Со средно одат во Германија. Многу отидоа, сите ги примаат, фали кадар. Отидоа и со вонредно средно, тоа збориме патем.
Инаку не е само за странство.И тука работат по државни болници и поим немаат од ништо. Голем проблем е со преквалифицираните вонредни медицинари.
Точно. Но, еве викаат во странство не ги примале. Не е така, сите ги примија и со средно редовно и со вонредно медицинско.
Има и во странство. Еве ти само еден линк за Австралија, а ги има многу. https://au.indeed.com/career-advice/finding-a-job/list-of-short-medical-courses Ги завршуваат кај нас тие курсеви и пак ги примаат во странство, исто ти е. Не туку величајте странство, ништо посебно не е и таму кога од тука кадар примаат така завршен и им работи.
Мое лично гледиште е добро што го укинаа. Едноставно самото по себе немаше поента, посебно за стручно. Ај за гимназија каде што нема пракса нека има и онака средно е задолжително. А, дека факултетот те прави нешто уау посебно на медицински во Македонија па и тоа е малку фантазија. Да беше така немаше да ни е вакво здравството ама тоа е кога и ќоро и сакато сака да е сестра и доктор и има
Има поединци што стварно многу учат и се квалитетен кадар и од нашиве медицински училишта и факултети, затоа никого не би потценила. Најчесто тие и си одат од тука, не стигнуваат на ред од врскаџии да се докажат на работа, затоа здравството ни е како што ни е. Од партиски вработувања, давање работа на врскаџии што од чукун дедо имаат ординации, давање дипломи на неписмени што плаќаат и вака што испопримија завршени со курсеви. Вонредно не треба да постои ни на факултет, ни во средно.
За вонредни да, секако дека не е сериозно. На медицински не треба да има вонредни насоки. Вонредно разбирам за бизнис, економија, право.... ама вака, многу се губи.
Апсолутно. Има и доктори доктори, студенти што стварно се трудат и се амбициозни. Има ги и оние што поминуваат со прикажување на лицето. Баш штета, и не, не зборам на памет. Толку пати ми имаат погрешено и дијагноза и терапија лекари во државно здравство за жал. Важно лиценцата позади нив е во златна рамка.
Тоа и ти зборев, дека вонредните на мед факс имаат полоша и помалку пракса од 4г редовна пракса во средно. Секако има разлика, со факултет сестри се поплатени, затоа си постои средно и факултет.
Сега не знам за кое странство збориш, ама без пракса и државна валидација на знаењето (како и да се викаше) во ниедна еу држава не може да работиш. Ни електричар ни сестра. Државен испит во државата кајшто сакаш да работиш.
И кај нас има стаж од неколку месеци и полагање за лиценца исто. Сепак кој се познавам што работи во странство, дискутабилен ми е веќе квалитетот и таму. Не сакаш да знаеш со врски како земаат дипломи богаташки деца. Не знаат ни книгите во школо, ни факултет како им изгледале. Бетер од вонредно ти е тоа. Болна тема е здравството и образованието во Македонија. Жал ми е за сите млади што од таквите не можат да успеат кај нас. Златен кадар изгубивме заради тоа.
Не е изгубен кадарот поради ваквите неправди. Кадарот е изгубен затоа што платите се мизерија, затоа што ќе молиш да те пријават, затоа што Македонија не личи веќе на држава, затоа што нема никакви закони, затоа што ти како македонец си второстепен граѓанин, затоа што дишеш токсичен воздух, затоа што детето утре ќе нема учебник за да научи, затоа што ништо не функционира. Инаку во склоп на темата, образованието и онака е сведено на тоалетна хартија, дали вонредно или редовно ништо не менува.
А има за сестри факултет? Знам имаше некои виши школи или како беше ама сепак не е факултет. И таму се учи истото што и во средно. Ако може некој со гимназија за 5-6 години да биде доктор зошто да не може со 4 години да си сестра. Не знам што е чудење дека само со средно работеле сестри. Па генерации и генерации уназад сестри и друг медицински кадар така биле образовани и биле супер. Тоа што денес секој еден стигна да работи тоа е до самиот скапан систем што е скапан во секој сегмент. Врски, мито итн. А самиот концепт на средно медицинско училиште (редовна настава) нема ништо спорно.
Па да, сега по ново факултет го сметаат со 3 години тоа учење на медицински факултет смер сестри. Истото се учи како во средно во глобала.
Дојдите да работете во аптека па да видеме дали ќе зборувате дека техничарите се обични продавачи на лекови. И не. Не одат сите прво кај доктори да се лечат
Порано било виша школа, сега е смер на факултет. За медицински програмата е 6 години, плус додека се земе лиценца, 7.
Малку сум оф-топик, ама за муабетот поврзан со знаењето или незнаењето на различни професии, мислам дека треба подобри разграничувања да се прават околу тоа кому која е улогата. Значи, нормално дека доктор треба да е запознаен со супстанциите кои се потребни за лекување/третирање на одреден проблем, ама јас како што сфаќам, фармацевтот е тој што има подобро разбирање на влијанието, дозирањето, консумирањето на лекот. Во спротивно, немаше да има потреба да постои фармација, докторите ќе го учеа цел нивен материјал, со толкава деталност. На пример, оваа грешка особено е изразена во нутритивните науки, каде доктори редовно тврдат и препорачуваат погрешни работи. Диететичар би требало да е посоодветен за консултација поврзана со исхрана, иако кај нас не знам ни дали постојат диететичари. Поентата ми е, се согласувам со тоа дека фармацевтите во аптеки не би требало да се сметаат само како продавачи (иако не негирам дека постојат и такви што немаат врска, како и во секоја професија) и не ми е чудно фармацевт да коригирал доктор...
Точно така. Толкава наука и предмети, но не, продавачи биле, небитно било, нека им делат туку така дипломи, а ако ти утне лек и доза може и фатално да заврши некое дете или човек недај боже.