Вака. Решив денес цела да изгледам барем 2 епизоди. И тоа започнав со најниски можни очекувања, значи до толку мислев дека ќе е лоша. Така што и не беше чудно да се изненадам. Ама не бе, не можам и крај. Околу 30 минути издржав и не сфаќам. Зошто донесоа нов Итан? Бен прак прави мучки нешто. И нели сите возрасни ги ставија во хибернација, од каде изникна учителката, и стражарите и сите останати возрасни? За две години не се пораснува толку. И тоа, ич не ме заинтригрира, не планирам да ја гледам, од причина што не мислам дека ќе има некои случки вредни за гледање, мислам, веќе и не остана нешто да се случува, само во круг ќе се вртат.
Луѓе како заврши втората сезона значи пак без зборој ме оставија... Искрено за оваа сезона пријатно ме изненадија.
Може некој на кратко да напише во спојлер што се случува во втората сезона, што е поентата и како ќе заврши ? Никако неможам да најдам содржина на интернет.
На сите што сте ја гледале серијава и потоа сте се разочарале од крајот (има многу такви), ви ја препорачувам The 100. И јас се разочарав од крајот, втората сезона не ја ни гледав, пишав погоре. Како што сме спомнале назад низ темава, приказнава имаше добар потенцијал, ама не излезе ништо. The 100 е многу слична, со речиси иста тематика е, преживеани од апокалипсата, пробуваат да ја населат Земјата пак, ама за разлика од Вејвард пајнс, ја однесоа во вистинска насока, веќе сум на крајот на втората сезона, топло ви ја препорачувам.
Јас книгите ги имам во здив прочитано, нешто предобро, дали вреди и серијата? Моментално немам време ама како зимска релаксација си викам нешто. Книгите се предобри, те држат во неизвесност, предобро се опишани, крајот е неочекуван ама зошто јас на неќење го прочитав на телефон кај дечко ми вака ми беше: зошто цело време знаев шо ќе се случи и онака си ги поврзвав работите. Сега си викам да ја гледам и серијата ама си се думам онака ....
Мене ми е се уште интересна, мада првата сезона ми беше каде каде подобра. Сепак едвај ја чекам третата сезона (ако има). Книгите ги немам читано