Да да имам такви школски со некои се лсучува во текот на денот ич да не прозбориме не дека сме скарани туку ете така не сме блиски. Ама ко им треба нешто се вртат околу тебе ти се умилкуваат те гушкаат дај бесплатни на вип, дај да пишам порака, дај 20 денари, дај да се укл на фб и ред други глупости. Лигуши!
И тоа како! Размазени лигувчиња кои мислат дека се во животот се постигнува и добива со умилкување и глумење лудило. И опседнати со тоа сите да ги сакаат.
Обично кога некој ми се умилкува значи дека му треба нешто од мене или претходно сум го 'воспитала/карала' како да кажам. Сепак не сакам умилкувања.
Умилкувачи во животот ќе сретнувате на секој чекор - НЕ СЕ НЕРВИРАЈТЕ!!! Од дечиња во градинка, ученици во основно и средно, до возрасни луѓе на работа - умилкувачи насекаде околу мене!!! Ужас!!!
Не ме нервираат, интересни ми се за набљудување. Просто се воодушевувам до кои граници стигнуваат некои, не сфаќајќи дека се провидни како воздух.
На мене никој не може да ми се умилува,зошто за сите освен луѓето што ги сакам сум камен. Не се претставувам како личност која лесно се убедува, со која лесно се разговара или манипулира. Па не ни прообуваат. Мислат дека сум многу лоша. А блиските не се такви умилкувачи, па немам проблем со нив. Гледам од други луѓе, како на мајка ми се умилкуваат, на дечко ми, на некои пријатели.... ми иде да им врзам по една колку одвратно изгледаат, ама што ке се прави имало и ќе има такви луѓе. АМа па има и луѓе кои само доброто го гледаат во луѓето и се горат од тие умилкувачи, лицемерни....
Зошто би им дозволила да ме изнервираат? Смешно и патетично ми е кога гледам како ја користат својата слаткоречивост за да дојдат до одредената цел, која што или се неспособни или се премногу мрзеливи (уште полошо) да ја остварат на потешкиот начин. Од друга страна, морам да признаам дека се многу чести и успешни, заради тоа што премногу им годат на луѓето кои постојано имаат потреба другите да го хранат нивното огромно его, и заради тоа што токму таквите луѓе често се на високи и авторитетни позиции, лесно се купуваат со неколку комплиментчиња.
Не,ама ме нервираат личности што доминираат што се најпаметни се знаат а незнаат дома г*** да си го избришат.
Бубаче бе ѕвер најголем си ти,ако си изнервирана нешто оди во испукај се,тука муабетот е за улизувачи а не за такви Иначе не ме нервираат,искрено гајле ми е за нив како сакаат нека си го тераат животот и незнам шо толку се замарате со нив си постојат и паразити и идиоти и океј ми е бе без нив светот немаше да е вака шарен и интересен
Не, не ме нервираат, всушност ме смеат. Многу е смешно колку сета таа стиуација изгледа патетична од страна и се приметува од далеку таа намера, колку и да мисли дека суптилно го изведува тоа умилкувачот. Од друга страна ми е жал за таквите луѓе кои тоа го сметаат за свое најголемо оружје и единствен пат за да дојдат до целта која ја намислиле. Не се умилкувам и неможам да се замислам во таква ситуација, мислам дека ужасно би глумела умилкување.