Ne voopsto. Ubaviot zbor zelezni vrati otvara. Za nekoj istiot toj zbor znaci umilkuvanje. Nisto ne me nervira. Sekoja dobles e dobrodojdena.
Не ,такви не ни допираат до мене. Јас си го бирам кругот на луѓе околу , а тие од страна што пробуваат ,ги отстранувам по брза постапка на култутен начин,така да немаат простор да допрат.
Јас порано се нервирав за такви лижачи ама сега веќе не. Полоши се тие што знаат дека некој им се умилкува,а воедно и уживаат во тоа. Јас ни се умилкувам,па ни сакам некој мене така да ми прави. Тоа ти е лицемерие,а јас тоа го мразам Тие што ми правеа така одамна се избришани од животов
да многу!! поарно одма нека ми кажат што им треба може ќе им помогнам умилкувањето може да го прескокнеме (ама МОЖЕ ќе им помогнам)
Јас ги викам тие лижогазачи и не да ме нервираат ме вадат од кожа, зошто постојат такви користољубци. Инаку умилкување во позитивна смисла од блиски членови на фамилијата сакам
И јас како Петар ги препознавам глумците, но ги сакам многу природно милите личности со таква ѕвезда, тоа се толку едни слатки особи што е тешко да не им се воодушевуваш кога говорат, личности кои што изобилуваат со дипломатски талент и тивок смирувачки шарм. Би сакал и јас да сум таков, ама не сум...моите зборови се директни и во метата, како стели. Ама така и треба да биде, женското да е лакот а мажот стрелата. Жените се умилни повеке, мада има и исклучоци.
Слетал орелот на врвот на една висока планина и што да види таму... ПОЛЖАВ!! И го прашува: Како стигна до тука бе, полжаву?? Полжавот: Со лигавење, брат... со лигавење! Ее, кој ни е крив на нас кога не знаеме да се лигавиме, срц, мрц, бејби, мејби... .
И тоа како ме нервираат ја стварно неможам да ги поднесам таквите, најчесто другарка ми имат преземано зашто нели тие се ангелчиња ии прават како ќе им кажат
Во топ 3 особини кои најмногу ме нервираат спаѓа умилкувањето. Мене, на факултет, на работа... страшно... а, најтрагичното е што зад грб те оговараат откако ќе си остварат целта...или нема да си ја остварат
Изненадно - немам премногу умилкувачи запознаено, а и тие кои се, сепак не го правеле со некоја стварно лоша цел. Омилени? Секако дека не, ама дека се се толерира - да. Ако со тој умилкувач, можи да се направи нормален, разумен муабет, не сфаќам зошто ради некоја негова/нејзина особина мене да ми иди на нерви. Мене напротив, интересни ми се ситуациите каде некој се умилкува (или лажи, нели и ова е често), а овој другиот е свесен за тоа и си тера по свое ама си користи ситуација.
Одвратни ми се таквите луѓе ама тие најубаво си поминуваат во денешниов свет циле,миле,злато,душо опасни се ама треба и за тоа да умееш не може секој да се разбереме