизода? Јас отварам имдб пишува дека излегува наредниот четврток, дечкоми отвара кај него пишува дека денес. И на popcorn вели дека била ставена, јас мислам ме заебава, и ми прати скриншот, вистина ставена :oА на страната на фб отварам таму си пишува 25ти:^)
    Не знам сега кој си игра мајтап со мене
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    По вашите мислења ја ставив на листа за гледање. Кога ќе ја изгледам се читаме.:)
     
    На Lella и Valerin им се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да да,сега баш ми текна дека после тоа решија да го бараат :D Ама пошто стално мешаат времиња,таму и ваму и се е хаос во главата.

    @Kala. Изгледа испаднала,еве торент има.
    http://kat.cr/wayward-pines-s01e06-hdtv-x264-lol-ettv-t10813051.html
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Јас штотуку ја изгледав шестата епизода...дечки за момент помислив и јас дека сум од првата генерација...
    Ја има на www.popcorntime.io кај шо ја и пратам серијава.За другите страни не знам,ама сега само што завршив со шестата...Waiting the next 8-|
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Kако бе шеста епизода, има ли уште? Ме шокираше сега, пошто пишуваше дека следната на 25-ти излегува. :D
     
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Има види на странава шо ја ставив сега во постот.Прејака е шестата,гледај ја одма не му ја мисли многу!8-|
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не можам да ја симнам страницата, а на други места ја нема online. :^)
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Конечно ја изгледав петтата епизода, и можам да кажам дека скроз се заразив со серијава и ќе почнам да ја препорачувам и јас на кој и да бара нешто за гледање :D И конечно да ги отворам сите spoiler containing теории на темава и по интернет 8-|
    Некако не ми е за верување апокалипсава што ја претставија како вистина, и не верувам дека Вејвард Пајнс е последниот остаток од цивилизацијата. Има многу моменти и детали што не се поклопуваат, посебно учителкава ми е врло сумљива, баш како што рече маж ѝ, градоначалникот - им ги обликува умовите на децата... И уствари после епизодава наместо да е разјаснета вистината, напротив сè останува уште поизмешано отколку во првата епизода :D
    Јас сум за теоријата дека се работи за експеримент на агенцијата на чело со Адам, заедно со откачениов научник Пилчер...
    Иначе на темава гледам дека излегла 6тата епизода, сега успеав програмата од Симонка да ја симнам иако ме зезаше претходниот пат, и после ќе си ја пуштам.
    Бај д уеј еве нешто интересно за оние што завршиле со 5те епизоди :)
     
    На simonna.a и Lella им се допаѓа ова.
  16. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски

    Еве нешто од шестата епизода. Крајот на видеото:o .
    Знаев дека абите се некаков експеримент на Пилчер.
    Едвај чекам да ја изгледам

    Инаку, не знам кој го има гледано The maze runner
    Но сторијата многу ме асоцира на филмот: заглавени група луѓе, кои не можат да најдат излез од местото каде се наоѓаат, а кога успеваат да побегнат дознаваат дека цела цивилизација е пропадната и тие се единствените преживеани.
     
    Последна измена: 19 јуни 2015
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
  18. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што пишувам мислење едноподруго, ама морам да напишам додека уште ми се свежи впечатоците. :D
    Оваа епизода е малку пострашна од другите.
    Разјаснува многу работи кои останаа да висат од петтата како тоа што овие што знаат (Пилчер, докторката, хипнотизерката и тој полицаецот што го убија) како изгледаат исто како во сегашноста. Всушност и тие спиеле. Ама сепак не сум баш сигурна. Полицаецот им ја направи несреќата на Тереза и Бен. Ако сите спиеле, кој всушност ги собирал луѓето? :^)
    Она со тој Абот што го чуваа во просторијата ме извади од памет. :sweat:
    А и овие планираат да бегаат, Кејт и маж ѝ. Само не ми е јасно зошто ги спречија Итан и Беверли кога тие сакаа да избегаат. Зошто не ги пуштија, или пак зошто не отидоа со нив? А тие ги пријавија, сакаа да ги убијат. И всушност ја убија Беверли.
    Уште не сакам да верувам за тоа со експериментот што викате. Тешка глупост ќе излезе серијата ако ја направат така, барем јас така мислам. Не верувам дека ќе успеат да ја дотераат приказната ако одат на тој начин.
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Мене главата прав таратур ми ја направија со последнава епизода...сега е скроз се испомешано..а таа учителката ми е нешто многу сомнителна и тој Адам/мадам како и да се викаше,а и овој Пилчер научникот...
    :?:
     
    На Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Кај го виде Адам во шестата, жити бога? :D