дефинитивно да..! (особено такви се оние на кои им требаш коа им си потребен/на и веднаш одиш кои те сметаат божем за '' другар/ка'', а ги нема нигде кога тебе ти е потребно нешто.. !
Премногуу Особено кога си им од корист и се умилкуваат за се па дури и за оценки од професорите ц.ц.ц....
Кога гледам такви личности ,едноставно би ги фатила за врат и нема назат ! Главата ми се осеќа како да поцрвенела па сега ќе експлодира па после ...јас само во изчекување сум
ох, најмнгу, лицемерни суштества , себични, а најмногу мразам личности на кои им е јасно ставено д о знаење да се држат настрана а тие упорно се пикаат!!! како бе ?? како е можно кога ке му речеш на некој бегај те нејкам а тој/таа упорно по тебе упорно само за проблеми да ти прави...море сите такви да ги снема -со извинување ама стварно ме нервираат.
Некогаш знаат да ме изнервираат но некогаш и не затоа што неколку пати и јас го имам направено тоа за одредена цел која ја имам зацртано.Мајка ми и татко ми тоа не го можат едноставно ќе кренат раце отколку на некој да му се умилкуваат ама затоа јас и брат ми сме на врвот за тоа инаку не го правам тоа многу често едноставно нешто ако ептен ми треба или се случува ако треба на некој да му вратам за нешто(да му се одмаздам)ќе му се умилкувам ќе му влезам под кожа и псоле ќе го треснам на земја да видат како е кога така правеле.
МЕне не ме нервираат, интересно ми е па ќе им кажувам не па да видам што ќе направат понатака Јас сум многу блиска со татко ми и почесто така му правам
Инаку заборавив да кажам. Ако се некои кои ми зборуваат зад грб нешто друго ме нервира Ама ако се добри и онака да ми прават.. ги трпам.. не ми пречи
и тоа какооо..најмногу ме нервираат, ако им треба нешто подобро да ми казат директно отколку да ми се умилкуваат, тоа ме вади од такт
Не, не ме нервираат. Не вреди човек да се нервира. Кога сум расположена ги оставам да уживаат во нивната глума. Искрено понекогаш знаат да ме насмеат до солзи...изгледаат смешни... Понекогаш знам да им кажам -Кажи брате, секо не глуми лошо ти стои. Со текот на годините добро научив да читам од очите.
барем некој да каже како успева да ги поднесе зошто јас едноставно почнувам да се нервирам ми одат преку глава и во тој момент способна сум да ги отерам кај шо им е местото
Зависи од кој доаѓа умилкувањето, за што се работи и како ќе ми го погодат моментот. Интересни ми се. Учам од нив за тоа како не треба да постапувам. Ме нервираат. Ме смеат. Им се чудам. Разглобувам околу маката за која се обратиле кон мене со умилкување. Ги сожалувам бидејќи немале како па пристапиле на тој начин. Најчесто и покрај се', завршувам со превртување на очи и мислејќи на тоа дека ги има бетер од нив и дека нервите се необновливи за да ги уништувам на такви како нив. За ова би напишала многу повеќе. Сепак ќе задржам дел и за себе.
И мене не ме нервираат, обично предвреме знам дали се умилкуваат или не, интуиција тоа е.Па ги оставам да си мислат дека нивната стратегија е успешна.Кај мене тоа не поминува, така што џабе патот.Оставам сами да се откажат од својата намера Некогаш не се ни трудам да го дадам ова до знаење, едноставно мислам дека би било доволно јасно ова.Затоа и не се оптеретувам со таквиот нивен начин на однесување. Не може човек со сила некому да забрани нешто.Тоа е тоа.