Таквиот тип на луѓе ме вадат од такт. Претежно или се неспособни да извршат нешто или едноставно залудно се трудат да остават добар впечаток. За жал, таквите се мнозинство во Македонија.
Едноставно ги оставам да видам до каде ќе одат со умилкувањето,бидејќи не допира тоа до мене.Само ги посматрам и се насмевнувам.
Реално гледано луѓето со умилкувачки особини се повеќе се изразени, но не ме нервираат. Не се пронаоѓам во таквите постапки и не ме засега ничија намер. Не ме изненадува фактот што некои го избираат полесниот пат за да успеат, туку ме загрижува мнозинството кое со широка прегратка ги прифаќа дозволувајќи да биде предмет на манипулација. Во таа игра на лицемерие умилкувачките се би сториле за да ја постигнат целта. Свесно или несвесно се подлегнува на таквите постапки кои знаат да бидат нападни и неподносливи, па им се допушта да одат до крај за сметка на оние со умерен однос што и потешкиот пат може да ги однесе во погрешен правец. Тоа е мозаикот на македонското секојдневие.
Воопшто не се нервирам - тие не се важен фактор во мојот живот или моите цели. Напротив ми изгледаат навистина патетично. Освен тоа, многу е лесно да манипулираш со нив доколку видиш дека имаш корист од тоа ...
Да и по извесно време прекинувам било каков контакт со нив. Онака здраво и чао имаат од моја страна само. Не им дозволувам блискост за да не ме искористуваат умилкувајќи ми се. Дека сигурно не ми се умилкуваат од што многу ме сакаат туку само поради корист од мене.
Никогаш не сум се умилкувала, а и мразам кога некој се умилкува или лигаве. Уште од мала како знам за себе сум ладна кога станува збор за емоции или пак кога ми треба нешто директно кажувам, без па ова па она и секакви глупости. Од се тоа највеќе мразам да се умилкувам или лигавам. Може да се случи ама со тие што ги знам уште од мала, онака ко на заебанција нешто да речам.
Нормално дека сите не иритираат личностите на кои умилкувањето им е јака страна, но мора да признаете дека сите, ама баш сите некогаш во животот намерно или пак случајно некому сме се умилкувале, без оглед дали тоа било на шефот од работа, на родителите или пак љубовниот партнер.
Не ме нервираат тие што се умилкуваат во одредени ситуации кои што се важни за нив, се снаоѓаат како знаат, туку од такт ме вадат они што секој збор го мерат за да излезат како светици а уствари врска си нема. Само подалеку од таквите
Во основно не се замарав, меѓутоа во средно и те како. Поготово со професорине или пак се прават " божици" пред децата од класот а всушност сакаат само да не раскараат меѓусебе...
Порано им се замарав многу , особено затоа што во класот каде учев од прво забавиште па се до 6-то одд , беа такви газолижачи што ми се повраќаше што бев во ист клас со такви . Се умилкуваа за оценка затоа и имав се 3 и 4 . Затоа што не се умилкував . Не сакав да бидам газолижач како нив . Во средно ич не се замарав . Ниту пак денес се замарам . Нека се умилкуваат до утре , имуна сум на тоа
Тие што се умилкуваат го прават тоа заради внимание. Можам да препознаам дали некој е за понатамошна дружба или да останеме на површен однос. Тие луѓе ми изгледаат и дволични.