Медицинска сестра го дава она што ДОКТОР го препишал. И овој што го напишал статусот е толку писмен..
Луѓе кај сте виделе доктор да ви зема крв, или да ве боцка во газ инјекција, или инфузија да ви менува? Освен стоматолог кој што става анестезија јас друг доктор не сум видела да земе шприц и игла во раце (не зборам за оперативен зафат, вадење на течности од апцеси, локални анестезии и слично). Докторот препишува што и како, мед.сестра аплицира. Во мое време не ти се потпишуваа професорките на дневникот од пракса ако немаш боцкано мускулно и поткожно минимум 10 пати, а да не збориме за земање крв и приклучување и исклучување инфизуја. Некогаш и канилата кога сум ја вадела ми стоела над глава професорката за да види фластерот како го вадам од пациентот. Роднина ќе завршеше вонредно на курс за сестра, ама откако сфати дека и се лоши кога гледа крв сфати и дека џабе ги даде парите. Добра одлука, требаше многу порано да ја донесат. А што се однесува до вишата медицинска пдносно тригодошните стручни студии, по мое не се потребни. Виша сестра, сестра на Оддел и слично порано се стануваше со искуство и со амин од другите вработени. Не сум веќе во таа фела за да знам како е сега
ќе речам, ШУЌУР. кој си сака медицина, нека си потроши фул тајм на едукација, како што и треба. Човековото тело е најкомплексен систем што постои на светов, и не се учи за месец-два
Не знаев ни дека е возможно да станеш медицинска сестра со вечерно училиште Таман си е одлуката, не треба да постои ништо такво во било која професија која директно се занимава со здравје.
Па кој ли воопшто помислил да им даде така дипломи, срамота.. Дозволија така да се завршат вечерни школи и факултети преку ноќ за партиски полтрончиња да се стават на функции на времето.
Тоа и до сега недостасуваа медицински сестри, за понатаму Господ нека ни е напомош. Евентуално ако појачаат со уште 2-3 редовни класови, па да не се почувствува тој недостаток.
Според мене подобро е што укинаа, вонредно многу помалце учат а на крај им ја земаат работата на некои што се имаат 4 години утепувано од учење.
Не треба да има. Тоа им доаѓа како курс, без практични вежби и после не знаеле сестрите, неквалитетно здравство. Како што спомна еден член погоре- ја зимаат работата на тие што учеле 4 години и оделе на пракса цело време.
Фала Богу му текна некому да го стори тоа, и онака земаа дипломи туку-така колку да заминат во странство.
Во Куманово од болничарки, со вонредно средно биднаа мед сестри (партиски запослени или што се улижувале за поголема позиција)
Конечно нешто паметно им текнало да одлучат. Задоцнета одлука, но подобро некогаш отколку никогаш да ја донесоа. Доста со вечерно преку ноќ стануваа медицински лица.
Знам, јасно ми е. Мизерија од држава сме, диплома нема вредност кај нас од вакви работи што има, се зема туку така.
Здравството го упропастија. Не треба никогаш да се меша со политика, со собирање партиски поени и вработување партиски членови што земале дипломи на сомнителен начин. За човечки животи се работи.
Не знам што се чудите како да е од вчера партиското вработување.Се по државни институции е примено на тој начин.Прво се прави списокот кој ке се вработи па се пушта формално оглас(ради реда). Негувателки и воспитувачки стануваат исто со курс и купена лиценца.Полицајци се примаат секоја год по 600 души и со едно месечна обука.Ги читам еве во темата за оглас за полицајци, една реченица асално не знаат да состават.Ама утре на улица со значка шерифи ке играат. А и да не заборавиме дека терорист ни седи главен на собрание.И он дипломата си ја купи на 50 год. Така да сестрите не се единствен проблем во оваа одамно пропадната држава.
Па не е од вчера, само сега кога се пензионира веќе стар кадар што имаше знаење се гледа на големо какви недостатоци ќе имаме сите поради тоа што со години се случуваше.