Јас се консултирам и со фармацевтските техничари за што и да е. Има што знаат повеќе и мојата општа матична, а имало и што немале врска, ме гледале ко паднати од Марс.
Некогаш се случувало доктори да напишат стари лекови што веќе не постојат или доза што не се дозира така, па фармацевтски техничар што навистина знаел да ми укаже и да поправи. Од тие со курс завршен не очекувам да го знаат ова и да го забележат.
Како може фарм. техничар со 4 год СРЕДНО, да знае повеќе од доктор со 6 години ФАКУЛТЕТ? Прво, во средно ништо не се учи. Не може да споредувате факултет и средно. Гледам колку учат во средно медицинско. Среќа постојат факултети, па безбедни сме.
A Како вонредно средно медицинско го овозможува иселувањето? Како воопшто може да постои средно вонредно, па уште медицинско Вонредно плус онлајн - да ти е мерак да те лечат после
Си учела средно медицинско па знаеш како е? Да, има доктори што грешат лекови за жал, фармацевтите какви грешки гледаат од доктори на рецепти, да се чудиш. На бебиња им препишувале лекови за возрасни. Нека ти каже некој што работи во аптека.
Па некои што завршиле медицина факултет за жал немаат врска. Мојата матична беше таква. Среќа ја сменив. Не се учи ништо во средно? Врска немаш еј.
Земаат курсеви и идат странство. Не дочитуваш што пишувам. Мојот став е дека не треба да има вонредно од ниедна струка. Имав другарки што завршија медицинско, и се утепаа од учење.
Еј, па ко така, во основно ич ништо не се учи. Школо шо, дај да си најдам некоја бајачка, бар знам шо добивам
Конечно една паметна одлука. Сите зедоја вонредно медицинско без да знаат шприц да држат, без да знаат основни лекови, без ништо. Пракасна нула, предметите, плати и положи. Во медициско 3год пракса и тоа салам пракса има. А не еден ден пракса да немаш и да бидиш сестра. Задоцнета одлука, но сепак добро е му текна. Не знам само на кој му имаше текнато стручно медицинско училиште да го земаш вонредно.
Јас од фармацевтите сум презадоволна. Мојата бивша матична (т.е. матична и на ќерка ми исто) не сакаше да ми каже колку да дадам чеп за дете со 40 температура. И се јавив и ми кажа да не прашувам телефонски, имала работа, дете омалаксано, крена температура одеднаш, а не бевме во Скопје. Се јавив во две аптеки и се убаво ми објаснија. Оф топик сум, но и ти ја претера, демек само доктори си консултирала.
Ова! Вакво нешто само во Македонија го има. Никаде во Европа не можеш да работиш како сестра само со средно.
Прв пут слушам за ова срање. Бог да чува и да брани, па и уше да одам да се упишам и да завршам без два грама памет и емпатија дали сум способна, и колку луѓе на душа ќе носам? Па и од дома по рамо да ме тапшаат. Ја срам ми е у дуќан да поднесам барање да работам оди Немачкиов ми е Б1, овие и ќори и сакати идат медицина да завршат па да се тртат у бели одори, со ноктите со циркони, црни одоздола. Која вукојебина еј, па уше и овие прфесори, доктори, Ману, министри шо ќутеле до сеа?! Народот шо ќути уше, да ми е да знам. Кај нас нема ХипокрАтова, него ли ХипокрИтова заклетва! Едит: Ја бев изненадена тука у Немачка шо медицинските сестри ништо значи не прават без лекарот да го прашаат, само терапии боцкаат, температура мерат, преслекуваат. Докторот сам една канила мења, не смее никој друг. А ваму со вонредно ќе завршуваат. И после зашо болниците у странство се полни и со наши вработени, па и болни.
Не знам колку имаат пракса сестри на медицински а колку во средно ама сигурно има повеќе учење затоа што е...факултет. Средно е пониско ниво, не може да има повеќе учење отколку високо образование. Друго, друга е сериозноста и посветеноста(ако не за сите, барем за повеќето) на 16 и 20 години за работа со пациенти.
Ако е така како што викате, во Европа никаде со средно не те примале да работиш, како тогаш сите еве и вонредно земаат дипломи и одат и работат во Германија? Секаде се бара медицинска диплома и секаде има работа. Да си учела таму, па да речам добро од искуство збори. Истата пракса тогаш и докторите што ги величаш ја имаат, сите во истата клиника одат на пракса како нас. Каква пракса, шетање нели.
Сосема исправна одлука. средно училиште и 4 год,со курс и полагање вонредно испити не се споредува. А на пазар на труд можеа да работат,на ист ранг и со висока школа и со вонредно,школска моја работи во Германија,со вонредно медицинско.
Редовните може и учат нешто повеќе, но вонредните, ништо не учат на факултет. Доста блиски имам што завршија тоа или ќе завршат за брзо, не зборам од памет. Редовните студенти секој ден одат на вежби и се образуваат, тие учат, но вонредниве... Нека укинат и вонредни струки на факултет, прва сум за.
Сите што заминаа Германија што ги знам се сестри со факултет, не со средно. А за со докторите, не се споредувај. Прво, многу повеќе учат, факултет е, ти, факултет со средно не можеш да споредуваш. Добро имаше објаснето членката.