Ми се гади, ми се повраќа од нив... Порано ги толерирав уште, која светска будала... Денес не ги перцепирам, искрено.
Ептен ме нервираат, ми скокаат по ганглии. Мене ми е врв моментот кога ќе се најдам во позиција да гледам како додека не е тука некоја личност го оговараат, пцујат и според нив е најголема будала која ја сретнале. А кога личноста ќе биде во нивно друштво зборуваат се најдобро за него и толку слаткоречиво зборуваат, да не ги познавав сигурно ќе им поверував на тие убави зборови.
Не, не ме нервираат. Нивен начин на живот, нивно право. Ако наидам на таква личност, ќе се тргнам и ќе избегнувам. Гледам има доста што патат за внимание, па нечие умилкување баш им прија... таман си викам, супер си се најдоа, ќе се дружат, мене нема да ме замараат со лижачки муабети.
Порано ги презирав па после сконтав дека сите на свој начин си го трасираме патот до посакуваното нешто. Сега сум во фаза на разбирање на истите и понекогаш и посакувам да сум таква. Ама не сум, не ми дава одвнатре нешто. Идам директно, со кажување на нештото без китење, завивање во целофанче, без кезење кога не ми се кези и понекогаш осмици правам т.е додека стигнам до целта, ама битно стигам. Потешко, ама стигам најчесто. А упикувачиве полесно минуваат и понекогаш и тоа е за фалба со оглед на денешната филозофија - снајди се па живеј.
Да, интересно ми е што ми се лижат и се понижуваат. Ама ме нервира и од друга страна тоа. Као нема потреба, биди директен.Искажи се, ако се согласувам ок ако не чао
Да!! Имам таква личност во животот и сум и кажала дека не ја сакам во мојот живот, но таа не се разбира од збор.. Неможам да ја трпам..
Ова повеќе ми личи на кокетирање. Им делиш компленти за да си го добиеш тоа што го сакаш. Ако некој сака да помогне на некој тоа ќе го направи и без вложување труд. Уште па да видам нешто одватрно на некој и да му кажам дека ми е убаво ќе ме фати смеа
Srcka, mace itn. a me videla 2 pati vo zivot. Me nervira toa prepravanje, dvolicnost sto I da e. Me nerviraat ne sakam takvi ljuge I kraj. Iskrenost I samo iskrenost bez licemerie I umilkuvanje na sila.
Да ме нервираат многу. Најчесто ти се умилкуваат за да дознаат нешто повеќе за тебе. И кога ќе го добијат тоа што го сакале од тебе, ќе го искористат против тебе и ќе ти го загорчат животот. Такви лицемерни личности не му требаат на никого во животот.
Токму ова ми се случи денес. Се чудам како сум можела да бидам слепа, но добро таквите имаат силни способности па не можеш да "ги фатиш"
Овде сите не нервираат умилкувачите, а не се јавил досега ниеден од нив во коментари Значи неможам да ги поднесам, а јас пак имам маана што изразот на лицето одма ме издава и со мене избегаваат контакт(зборувам за 2-3 колешки на работа), во училиште исто имав такви кои што минеа лесно и со умилкување кај одредени професори, па и на факултет. Понекогаш во некои ситуации сакам да ја имам таа карактеристика, ама ништо тоа изгледа вродено е
Да ,посебно тие што го прават од корист ,само кога ке сватат дека ке добијат нешто од вас ,умилкување без крај.Исто ме нервира и другата страна што не забележува ништо ,едноставно си мисли "навистина добар човеков "
Ех таков е менталитетот тука, одбивност према добрина, се гледа на неа со недоверба. Затоа сите се прости, злобни, покварени и некултурни, зошто тоа е врлина на балканот.
Оффф, таквите луѓе се најголеми материјалисти, немаат емоции и намера да градат и негуваат трајно другарство/пријателство, туку целат да си ги исполнат своите потреби и интереси, додека можат да те експлоатираат и после не важиш више. Не ги можам, ми се гади од такви, едноставно игнор.