Имам еден познаник кој во животот поминува лесно само поради тоа што се умилкува на се живо и диво! И мамичка и татичко на голема позиција во државава и му овозможуваат СЕ! Значи, има големи амбиции и во училиштето се умилкува на секој можен професор! После часовите ги чека на крајот од ходникот сите да излезат, и да ги поздрави! УЖАС! Се понаша како машко со вишок женски хормони и постојано се лицка!! Искомплексиран е затоа што знае дека неговото ниво на интелигенција е помало од другите со кои се израмнува и се труди со умилкување да ја ублажи разликата. Ќе слушнеш најубави зборови од него, најубави комплименти ама само ако си му од корист! Ако нема потреба од тебе... КОЈ те шиша брееее! АЛЕРГИЧНА СУМ НА ТАКВИ СТВОРЕНИЈА
Ууууу има едно девојче од клас.. постојано им се умилкува на сите наставници... пред нив е божица... многу ја мразам, сите ги навредува-.-
Ептен ме нервираат, посебно оние без осет што се лигушат само да се упикаат некаде или добијат нешто, без притоа да им е гајле што мислат другите.
Да, тие луѓе се далеку од искрени и не прават ништо од срце туку од што ќе им донесе плус за понатаму.
Ме нервираат и тоа како.Пред мене кукла, зад мене подмукла. Најтрагично е што тие мислат дека ние не знаеме дека ни се умилкуваат.
Пола клас се вакви кај мене Бог да чува е тоа. Користољубиви личности. Да не си имате работа со такви
И тоа колку... За жал ова е нивна ера.Тоа е формулата за успех.И не е тајна,туку добра позната.Кој може да ја применува ќе просперира на секој план.Ама јас не сум дел од таа популација...
Не ме нервираат, ОД ТАКТ МЕ ВАДАТ ..... Јас кад волим ВОЛИМ,ал кад не волим КОЛИМ ... немам златна средина ...Мразам такви луѓе што се умилкуваат
Да,многу ме нервираат,имам јас неколку такви во одделението и кога ќе почнат да им се умилкуваат на наставниците ми иде една шлаканица да им удрам
Ужасно ме нервираат.Премногу ги има во комбинација со другите нивни особини не го заслужуваат зборот л-у-ѓ-е!
ааауууу... не да ме нервираат ме живцираат... како можат така бе некои и цел живот така се провлекуваат секаде за жал