1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ве молам помогнете

Дискусија во 'Канта' започната од Barbie-lovee, 1 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie-lovee

    Barbie-lovee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Здраво :)

    Значи имам голем проблем, имам 16 години а имам 70 кила а сум 170 висока...
    Значи исто така и сум активна ракометарка,и скоро цел живот внимавам како се исхранувам.
    Имам проблем голем што се случива веќе 2 години неможам 4,5 дена да одам ( во WC,по голема нужда)... :(
    Сум пробала исто така и многу диети и најмногу можам да ослабам 2 кила за 2,3 месеци
    Мајка ми е медицинска сестра и се реши да ми помогне.
    Сега почнав да користам и апчиња за слабеење,пијам секакви чаеви,насабајле јадам само овошје,веќе 3 години не јадам после 7,но и тоа не помага кога веќе 2 ипол недели ги користам апчињата а имам ослабено само 3 кила,другарка ми истите ги користи има ославено 7 кила :(
    Исто така сите ми викаат како демек сум малце дебела,дека треба да ослабам :((((((
    И тренерот ми се дере,дека треба да ослабам неможам да скокам како што треба така вика он :worried:
    Сите ми набиваат комплекси,нема да ми биде жал ако јадам а сум дебела,ама јас јадам нормално како сите а никој не ми верува.
    Мајка ми и татко ми решија исто така и оваа недела да ми купат некоја справа за вежбање,значи јас не сум дебела ама сите ме навредуваат и тоа многу ме боли :worried:
    Тие апчиња ми сметаат кога трчам на тренинзи,но тоа несакам да и го кажам на мајка ми бидејки ако престаам да ги пијам помали се шансите барем малку да ослабам :(((
    Ве молам ако некој може да ми даде некаков совет што да пијам за да одам полесно во WC знам и за алакалах,некој сирупи исто така сум пробувала но многу малку помагаат.
    Можеби некој ќе се смее за ова,или нема да верува но верувајте ова е се вистина.Се би дала да ослабам,но сето тоа има многу мали ефекти :(((
     
  2. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    А што јадеш, т.е. како ја комбинираш храната? И дали јадеш леб, благо, пржена и мрсна храна, дали пиеш било какви вештачки сокови? Ако толку многу внимаваш на исхрана, можеби имаш некое пореметување на метаболизмот...Направи испитувања на хормоните, можно е да ти е намалена работата на тироидата....Не е можно со пазење да не можеш да ослабиш...
     
  3. Barbie-lovee

    Barbie-lovee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Не јадам пржено, многу ретко, најчесто манџи,пијам премногу вода,многу малку јадам леб може и некој ден воопшто да јадам леб,а и кога јадам најмногу 2 кришки ....не сакам многу газирани сокови и чипсови, тоа може да се случи еднаш во 2 месеца да јадам чипс со другарки..
    Денеска имам јадено една јаболка,Бејкролс и толку.добро тоа е бидејки пијам SlimLine ама и кога не ги користам јадам од сабајле некоја кифла,после школо ручек со една кришка леб и за вечера салата и одма после одам на тренинг:worried:....
    Се плашам да не е од кога добив пубертет,цревата станале премногу бавни:worried:
     
  4. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Ништо тогаш, оди и направи испитувања...Мајка ти е медицинска сестра, сигурно знае каде да те однесе...Мојот првичен предлог ти е да ја испиташ тироидната жлезда...
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Барби,отвори ја темата слабеење до лето,таму сите дискутираат за своите проблеми со тежината,како напредуваат и што применуваат и разгледај го цел подфорум диети,се надевам дека ќе најдеш нешто кое ќе ти помогне.
    Темата ќе биде заклучена.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.