Веќе нема вонредно средно медицинско

Дискусија во 'Образование' започната од Snowflake99, 22 март 2023.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Модератор: Ве замолувам да се држите до темата, за да не морам повторно да бришам мислења.
    Благодарам за разбирањето.
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  2. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Паметна одлука. (y)

    Со 1 година учење никој никогаш не може да биде медицинско лице. Колку што сака нека биде паметен и амбициозен, материјалот кој е потребен да се совлада е невозможно да се изучи за кратко време.

    Познавам многу кои завршиле со пари, или многу пари и сега се медицински сестри овде или во Германија.

    За овде ќе разберам и онака ништо нема врска. И со средно козметичко ќе вработат во болница. Но, во Германија?

    Пракса имаат онлајн, со што гледаат видеа на интернет. :!: И утре истата таа личност ќе те превезува, става систем или боцка. Не, фала. :whew:
     
    На mssuniquee, Snowflake99, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Инаку, да додадам и за муабетот со праксата: не можам да коментирам за другите факултети, ама за мојот, со сигурност тврдам дека иако на факултет учевме потешка материја, на повисоко ниво, тие со средно имале многу повеќе пракса. Всушност, нашата задолжителна мизерна пракса на факултет беше само про форма (набљудување на работата на другите), колку да се каже дека сме имале пракса. Што можеш и да направиш во 5-10 дена, додека почнале да те „обучуваат“, тебе веќе ти завршила праксата... Важно в канцеларија им конвертирав фајлови во пдф документи :).
     
    На *Amethyst* и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  4. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.726
    Пол:
    Женски
    Во клиника одевме на пракса, а можеше и така потпис да добиеш, секој различно. Лично имам родители доктори и можев да ја искористам опцијата, но сакав да научам и си одев на пракса. После на работа нема татко ми да работи наместо мене, пациентите ќе чекаат јас да ги боцнам. Ако бараш да ти покажат, ти покажуваат, ако не се замараш едвај чекаат да те откачат, да не им сметаш. Јас ги замарав, досадна бев, сакав да научам. Пракса има, на тебе е колку сакаш да научиш, од лично искуство.
    Бидејќи кај фармацевтите имав многу блиска другарка, тие одеа кај приватњаци на пракса во аптека, таму уште построго ги држеле и работеа доста тие што сакаа да работат. Другаркава идеше цели смени на пракса летно време, приватно плус знаеш како е, работеше, учеше, продолжи и факултет тоа, стварно ја интересираше работата. Имаше и други што така поминале, преку врски и луѓе ама тоа е на твоја одговорност, најчесто слаби ученици што беа и не се замараа. Затоа викам, секаде има секакви, но голем дел се трудеа да научат што повеќе, зошто тоа ти е идната работа. Не може сите да се стават во ист кош, дека не сите учеле и се труделе, немале пракса, не знам ти што. Редовно завршени има многу што се квалитетен кадар, стојам на тоа, сум видела, познавам такви луѓе.

    Вонредно како што знам немаат ваков тип пракса и немаш избор да научиш, плати и полагај е само...
     
    На Гладиоли, *Amethyst*, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  5. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Како и да го наречеш во принцип е истото. Само што како средно стручно е 4 години а вака 3 а би требало според некои поголема важност да има. И јас сум во таа бранша само од многу поодамна. Имав колешка на работа со таков факултет како што се нарекува сега а тогаш беше виша школа. И таа колешка прво беше период кај мене на пракса ( а јас со средно).
    Работата е таа и затоа и се вели стручно школо. Нема да биде повеќе сестра ако го учи дупло или па некој што учел сосем друго па се запишал на тој факултет значи дека повеќе знаење има.

    Многу е не фер да се каже ништо не учите. Слаби ученици што влегле со врски , залутани души има секаде па и во медицинско но сепак медицинското важи за тешко школо што вклучува обемна теорија и пракса.

    Тие опции за вонредно затоа и немаат никаква смисла и не би требало ни да постојат воопшто.
     
    На NoirSerpentine и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    11.013
    Пол:
    Женски
    Германија се болничари по старечки домови. И со редовно и со вонредно.
     
    На Dilajla123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Точно,освен некои што дополагаат во Германија,па може да работаат како медицински сестри.
    Како медицински сестри можат да работаат директно,само со диплома од високата медицинска школа во Битола и Медицински факултет Скопје.
    Исто така да кажам ,ми олесна кога прочитав дека нема повеќе вонредно.Професорки од медицинско кај нас револтирани беа од овие вонредниве ,зошто знаеа со колкаво знаење завршуваат .
     
    На cooll и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    10.021
    Не налетале на неспособна матична која не ги перципира два посто и им дава антибиотик без пробиотик, лоратидин без да им објасни колку ќе се поспани итн итн итн. Фармацевти ми имаат помогнато стопати повеќе од неспособната матична, што фала богу ја сменив.

    А од тие сестрите со вонредно завршено и пикнати партиски што ги правдате некои, ви посакувам да ви земе крв една само па со цела модра рака да шетате две недели. Одлична одлука.
     
    На Anemona, forumce, Snowflake99 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.726
    Пол:
    Женски
    Пак земаат огромни странски плати и се некакви медицински лица. Да останеле тука со само гимназија завршена, да не им било вонредно средно на некои од тие земено немало да работат ни тоа.
     
    На Dilajla123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.076
    Пол:
    Женски
    Секојдневно е ова.
    Генерално матичните кај нас скоро никогаш не препишуваат пробиотик со антибиотикот
     
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Јас имав ужасно искуство со матичната. За болки во грло без крвна слика или брис ми даваше антибиотик. За брис за ќерка ми јас и кажував да направиме. Буквално си ги трескаше дијагнозите од ракав. На такви би им забранила да лекуваат, а плус па и бебиња носат кај неа. :worried:
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Тоа да,стручно училиште си е стручно,имаш повеќе шанса наспроти гимназиско,но тоа е веќе друга тема.
     
  13. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Споредба помеѓу вонредно на факултет и средно нема потреба да правам. Не треба воопшто да постои и одлукава е сосема на место.

    Исто така нема место за споредба средно и факултет (редовно).
    Материјалот за факултет е далеку пообемен што е и нормално. Средното е пониско ниво и служи да ти даде некаква основа. Инаку тоа што се учи во средно едно полугодие, на факултет си го поминал првата недела.
    Затоа и оние кои завршиле факултет се фармацевти а другите се фарм. техничари. Проблемот е што има или барем имаше закон на смена задолжително да има барем еден фармацевт, а никој не го почитува. Не велам дека фарм.техничари со самото тоа што се среќаваат често со одредени дијагнози, лекарства и дози немаат веќе некакво познавање. Ама стојам позади тоа дека немаат доволно знаење и не треба да работат сами.

    Што се однесува до пракса за медицинските сестри, не можам да тврдам ама мислам дека @Snowflake99 е во право.
    Во средно медицинско се оди во текот на школската година на пракса како и во лето. Не мислам дека праксата е многу поразлична од онаа во више медицинско или како и да е називот.
    Верувам дека оној кој е заинтересиран и сака да научи, ќе го направи тоа.А секако има и такви кои сакаат само да се шетат. Во никој случај не треба да се генерализира. Секако во овој случај нема никаква споредба со лекар и мед.сестра.
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, Snowflake99 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Anemona

    Anemona Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фармацевтските техничари ИЗДАВААТ лекови, лековите не се продаваат, аптекарската работа не се состои од само издавање лекови, за да биде квалификуван аптекар мора да застане на пулт и да знае да го протолкува рецептот, да издаде лек да советува и да помогне. Комплетно погрешно е разбрана во нашава држава аптекарската работа и многу е омаловажена. Точно за ова се криви таканаречените вонредни студии и изборот на кадар за работа во аптека.
     
    На *Amethyst*, NoirSerpentine, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Прво такво нешто како "вишa школа/виша сестра" не постoи повеќе. Постојат факултетски тригодишни стручни студии за дипломирана медицинска сестра со времетраење од три години како што е во повеќето европски земји (некаде и 4 +/- со магистратури , стручни специјализации итн).
    Инаку ова е паметна одлука но ако гледаме реално и на факултетите вонредните студенти не се ништо поразлични. Да не ви зборувам како им се попушта и како ги проаѓаат испитите без да знаат кој предмет го полагаат (да,да буквално не знаат како се вика предметот или што му е предметната програма) а имаат 9ки и 10ки во индекс. Ние немаме услов за т.н вонредно студирање , да не зборувам колку е мизерен квалитетот на наставата на нас што сме редовни студенти на медицински факултет а не па за вонредните кои се запишани само за тоа парче хартија после тие три години што ќе им донесе плус $$ во платата.

    Кај нас и редовното студирање е пред колапс ама кој да направи нешто. Сестра со високо образование треба да знае покрај стандардната нега што ја извршуваат сестрите со средно медицинско образование и да интерпретира одредени наоди во зависно на одделот кај што работи или да асистира во посложени интервенции. Фарм. техничар покрај себе мора да има супервизија од дипломиран фармацевт. Медицинскиот лаборант - техинчар врши најчесто собирање на биолошки материјал (крв) и негова обработка но дипломираниот лаборант/инженер на факултет мора да знае лабораторискиот наод да го интерпретира и да знае да соработува со лекарот со цел да му се постави точна дијагноза на пациентот. Се ова би требало вака да функционира ама кај нас сестрите со тие курсеви им се доделува задача да собираат биолошки материјал , да аплицираат терапија и ред други работи а сестрите кои што учеле 4 години средно медицинско и плус 3 години факултетско образование што сума сумарум имаат 7 години сестринско образование ќе работат шалтер и администрација. Длабока е дупката со овие проблеми кај нас ама се знае зошто не се решаваат , пошто буџетот се полни од тие вонредни студенти , преквалификации и курсеви... жална Македонија.
     
    На *Amethyst*, NoirSerpentine, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    А кој тоа ова го легализирал и решил дека е добра одлука in the first place?
    Како и да е, се знае како се станува сестра, одлукава е исправна.
     
    На NoirSerpentine, cresa-jagoda и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  17. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.726
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што си реален и што си сфатил колку е саат во нашава држава.
    Се за пари се прави, затоа постојат такви смерови и на се живо и диво му се даде диплома.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    upload_2023-3-23_18-30-47.png

    Еве пример што нестручноста на една медицинска сестра може да доведете. Прежално , немам коментар
    На девојче со гликемија 9 му даваат инфузија со глукоза, не знам само како можат ова па и обичен лаик кој нема допирна точка со медицина ќе сфати дека е погрешно а не медицинско лице. Господ напомош само тоа ќе кажам.
     
  19. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Машки
    Ај да се воздржиме од палење вештерки пред време, како за почеток медицинска сестра на своја рака не става инфузија.
     
    На *Amethyst*, joy1, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Женски
    Измислија "факултети" за сѐ, штом имаш факултет за секретарки/администрација, ништо не е чудно повеќе. Целиот концепт на образование и знаење се измести скроз, и тоа единствено за пари. За десет/дваесет години ќе треба специјализација/магистратура/докторат за медицинска сестра (или секретарка у кадровско), и пак ќе има куп луѓе што нема да знаат да потрефат вена или да напишат барање/соопштение и слично.
     
    На cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.