1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вејвард пајнс (Wayward pines) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Kala., 12 јуни 2015.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    не бе Адам не го видов...размислував логично нешто да поврзвам и како некој детектив си анализирав во главата кој шо како...
     
  2. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Прво ги собрале луѓето, после се успале.
    Само не сфатив, сите деца од школото знаат или само неколку? Тие тројцата беа на столови 13, 14 а внатре имаше 50 деца, нема смисла. Исто се зачудив што Кејт не знае бидејќи во 3 или 4 епизода зборуваше како да ја сфатила финтата со годините :^). Добро барем во последната се разјасни зошто не смеат да им кажат на родителите. Едвај чекам нова епизода.
     
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Што да кажам за серијава? Не знам, има нешто што не ми се допаѓа кај неа, а не можам да дефинирам што е тоа. Што се однесува до приказнава, добро е што не испадна дека се во некоја друга димензија, или дека патуваат низ времето и слични ср*ња. Мислам дека во тој случај веднаш ќе прекинев да ја гледам. Вака е сеуште прифатливо.
    Е сега, идејава да не им се кажува на, практично киднапираните, дефинитивно е многу лоша идеја. Ок, јас го оправдувам и Пилчер што не сака да им каже, бидејќи претходнот пат било погубно. Ама брате, да им кажеше пред да ги успиеш, а? Не ти текна на тоа пред 2000 години? А да не ги киднапираше? М? Подобро ќе беше да си побараше волонтери, едноставно, си распишува „конкурс“ и се пријавуваат луѓе. Ете ја учителката - хипнотичарка, јас верувам дека неа нема ни да морал да ја убедува, таа сама ќе прифатела, како што очигледно и направила. И тоа што си чува abby во комплексот, тоа нема на добро да испадне. Како настанале тие чуда? Сигурен ли е дека е тоа како резултат на де-еволуција? Да не е резултат на некоја инфекција? Колку брзо и да се размножуваат, некако нереално делува да не можел човечкиот свет, покрај оружја и повисока свест да ги уништи. Јас мислам дека зад нивната појава се крие нешто повеќе и би било добро да е така, во спротивно ќе биде малку глупаво. Нешто ми кажува дека Пилчер е одговорен и за тоа. Па и сега, наместо да се преземе нешто околу тоа да се елиминираат, тој се грижи градот да му опстои. Не знам, искрено. И редовно се појавуваат некои бунтовници. Ако продолжи да ги убива луѓево, на крај ќе остане без популација. И што очекува од Итан сега? Добро, се сложи да нема погубувања, за шпионирањето ќе видиме, ама како може сега Итан да го извади од глупостите во кои се заглавил до гуша? И само се прашувам што ќе биде ако успее планот на Кејт и мажот нејзин. Дури тогаш градот ќе пропадне. И без тоа монструмиве им се доста блиску.

    Инаку, претпоставувам дека сите деца во училиштето знаат. На седиштата на последниве тројца, ако не се лажам, пишуваше 101, 102 и 103. Туку, зошто ги направиле да изгледаат како секта, жити мене? Тоа беше тотално creepy и непотребно, според мене.

    Ај доста филозофирав, да не речам, мрчев. Следен пат пак.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    @Lady Phoenix се согласувам со останатиот дел, само тоа за волонтирањето не. Тој побарал волонтери, ама никој не се интересирал, што е нормално, до 2095 сите ќе изумреме, и јас би одбила, наместо да се впуштав во експеримент. Тој собираше волонтери ама учителката Меган рече дека џабе собира, треба да киднапира, оти го направиле веќе изборот или така некако.
     
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Се' разбрав. Немало волонтери. Се прашувам колку се трудел? Америка е голема. Се прашувам дали целиот свет е осуден на истава пропаст? Бидејќи еволуцијата не прави селекција по ниту една основа, нели? Сигурно ако се случува во Америка, ќе се случи во цел свет, така? Дали „проповедал“, ајде така да го кажам, надвор од Америка? Дали се обидел? Зошто не му верувале? Зарем не се стремат луѓето секогаш кон опстанок? Ќе направат се' за да останат живи, сепак тоа е инстинкт. А учителката... Уште во моментот кога видов како му сугерира дека нема да успеат вака, ме увери во спротивното од она што го кажуваше - дека не може да му испере мозок на човек, туку само да го увери во она што веќе верува. Таа всушност како да му ја всади таа идеја во главата, „нема да успее без киднапирање“. Освен тоа, уште едно нешто ме интересира. Добро, му требаат луѓе од секаков калибар за во неговиот град, нели? Некој треба да ги лечи луѓето, да им предава на деца и слично. Зошто киднапирал семејства и нормални луѓе? Јас не добив впечаток дека овој човек киднапирал, на пример, бездомници. Такви луѓе сигурно би се сложиле на вакво нешто. Ќе имаат свој дом, без да плаќаат сметки. Би можел да ги оспособи да бидат и општествено корисни за некои работи. Не знам. Овде сите се некако премногу просечни, меѓу кои има и премногу паметни за да останат со скрстени раце.

    Има нешто повеќе зад ова, сигурна сум.

    Не сум ги читала книгите, всушност кога излезе серијава дознав дека е правена по книги, но, како и да е, ме „пецкаат“ некои вакви детали, па си мрчам. Не е дека имам нешто против серијава, јас, на пример, си мрчев и во GoT кога нешто не ми чинеше. Ова за да не се разбереме погрешно. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Лејди Фен, и останатите, имам мала ,,забелешка'' до вас. А тоа е дека некако премногу логика барате во серијава, не дозволувајќи да ве понесе приказната. Сепак, Американциве не се толку интелигентни, имајте милост... :D

    Како и дa е, кога веќе сме искрени да бидеме до крај...Гледано од мој агол, иако концептот на серијата е солиден, не негирам дека содржински не е доработен во потполност. Очигледно е дека постоја некои празнини (кои веќе ги спомена Фен), кои треба да бидат пополнети. Ама којзнае можеби ќе не изненадат, со тоа и на нив ќе обрнат внимание, па конечно ќе ни се избистри за што точно станува збор. Иако, јас сеуште стојам зад идејата дека сето ова е изрежирано сценарио во чија позадина стои Т.А. Може и да не сум во право, и да изгледа како само додатно да сакам да ја закомплицирам серијата, ама нешто ми вели дека на крајот ќе доживееме таков расплет...

    Како и да е гледам почнавте за Пилчер, па да се надоврзам. Значи, јас мислам дека на Итан не му ја кажа целата вистина. Туку, поголемиот дел му беше само стратегија со која се послужи, за да го придобие на своја страна како би му помогнал при заштитата во градот од доближувањето на новата непозната цивилизација, бидејќи е свесен дека Итан веќе има развиено некои вештини кои би му биле од корист. Имено, околу тоа зошто направил токму таква селекција за луѓето во градот, исто така очекувам да дознаеме понатаму. Бидејќи доколку за тоа не успеат да најдат рационално објаснение, тоа ќе биде голем минус за серијата бар за повеќемина од нас.

    На крај краева, бидете трпеливи, тек е почеток, и е многу нормално некои работи да не бидат сосем јасни и откриени. Нели тоа е и финтата, да се остави простор за малку фантазија и мозгање. ;)
     
    Последна измена: 20 јуни 2015
    На Anabelle.Amorette, Lella, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Абе битно е да се мрчи :D. Баш дека Амери се во прашање, па да му се невиди бре, до толку ли да се неспособни? И тие се вечните жртви на се' и сешто |(. Затоа на крајот од секој пост велам дека има нешто повеќе позади сето ова :!:. Не можам, едноставно, да се помирам со работите какви што се моментално. Навистина живеам во надеж дека приказната ќе се одвива во поинтелегентен правец, за да не се самоутепам на крај за залудно изгубеното време :drunk:.

    Дефинитивно и' давам шанса и се надевам дека со следните епизоди ќе се разјаснат некои работи. Само да помрчам малку околу работите што се случиле до сега и за информациите кои ги имаме до сега. (wtf)

    Инаку, ок ти е теоријата, морам да признаам. (y)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Јас мислам дека Пилчер ќе ни ги одговара прашањата постепено, од епизода во епизода, ако одговори се во една епизода нема да не пецка да ја гледаме серијата ;)
     
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    30.652
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира и мене, само веќе каснам, знам. :D
    Може ли да ми дадете линк од каде ја гледате серијата? Или пак ако ја дават на телевизија, на која програма и кое време? :)
     
  10. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ја даваат на Фокс четврток во 22.00 но нема да сфатиш ништо затоа што се во 6 епизода, најдобро изгледај си ги на нет.
    Мислам дека овде работи
    http://www.gledajsaprevodom.com/serija/wayward-pines
    И не отварај спојлери пред да стигнеш до 5 епизода!!
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Betrayal е седмата епизода.Ја има на www.popcorentime.io
    Уште 4 епизоди има,на фејс така видов.Зошто бееее?:sweat:
     
  12. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Читав дека еден од продуцентите или не знам кој изјавил дека Вејвард Пајнс е серија која била наменета да трае само 10 епизоди|(... Но оставаат место и можно е да има и втора сезона
     
  13. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Леле бе, сестра ми е за Скопје, а не смеам без неа да гледам. ;(
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав седмата епизода....пак уште не ми е јасно:?:
     
  15. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Честитам девојки, во право бевте. :D Јас потајно се надевав дека нема да е експеримент на владата, ама сепак било. Ама на Итан му е исперен мозокот веќе, верува во тоа што му го раскажа Пилчер.Додуша епизодава не ми беше толку интересна, особено по толку многу чекање. Само ако направат да умре Бен ептен ќе ме разочараат искрено.;(
     
    На simonna.a и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода, ама не знам дали да терам понатаму. Некако не ме заинтересира. Ваквите серии обично завршуваат со некое глупаво објаснување кое те тера да се нервираш само за потрошеното време. Од друга страна добро е што мистеријата ќе се реши до крајот на сезоната, нема да мора да се чека 3132131232 епизоди. И да има втора сезона што ќе се врти околу друга мистерија не знам како би го извеле тоа со насловот...
    Ќе изгледам уште една епизода, па ќе видам дали ќе продолжам со серијава.
    Всушност, пишман, ќе ја оставам за некогаш понатаму серијава, не ми се губи време на неа периодов.
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Ете, се открива конечно малце по малце во што е работата :D Леле колку ме иритира оваа сестрата Пем, а и во школо како им ги перат мозоците на децава... :x
    Туку, сега кога се откри за групата што одамна планирале да избегаат и дека Кејт и мажот ѝ фактички ја водат, навистина не сфаќам зошто Кејт така се однесуваше на почетокот со Итан, го спречуваше да избега... и зошто токму тие ги предадоа Итан и Беверли кога се обидоа да бегаат? :^)
    Иначе се надевам дека ќе го спасат Бен, баш би ми било жал за него :(
     
    На simonna.a и Lella им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Навистина, и јас тоа прашував на темава по шестата епизода. Или барем да го му рекле ѝ нему за групата, и тој да се приклучи. И не разбирам зошто не сакаат да му ја кажат вистината на Итан.
    И до кога ќе тераат вака? Како планираат да ја населат Земјата вака, ако само тупкаат во место и чекаат да забременат жителите. |(
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Спец, не знам дали обрна внимание во епизодата кога Кејт зборуваше со жена му на Итан за тоа дека се нашла во Вејвард Пајнс, успеала да најде еден функционален телефон и стапила во контакт со нивниот надреден (како и да се викаше). Тој и' рекол дека е ставена во владин експеримент, дека треба да се претопи меѓу луѓето и дека ќе биде пратен агент да ја „среди“, па таа помислила дека тоа е Итан и затоа така се однесувала. Е сега, дали навистина тоа и' било кажано преку телефонот или нешто друго се случило - ќе дознаеме понатаму, веројатно.

    Инаку, не знам дали има поента да коментирам епизода по епизода. Ќе почекам да се случи нешто значајно, па да коментирам, а ако не се случи, мислам дека кога ќе заврши, тогаш ќе измрчам.
     
    На Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас изминативе неколку дена ги изгледав сите епизоди, ме заинтригира :) Не гледам многу серии во моментов, па решив да ја почнам. На почетокот малку ме потсети на The Truman Show, особено по најавната шпица. Со секоја епизода имав различни теории, сега веќе не знам што да мислам, ќе оставам да видам како ќе тече приказната. Туку ве читам во темава, вие па сè сакате во првите епизоди да ви се разјасни, нема да биде интересно така :lol:
    По промото за осмата епизода, мислам дека ќе биде интересно :)