Дали се прашува вакво прашање? Нормално дека ептен нервираат. И баш размислував за ваквите прееска, за жал секогаш успеваат..
Најнормално дека ме нервираат,но не им придавам некое големо значење Сепак секогаш гледам за себе,најмногу ме нервираат луѓето што гледаат во другите, а не пред себе
Да ме нервираат и тоа како!Но си ќутам јас па тие слободно нека продолжат,не се замарам со нив Уф колку ме нервира само кога некој ке ми се обрати со сонце,срцка,злато...
Премногу. Премногу. Во мојов клас има една златна 5 - ка, што на сите професори им е умилкуваат, по нашки - им се лижат. Неможам да го поднесам тоа, многу ме нервира. Кога ги слушам, како си ги менуваат гласињата, па зборовиве од убави - поубави. Најмногу ме нервира што половина од професорите па им годи тоа, уживаат, и оп, ајде 5 него, а ние што учиме пониски оцени. Е браво, одличен критериум за оценување. На овие часови, најчесто носам слушалки за да не ме изнервира нивното однесување.
Такви има на секој чекор неможиш да замавниш со рака а да не тресниш некоа по фаца. Инаку да ама се обидувам да не мислам на на нив. Ги избегнувам и не му правам услуги. Понекогаш ми се иде да му речам нешто ама после се предомислувам, зошто па јас да си ги трошам зборовите?
Да,премногу! Неможам да поднесам неискрени работи,уште па некој свесно тоа го прави. Кога некој ми се умилкува,сигурно од страна изгледам како некоја будала,ама не дозволувам да помине таква работа кај мене
Секогаш таквите ќе успеат во тоа што го наумиле само со умилкување, а ние што молчиме ќе чекаме времето што ќе покаже. Познавам многу вакви личности и ужасно ми се одвратни, нормално дека ме нервираат -.-
Да,да и повторно да.Многу ме нервираат личностите кои се умилкуваат и секако со умилкување во се постигнуваат
Најмногу ме нервираат такви личности посебно таквите '' другарки '', ќе ти се умилкуваат вака-така, а зад грб нешто трето, колку да не се сами.. Греој
Многу ме нервират Ги мразам таквите и зато немам такви луге во околината. На пример брат ми и тој ги мрази таквите ама тој не ќути за да добие нешто. Тој е сурово директен и нема умилкување т.е. „лижење“ шо викат нашите во Битолава. Нема лабаво, само стегнато
И кај нас во Прилеп ги викаме лижачи ...ме нервираат и тоа многу но зошто баш секогаш се им успева со тоа нивното умилкување(лижење) ?!??
Е да бе ви сметаат... У реалниот живот речиси и да не гледам луѓе на кои им смета кога некој им се лиже,а сите потајно мрчат за тоа. Мене не се ни трудат да ми се лижат... уствари се потрудиле,ама... некако лицево само ме издава,па после шлапатарката од уста и ... не се ни враќаат ко стални муштерии за среќа,па после лоша сум била. Што лоша?! Ало како си ми,леле да те чујам јас...абе знаеш што, ми треба една услуга... Па така кажи си... ќе ти помогнам и све,ама немој те молам толкав увод да ми правиш. Или зависи од тебе и суптилно се пика,се пика,се пика...аман олабави,не знам што мислиш,дека сум глупа?! Им успевало секогаш...пф...не е до нив, до тие кај што наводно успева. Пошто сите им прија на его некој да ги лаже и оп,едно незгодно ги фаќа да не не им удоволат,пошто ги почешале кај што самите не можат, по комплексите и егата и тоа си е сеа...
Не да ме нервираат... На факс порано професор ќе се насмее за некоја глупост и овие се утепуваат од смеење ко којзнае што да се десило. Немаат свое мислење, или па имаат ама нели се умилкуваат па не го кажуваат за да дојдат до саканата цел. Не бе братче, што на ум тоа на друм, на кој му се свиѓа добро, кој не слободно нека ме заборави. Имам едно говедо, комшија, до мене живее, поголем лижач јас не познавам. Одвратен ми е, добар ден несакам да му кажам. уфффф!
Да!!!! Кога им требаш сите ти се умилкуваат и те сакаат, а кога не им требаш те отфрлаат како стара крпа и не те приметуваат...
Ме нервираат такви луѓе што тоа го прават од корист, само кога им треба нешто а вака умилкување од љубов ми прија