И тоа како.Се лигават за да постигнат нешто,и да,често успеваат ,но сепак ќе се откријат и ќе остават една таква слика за себе,на лигави и суштества што се преправаат.На крај,нив помалку ќе ги ценат ,а некој сигурно ќе ги зезне. Очигледно не знаат друг начин да си ја постигнат целта,а ни карактер немаат.
Да, да, да. И уште полошо - се` почесто и почесто тие умилкувања се се` поприфатени, ајде ќе речам на пример, од страна на професорите и секогаш тие добиваат, а тие кои се мачеле да стигнат до местото подоцна се поттурнувани.
Многуу ме нервираат, леелееее колку ти е убаваа косата, природна ти е? Алоо ќора ли си..ко метла ми е??? Многууу си убава, абе ај..иди на мајка ми кажи и она ме родила. Не знам само што мислат дека постигнуват со тоа. Демек повеќе ќе ги ценам....НЕ, не ми треба мене некој да ме фали, да ми дели комплименти од тоа не се живее.
Да да мразам вакви луѓе,јас ретко давам комплименти или критики секој каков сака нека си е.Мразам кога ќе ме пофалат за нешто бидејќи секогаш оставам простор да не поверувам во тоа,може и најгрдо да ти е нешто да те пофалат како на мајтап,затоа застанете си пред огледало и самите со себе видете каде и колку сте убави пред секое излегување ова ќе е најреален комплимент и без најмалку умилкување
Уфф не да ме нервираат,посебно некој шо ми се умилкуваат и тоа само ко и треба нешо или ко гледам некој како се умилкува пр на факс некој колеги/шки се вртат околу проф се буткаат лелеее Најгадни се лицемерите ти се прават ау срце мрце душичко а зад грб гроб ти копаат уффф ѓубриња
Мене да. Посебно ако не ја познавам лиЧноста. Ионака сум ладна како особа, па плус некој ако ми се умилкува постигнува спротивни резлутати, одбивен ке ми стане.
Многу ме нервира ова...Ако со некој неможеш на нормален начин да бидеш близок поради одредени причини (различен карактер, незаинтересираност) не значи дека треба у џеб да му се напикаш и насила да биде тоа шо не бива. Али ете постојат луѓе на кои тоа не им е битно и си тераат до својата цел. "За жал" таквите оддалеку и надалеку ги познаваат
Нормално! Колку вакви случаи сум имала почнувајќи од школо,па у средно,па на факс...секако ќе ги има и на работа! Најмногу што ме нервира е кога со такво понашање ќе ти го земат местото или нешто што ти си заслужил а они со едно лижење гз го добиле! Тоа е животот,мора да се бориме против ваквите неправди!
Најмногу. Значи нема нешто што ме иритира повеќе од ова. Најчесто го прават оние кои мислат дека на таков начин ќе стигнат до посакуваната цел. Сакаат со малку, или со никаков труд да стигнат до тоа што си го зацртале преку умилкување. Јас имам една ваква колешка на работа, па колку и да сакаш да ја игнорираш, не може! Од такт вади. Најлоша категорија на луѓе дефинитивно.
Насекаде околу мене се..ама вејќе што се вика на опашот не ги ставам...тие си тераат по нивно а јас по мое..
Аууу ме нервираат и тоа премногу..се умилкуваат пред мене како божем премногу ме сакаат а позади мене шират разни муабети..