Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Така де, ќе ја пријавиш фино лепо таа теткица дека не работи како треба, ќе отворат камери и можно е да ја пратат со доказите на дисциплинкса или во најдобар случај да добие отказ.
     
    На toogood и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    Употреба на телефон, или интернет сајтови кои треба да се достапни, во текот на работното време е друга тема.
    Доволно е ловот на агресивни деца и насилни воспитачки. Не мора и феминки или мрзливи воспитачки во една иста акција.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Подобро да се спречи, отколку да се лечи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Ја тегнеме безпотребно..јас сум ЗА, ти си ПРОТИВ видео надзор...само кажи ми зошто??
    Толку барам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Значи за да го контролираме туѓото однесување.
    Еве размислувам зошто.
    Да напоменам дека порано имам работено во градинка.Ја знам ситуацијата,не се сите негуватели или воспитувачи неодговорни па за да ги контролираме.
    Зошто не.
    Во јавни и државни институции,не те снимаат само тебе,не те снимаат кога ке глумиш мечка или балерина кога ги спремаш за приредба,не лежиш оптегната на под после утринско вежбање со децата.
    Ке се изгуби слободната спонтаност во активностите.
    Ке изгубат децата.Се сеќавам еднаш симулирав дека дишам како морж ,за да им укажам дека треба да вежбаат за да не бидат ко мене,се смеевме сите.Не би го правела пред камера.
    А и камерите во државните и јавни институции не помогнаа во ефикасност ниту во контрола,што корист од нив .
    Луѓе се навикнуваат на камерите и имаат краткорочен ефект.
    Да се разбереме јас сум против камери секаде.
    Кадарот во градинките има контрола над нив,таму треба да се насочиме.
     
    На Harper, kalinaka, karak и 2 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    Против сум кога секој родител кој мисли дека неговото детенце било неправедно турнато, додека стоеле во ред со групата, а воспитачката не била запелена до нив, ќе тужи.
    Против сум дека детенцето, односно неговите родители, кое гребало или апнало друго детенце, ќе добие тужба од други родители.
    И да не редам.
    Се претерува.

    А суштината на проблемот е многу подлабоко. Ако сака да се спречи, а не да се лечи, треба многу подлабоко да се извршат промени, не само да се снимаат воспитачките. Треба да се избркаат тие што се веќе пријавувани и добро познати, да се прими нов кадар, и далеку подобра селекција и обука на истиот пред да им се довери работа со деца.
    За мене снимањето не е никакво решение, барем не долгорочно.
    Замачкување очи и нешто со ограничен и краток ефект.
     
    На Harper, karak, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Да дополнам.
    Затоа што му се нарушува приватноста на детето.
    Член 7 од правата на децата.
    На нас е дали ке го почитуваме или со контролирање,ќе ја контролираме сопствената несигурност.
     
    На karak, Annath и An-na им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Ако има камери, достап родителите само во случај на поголем инцидент или во случај на тужба. Еден куп родители инаку ќе може да ја гледаат воспитувачката како работи, генерации и генерации ќе поминат низ нејзини раце. Во помали градови тоа значи скоро секој да те има на око. Мало сутра да дозволам такво нешто да сум воспитувачка.
     
    На Harper, EuHenIa, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    А како да е сигурен човек ако остава дете во препреполна група со премалку кадар. Дома 3 едвај ќе ги допазам, не па 30 да ми се.
    Или пак ако веќе е јавно познато дека е вработено(и никако да се избрка) лице кое не е соодветно за таа позиција.
    И како е камерата решение тука?
    Горе исто сме пишале.
     
    На Annath, An-na, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Значи, камерите не се за да се види дали дете гребнало или удрило друго дете, туку во случај ако негувателка психички или физички малтретира дете, па да може родителот да реагира и да се сменат некои работи.
    Моето дете беше малтретирано психички и физички од негувателки. Имаше период кога од страв и трауми не сакаше да стапне во градинка. Колешките се штитеа меѓу себе, јас освен зборовите и однесувањето на детето, со ништо друго не можев да докажам дека сум во право. Ама со жалење постојано кај раководителката на градинката, разговор дека доколку таа не превземе соодветни мерки ќе одам и кај директорката, работите се сменија. Тргнати беа од групата и опоменати дека ќе се превземат посоодветни мерки доколку не се сменат.
    Да имаше видео надзор ќе беше многу полесно за докажување.
    Од друга страна, беше постојано малтретирана од девојче од групата цели пет години. Дур беа мали ја гризеше по образи, со крв и модрици од јак угриз ја зимав. Па ќе земеше со играчка на грб кожа и дереше. Кога пораснаа ја навредуваше постојано со најпогрдни зборови. Родителите беа запознаени и одговорот им беше: Деца се, што ќе им правиш, така растат, де па ти твоето многу осетливо.
    Зборот ми е дека негувателките не можат да превоспитаат невоспитани деца. Кога родителите мува не ги лази за лошото однесување на децата, негувателките се немоќни.
    А јас како родител, додека сум на работа и сум приморана да си го оставам детето во градинка, сакам соодветно и одговорно да ми го чуваат детето, да не си ги лечат фрустрациите од дома. Ако не се задоволни од платата, не можат психички или физички да го издржат напорот со многу деца секој ден, нека бараат друга работа, а ако веќе се нафатиле да работат со деца, тогаш ќе почитуваат правила и совесно ќе ги чуваат.
     
    На referentka, Feminka22, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    Што е голем е дискутабилно.
    На пример, ние го најдовме детево како спие во песок, во градината во градинка.
    Ама спиела многу спокојно и не ја буделе. Беше суво, песокот затоплен од сонцето, дете среќно...и толку.

    Е други и до телевизија може ќе ја отераа работата:D
     
    На Harper, EuHenIa, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Која приватност жити бога кога е баш напротив, му го заштитуваме престојот, му го држиме под контрола неговото однесување и однесување на вработените..значи и мене кога ми ја поставија камерата ми ја нарушиле приватноста.а што приватност треба да се има на службено место..тоа само дома.
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    Ние потпишуваме кога детето треба да се снима или слика. Без потпис децата не учествуваат во настанот.
     
    На karak, Annath, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    мНОГУ УСТАНОВИ ИМААТ СКРИЕНИ КАМЕРИ ЗА КОИ ЗНААТ САМО НЕКОЛКУМИНА ЛУЃЕ ОД ПЕРСОНАЛОТ(ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО)...неможам да ја разбирам таа приватност на дете во градинка!?
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    Чудни закониве.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Не смее да се постави камера во било кој објект а да нема известување на видно место дека објектот е под надзор. Вработените мора да знаат. Во спротивно може да тужат.
     
    На Harper, karak, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Не смее така.Не смее да се снима тајно ни возрасни ни никој.Недозволено следење е тоа.
     
    На Annath, Martka и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    А дали сте помислиле дека негователките во градинките исто така можат да го снимаат вашето дете со нивните камери на телефоните?
    Тоа нели е нарушување на приватноста ?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.646
    И на фб плус да ги ставаат:D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Недозволено или не, битно е дека ги има и тие камери се отвараат за преглед само со барање од мвр.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.