За тоа треба да реагираат социјални служби. А која воспитувачка или негователка сака да ризикува плата од 15 000ден. и отказ? Знаеш како е кај нас, одма ќе ѝ се фатат за тоа дека се меша каде што не ѝ е место. Затоа реков, сите знаеме како треба да биде, ама прашањето е како пополека да почнеме да се справуваме од некаде. И мене ми е жал ако детето е злоставувано од дома, ама повеќе ми е жал за моето и останатите, кои ни криви, ни должни го јадат стапот од понеделник до петок, затоа што на родителите не им чуе, а воспитувачката и негователката се немоќни да направат нешто. На крајот на краиштата, и нив најмногу ќе им одговара да се среди случајот, затоа што недај Боже ако се случи нешто, тие ќе бидат криви на прво место.
Јас сум за задолжителен видео надзор и пристап на родителот кон истиот со корисничко име и пасворд. И дај не ја правете смешна работата, детето било во развој и ќе се потресло ако е набљудувано. Тоа многу ќе разбира што е видео надзор и што значи да е снимано. Видео надзор секаде, освен во тоалети, ама пред тоалети да, чисто за да се види како се почитува приватноста а не како што кажа феминка22, машки да влегуваат кај женските додека се во тоалет, тоа може да предизвика траума кај дете. Камери и во кујна за да нема пакување пола храна за дома, увид во миење садови, хигиена. Ако се нафатиле да бидат негуватели ќе си ја вршат работата како што треба а не да се гади да му смени пелена на бебе кога ќе се искака и да го остави такво или неизбришано. Ако не знае да јаде само да му помогне. Камери во гардероба, често се случува мистериозно да исчезне некое ново и убаво парче облека, обувки. Нема што да се лигават вработените дека им смета надзор, зар во другите институции како не им смета, во банките како не им смета. Плус овде се работи за грижа на деца. И кога се вработува, прво треба да се истражи за личноста кандидат за негувател, неговите животни навики а не како што спомна некој за другарката што се пијанчи и се враќа наутро од излегување. И уште една важна работа, пушачи да не се вработуваат или барем строга забрана за пушење цигари внатре и надвор во градинката, а не се научиле кафе и цигара неколку пати дневно и така со немиени раце од цигарата ќе им послужува храна или ќе им менува пелени. А и усмрдуваат на цигари и внатре, тоа при работа со деца треба да биде строго забрането. Работата во установи со деца треба да биде најстрого уредена, со правилник за ред и дисциплина, работни задачи на секој профил вработен и родител да може да приговара Само во случај кога е прекршен правилникот, а не на кој кога ќе му текне. Треба многу промени во оваа област, строгост во селекција на кадар, строги правила и санкции, видео надзор, права на родителот, соодветна плата за вработените.. Ама се одеднаш средено а не едно по едно.
Проблемите во функционирањето на воспитно образовниот процес во градинките,нема да го решат камерите. Децата по член 7 имаат право на приватност и со снимање на реалити шоу во градинки тоа право загарантирано со конвенција ,им се нарушува. Легитимно право на секој родител е да одбие неговото дете да биде снимано,што тогаш?! Да бараме функционирање на системот и вработување на квалификуван кадар ,а не партиски. Кај нас бараа снимање и во училиште,да се провери како работи учителката и како се одвива часот.Извинете ама не ме пере параноја и не сакам да бидам надзорник.
Ако е поентата да се корегира однесувањето,а по Орвел 1984"ајде да снимаме се"и да бидеме она што некој друг сака" Нема долгорочен резултат.Само кракорочна корекција на однесување. Потребно е насочување на проблемот на право место,поголеми контроли на кадарот во градинките,а такви органи постојат,а не снимање на децата. Ке снимаме во градинка,во основно/средно училиште,во институции за работа со деца со посебни потреби,во домови за деца без родители,на улица, во институции.....секаде Во што ке се претвориме луѓе со таа комплетна недоверба?
Снимки не би барала ако некое детенце го мавне моето чувај боже па да тужам.Ама ако се сомневам или некој нешто потспомне или па недај боже да видам дека воспитувачка ми го тепа детето или го казнува на некој умоболен начин,па тогаш и те како ќе си сакам и снимки и се.
Мојата се врати изгребана под десниот образ .Ама ептен длабоко.Мене ми кажаа воспитувачките од некоја канта се изграбала сама.Може и некое дете ја изгребало ама јас останав на тоа .Кантата е.Не знам мајки дали вие се сеќавате како беше во градинка? 30 Деца една негователка и една учиталка.Трчаме се бутаме, кубиме бегаме.Имаше едно дете машко си го покажуваше половиот орган.Па јас немам трауми.А не сум кажала ни дома оти ми било срам такви работи да кажам Не сум се тепала никогаш и не сум била тепана.Ја слушавме сите учителката.Кога ќе речеше доста со трчање прекинувавме.Имавме респект оти така бевме учени.Секогаш постарите да се респектираат.Темпераментните даца одеа кај психолог.Мислам така треба и да биде.Се на се домашното воспитување е најбитно.
Уместо да бидете параноични земете чувајте си ги сами децата . Ми гребнатинка ни некое парталче нема да ви фали. Добро нормални сте со камериве? Јас ако немам доверба во некој нема да му оставам да ми чува дете. И завршена работа. Колку од вас кои децата ви одат од 7 до 17 часот во градинка сте активни на фемина само во текот на работниот ден ? Дали некој вас ве контролира колку сте вие продуктивни во вашата работа. Или додека чекате клиентот на шалтер да ги среди документите си читате на фемина, фб и слични интернет страни . И воспитувачите се луѓе. Живи суштества. Кога имаат пауза не кафе што сакаат можат да прават. Сигурно не пушат у занималните . Секој има право на пауза, децата се згрижени за тоа време не му ја мислете. Очекувате од 2 учителки да ги научат вашите деца како прво на ред, самостојност. Да јадат сами, да бојат, да научат песнички, детето да е е секогаш среќно и весело. Во никој случај не смее да има конфликт со друго дете, во случај на повреда ќе следи тужба и за учителката и за тепачите. Божемесачувај. После долгиот напорен ден на работа дали доволно му посветувате време ама квалитетно време на вашето дете со игра надвор на воздух освен во кафиќи со игротеки по можност да има девојче да ги набљудува Во градинка се буните ако во заминална се отвори прозор да се излуфтира одма ааа еве ја отворила прозор сака да ги разболи . А тоа што воздухот е како во кафез на животни никој не го интересира.
Никој не пушта во градинка туку така.Некој го пуштил ради што немало кој да го чува некој ради социјализирање итн.И да очекувам да го учат на песни и добро однесување зошто тоа им е работа.Ти кога се вработуваш си ги знаеш условите знаеш дека ќе чуваш 30 деца ако ти одговара повели ако не најди друга работа.Ама ја како што гледам се потепаа да работат во градинки значи не им е толку лошо.Фрустрациите и бесот нека си ги исфрлаат кај директорката во министерството итн.Дечињата не се виновни.И јас кога сум работела на одредени места сум допринесувала повеќе од што сум била платена ама тоа било мој избор нели
Од една страна ги критикувате градинките од друга се потепавте врски фаќање за истите. Градинките крцаат. Групите препуни со деца, од јасли групите до претшколско. Ова општо зборувам. Значи груба проценка. Не се фаќаме за детаљи. @simona_baby збориш никој така не пушта деца во градинка ? Социјализација? Извини во дивина живеете па да не гледа детето жив човек околу него? Или друга е причината.
Очигледно мислиш од љубов ги праќаме во градинка. А не дека треба некој да заработи па мора. Секој сака детето да му е чувано. А не негувателка да го посипе со врело кафе дур детето спие, да го затвора во шкаф да го јадат бубачките, да се дере дека е безобразно и психички односно вербално да го малтретира. А пошто има стока народ во нашата држава-да. потребни се камери. И да- нормални сме. Пошто погоре праша па да ти одговорам. Очигледно твоето дете не било посипано со кафе врз глава и нема да носи белег за цел живот па затоа сме ти ненормални. Ептен се возбудивте а не гледам зошто. Ако немате што да скриете нема зашто да ви пречат камери.
Социјализацијата за деца во тие години е најдобра со нивни врсничиња, не со баба и дедо или стринке/тетке. Соц. е процес при кој со интеракција го сознаваме животот и се оспособуваме за истиот. Да ти се надоврзам на постот.Може нема кој да го чува а жена неќам дома да ми доаѓа.Што да правам тогаш?Со мене на работа да си го носам детето?Многу е подобро во градинка него дома. Зашто да нема камери?Од кај да знам со какви луѓе ќе ми е детето во околина?Зашто моето дете да не оди во градинка ради некој што има напади на агресија?Има психолози психијатри таму нека си ги вадат испадите не на други деца.И наставничките исто
Нели во некои градинки, при уписот, родителите потпишувале дека поради големиот број на дечиња во групата воспитачите се ослободуваат од некои одговорности(или некако слично преформулирано)? Значи свесно не само што васпитачката се нафаќа на работа со тие 30 дечиња(оти нема избор де, сметки треба да се плаќаат), свесно и родителот го става детето во таква средина и група каде е многу очекувано без соодветен надзор да е со какана пелена/влажно/недоволно анимирано...
Социјализација не значи само градинка, многу пати е кажано и потврдено, да не се повторуваме. Градинка пак за дете во првите години од животот воопшто не е препорачлива, многу подобро е за дете тој период да го помине дома, сега ако се мора -се мора. Но да не мораш а да пушташ дете од годинка или две во група со 20 или 30 други деца и една или две жени со нив и да очекуваш таму ко во цртан филм да е, само реинбоус енд саншајнс...очигледно во заблуда си. Малтретирање, агресија, насилство никаде не се прифатливи но повремено закачање, гребаници, крадење играчки, играње само во ќош или отфрлање од другарчињата понекогаш, ќе се случи. И тоа, замислете, е дел од таа социјализација. Ако вие сте преосетливи и драматизирате на секое, такви ќе станат и вашите деца и ќе им се јави или зголеми одбивноста кон градинката.
Да точно никој не пушта дете во градинка туку така.Набројав повеќе причини зошто едно дете оди во градинка а ти се фати за социјализација.На многу дечиња кои имаат проблеми со говорот им е препорачано од психолог да одат во градинка и да не редиме кои се уште причини постојат.Значи јасно ми е на што алудираш дека некој пуштаат во градинка за да си тераат кафиња и да одморат по дома.Не викам дека нема и такви случаи.Јас пак ќе се повторам децата се закачале меѓусебно и ќе се закачаат.И за тоа не ми е потребен никаков видео надзор да се докажувам и тужам со родители,ама ако има физичко психичко зчќлоставување од страна на воспитувачот и те како ми треба. И ако толку те интересира да во дивина живееме не сум способна да си го социјализирам сама детето па размислувам да го праќам во градинка.Ама со такви воспитувачки секогаш кога ќе посакам да го пуштам се предомислувам.
Ама во параноја преминува ловењето на деца тепачи/апачи/гребатори и налудничави воспитачки. Посебно кога пред очи се сите главни проблеми.
така. воопшто не е фрка црвено газе и модринка зашто беснее. проблем е ова горе што го набројав и начинот како членката се изрази ко ние малоумни да сме. па уште дали сме нормални зашто така мислиме. Може и она е ненормална за нас ама не видов некој тоа да и го рече. срамота.
Баш тој видео надзор крена фама и предизвика сомнеж кај родителите. Да не излезеа од ,,границите'' снимки од видео надзори немаше да постои дилема дали е потребен надзор.