1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вејвард пајнс (Wayward pines) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Kala., 12 јуни 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.208
    Пол:
    Женски
    Не ги предадоа они, Кејт кога збореше со Итан ми се чини му рече дека само шерифот намерно така кажал, ама не било вистина.
    Патем, ова бомбичево во седмава епизода доста смешно беше, ни цел камион не успеа да го разнесе. Дали со такво нешто мислеа онаква ограда да срушат? :D
    Не знам како ќе успеат во уште три епизоди да дадат објаснување за се'.
    Немав што да гледам уз јадење, па послужи серијава,
     
    На Valerin и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не ме импресионираа случувањата оваа епизода. Можеби затоа што премногу очекувам од серијава, со оглед на тоа дека почетокот навистина изгледаше како да има што да понуди.

    Освен тоа, она во камионот наликуваше на се` освен на бомба. Просто неверојатно е дури колку продуцентите потрфлија. Искрено се надевам дека ќе направат некакви промени последниве две епизоди кои преостанаа.
     
    На 1209, Lella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    На Википедија ова го пишува: In June 2015, it was announced that a second season is being considered based on the series ratings.
    Е сега, мене не ми се верува дека ќе се нафатат да прават друга сезона, а и да направат, сигурно ќе е за никаде, бидејќи сегашниве епизоди се од трилогијата. Сега сме до втората книга мислам.

    Подобро да ја запрат сега отколку да продолжат со втора сезона и да не ја бива.
     
    На Lady Phoenix, Someonespecial и Valerin им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ако ja базирaaт на рејтинг, да се простиме со време. :)
     
    На Lady Phoenix и Marossa им се допаѓа ова.
  5. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ја искритикувам... Последните неколку епизоди ништо не се случува, само без врска одвлекуваат. Штета, на почетокот вистина ме заинтригира, и со приказна, и сѐ, а сега само се чудат како да ја развлечат приказната за да стигнат до 10 епизоди.. Ајде се надевам дека барем крајот ќе го направат добар...
     
  6. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    И мене не ме импресионираа последните епизоди, само тапкаат во место. Се надевам дека нема да има втора сезона ќе се уништи уште повеќе серијата.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.848
    Пол:
    Женски
    Толку нелогичности има серијава што јас не знам како уште ја гледам.
    Како прво ако јас стварно мислам дека е експеримент зошто во епизодата кога Адам му се јави на Пилчер да му каже дека Тереза и Бен тргнале, се сеќавате?И мешањето времиња на почетокот, нелогично беше многу сега го сфаќам тоа.А ако веќе решат да играат на таа карта дека не е стварно експеримент тогаш овие работи стварно апла немаат врска едни со други.Друго во денесшната епизода, баш во моментот кога Тереза ја скрши камерата на плацот, типката која внимавше на плацот ја турна чашата од бирото и се заврте и не ја виде оваа со стапот.И зошто ако сакат да ги скријат тунелите и тие записи би ги ставиле во толку упадливо место како пустата куќа на плацот, освен ако не се ставени со намера да се видат за да ги убедат луѓето.Не знам што да кажам, гледам оти сакам да видам дали е глупа серијата или јас сум глупа и не ја сфаќам.
     
    На Lella, Lady Phoenix, tace73 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Уште една епизода?
    Хмммм....
     
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    После бомбата (не на Заев де :lol:) ми стана јасно колку „напор“ треба за да се сруши оградата. Цело време се мачат, се кријат, прават заговори, бомби и чуда, за на крај да успеат со камион да ја срушат, бе!

    Како и да е, добра е за тепање време, ама јас изгледа премногу сериозно ја сфатив уште од почеток, во смисла дека ќе биде некоја многу јака и интелигентна серија, па може затоа се разочарав. Во секој случај ќе ја догледам и ќе гледам и следна сезона ако има, зашто не оставам така филмови и серии на пола. :^)
     
    На simonna.a и Lella им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Чекајте сега, излезе дека не е експеримент? :^)
    Јас се испобркав целата искрено, премногу нелогичности има за да може да има смисла целава серија.
    И ако е толку тајно тоа местото со комјутерот кај што беше видеото од Адам, зошто не ставиле камери и таму. И секако, госпожата што го надгледуваше плацот баш тогаш ѝ се истури кафето, па дури и не извести никого дека камерата не работи после.
    Инаку малку се помрдна од мртва точка по цели 3 епизоди во кои сè едно исто се вртеше.
    Пилчер е психопат со тапија без сомнение. Толку се бореше за својот град и сега само ќе ги пушти Абите внатре? Или на некој начин како да им кажува на ви, си го баравте. :D Сега Еми како ќе преживее кога ја исклучи струјата? Сериозно, што им е на продуцентиве?
    Инаку ме интересира што ќе се случи во последната епизода (се надевам), белки нема да ги испојадат Абите, ама ако не друго барем интересна ќе е колку толку.

    И јас би гледала да има втора сезона, ама веројатно насила ако планираат да ја разлекуваат вака.
    Утре излегува последната така? Всушност денес, ама јас не фаќам фокс, па утре ќе ја гледам. 8-|
     
    На Valerin и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Еден саат подоцна и уште не можам да се соземам од финалето.
    Не очекував таков крај [​IMG]
    На крајот ВејвардПајнс испадна исто како Македонија -
    испрани мозоци владеат :drunk: :fubar:
     
    Последна измена: 24 јули 2015
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.208
    Пол:
    Женски
    Знаев дека серијава ќе испадне никаква.
    Не се објасни како се случило децата да ја преземат контролата, овие со стражари, со оружје и испадна два-триесет средношколци да владеат. (facepalm) Бен во кома три години, ни ден не остарел, истото иритантно детиште.
    Глупа, глупа серија.
    Среќа нема да има втора сезона, и оваа беше непотребна.
     
    На Victorian и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Сите, после финалево.
    aFPDY - Imgur.gif
    Ајмеее...
    Неќам да коментирам, ќе се изнервирам.
    Очекувам да опадне рејтингот уште повеќе наредниве неколку часа.
     
    На Someonespecial, simonna.a, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Серијава испадна глупост на векот.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува какви неспособни будали се продуцентиве. Итан го убија, главниот лик. Абе ајде, серија ли ќе беше, што ли ќе беше. Колку голем потенцијал имаше на почеток, ама ја расипаа.
    Ова на крајот последната минута беше мижи Митро, тулумби врнат. Како може Првата генерација да ги стави под хибернација толку луѓе? Кој им ја дава таа моќ? Колку што знам учителкава умре, како можат возрасните да не се спротистават на група деца?
    И Итан демек хоројот, за да спаси толку луѓе го даде својот живот, како не.
    Всушност, излишно е да зборувам не вреди. Серијава требало да се вика Како да упропастиш добра приказна. :D
     
    На Someonespecial, tace73, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува, колку лошо заврши. Можеше да биде стварно добра серија, абе ајде, ние подобри приказни од нив си режиравме. А Итан не можеше само да ја фрли бомбата надолу? Just sayin' :^)
     
    На Someonespecial, Valerin, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се допадна крајот!
    Според мене многу ќе беше подобро да испадне дека е некој експеримент, па на крај „среќно и весело“ сите да се вратеа дома!

    Или ако веќе одеа на оваа варијанта, Пем, Кејт и Тереза да направеа подобар свет, да ја превоспитаа Првата генерација па дури и да најдеа лек за Аберите!

    И на крај, сепак ми остана неразбран делот со бирањето и хибернацијата, агентот што тргнал со Кејт, кога му го најдоа телото, како неколку дена само да бил мртов, а не стотина години и сл...
     
    На Victorian и Lella им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не знам за вас, но јас крајот го доживеав многу емотивно.
    Особено моментите кога абите почнаа да ги напаѓаат жителите во градот, и кога Итан се разнесе во лифтот за да ги спаси останатите. ;( Мада апсурден потег, можеше поинаку да се изведе но океј.

    И не знам еве, ама искрено се надевам дека ќе има втора сезона, бидејќи и покрај низата недоследности кои ги воочивме, сеуште стојам зад ставот дека серијата е интересна и задржува внимание. Можеби недостига посериозен пристап, план и доза неизвесност, бидејќи се се` чини некако предвидливо, но има потенцијал за даље..

    Освен тоа , сметам дека мора да се даде објаснение околу тоа што се случи со планот на Пем и Кејт, како и мајката на Бен - Тереза. И како дојде до тоа првата генерација да воспостави толкава контрола врз градот.
     
    Последна измена: 27 јули 2015
    На Lella и Victorian им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.208
    Пол:
    Женски
    Епа знаеш, ете, си пишавме погоре.:!::lol:

    Нема да има нова сезона, укината е веќе. Сите твои прашања во спојлер нема да имаат одговор, ја оставија така, полна со дупки.
    Од целото финале само ми се допадна идејата дека луѓето не се менуваат, дека и да се сменат работите на крајот пак се ќе се врати на истото...
     
    На Someonespecial и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.268
    Ако има втора (а понатаму и 3та,4та,итн) сезона осеќам дека серијава ќе биде како Lost. Нешто се дешава, ама до крај не знаеш што.