Ехее, колку пати сум видела негувателка како си се слика со децата, па ги снима, па се тоа фино спакувано оди на ФБ или Инстаграм. И уште доле стојат коментари од самите родители: Колаче на мама, леле златни деца, сонца најубави итн. Ама кога се работи за социјални мрежи, тогаш ниту еден родител не се буни, а за видео надзор очи ќе ти ископаат.
Ако сите страни се согласни оти да не? Очигледно таа воспитачка има дозвола од родителите на снимените/сликаните деца за да ги слика/снима и да ги објави на заеднчки познат медиум.
Може од старт да си кажат дека не сакаат слики од нивните деца да се објавуваат. Повеќето имаат затворени групи во кои членови се родителите само на таа група во градинка.
Мојата сѐ уште не оди во градинка, па може теоретски само да изнесам мислење. Во нормална држава, со квалификуван воспитен кадар, во групи каде нема 30 и кусур деца не би била за камери. Но, во држава каде си го земаш детето со угризи, го носиш на лекар и притоа дознаваш дека си ја удрило главата, а никој не ти кажал што се случило, место да те предупредат да внимаваш да не има некакви последици, уште се обидуваат да скријат од тебе. Како човек да има доверба? Како човек да има доверба во воспитувачки кои и поголемиот дел немаат соодветно образование? Не е само, деца, се удриле или некоја ситна работа, туку и да се случи нешто не можеш да докажеш, уште и будала може да те направат. Затоа кај нас, да, да го пуштам детето да оди во градинка нема да бидам против да има камери.
Ама нели цело време викаме боље спречи него лечи. Мислиш дека на постоечките услови, со истиот кадар и бројноста на истиот, дека ќе сменат камерите нешто во секојдневниот тек на настани? Оти нели, камерата ќре се разгледа само ако нешто многу сериозно се случи?
Сосема се согласувам дека треба најмногу на условите да се работи. Но, веќе е докажано тешко дека ќе се мрдне од мртва точка, особено за кадарот. И да се направат нови градинки пак нема да се смени менталитетот, вработувањето со врски и партиски, за жал. Верував одамна дека може ќе се смени нешто, но времето покажа дека нема да биде тоа случајот. Па, барем камери да има.
Е ова, дека баш ништо не може да се смени, дека секој родител, свесен за условите или несоодветен кадар, секое утро мора дете да им остави, па барем ...
Знам, трагично е. Исто како што е трагично што се гушиме во овој воздух, што не лечат некомпетентни лекари, што... Многу има. Затоа може камери да се стават. До подобри времиња барем камери да има.
Прво не е точно дека повеќето се неквалификуван кадар.Дури и старите пред пензија се квалификувани.Второ не баш дека под дифолт сите кријат ако некое се удри и тоа не е точно,се кажува. И трето се случуваат случки,,кои и да сакаат не можат да ги спречат. Имаше случка,28 деца од средна група седнати на ручек,негувателките (2 )делат ручек,едно од децата под маса го штипело детето до него за нога,му направило модрица ,приметија негувателките кога облекуваа пижами.Кој е крив?Што ке помогне камерата тука?
Може ќе помогнело во случајот што го опишав да видат што точно се случило. Може ќе помогне да не им се дерат постојано на децата и да не истураат фрустрации. Да не се лажеме дека не се случува тоа. Ќе размислат два пати кога ќе знаат дека може да се види нивното однесување. За кадарот, знам доволно што немаат образование, а земале некое курсче за да се покријат демек и се примени. Или жени нервно оболени кои спаѓаат во погоре опишаните. Точно е дека има и добри воспитувачки, но тоа не е доволно, треба сите да бидат одлични. Кажав веќе дека не верувам дека нешто ќе се смени наскоро, па барем (пак тој збор) да има некаков увид. Веќе има доволно случаи по градинките, не е еден и изолиран.
потпишував такво нешто. Дали ќе посетува настава во природа и дали да има слики на фб. нормално потпишав. Јас ставам слики на иста од детето.. зошто да го двојат од сите ..
Ти зборуваш теоретски,како што рече,а без искуство ги напаѓаш без искуство градинките ко да се мачилишта. Не е така. Има прекрасни жени таму. Со курс не можеш да се вработиш,ама никако.Кој е тој курс,средно или високо образование е задолжително . Веќе објаснив зошто не за камерите,ке се изгубаат спонтаните активности.Деца не смее да се снимаат.
За една точно, ама точно знам дека е вработена без потребното образование, а со партиски врски. А во такви институции ни една, баш ни една не треба да има таква. А не е една. Пријателка барајќи градинка за нејзиното малечко слушнала како ги пцуе дечињата за да одат да спијат. Пак ќе кажам, за деца треба да е најстрого и најконтролирано, кој работи и како се работи. А ете, тоа не се случува. Јас не реков дека нема прекрасни и посветени жени. Но треба да се сите до една такви кога се нафатиле на оваа работа. Сите до една. Ова за мене е ко апче. Во ситуацијава за децата ќе биде подобро да има камери и како родител би се согласила со тоа. Растат со технологија, да имаат некои тешки последици не ми се верува. Ама ќе имаат трауми ако не се третирани како што треба.
Зашто да не смеат де?Ке се задоволува некој на искакани бебешки пелени?Ќе се смее некој на воспитувачките кои ќе изиграваат кловнови?Како ние во средните имаме камери во ходниците.Или ние поголеми сме па нас и да не снимаат нема проблем? Лани баш пошто имавме камери во ходникот одма реагираа од школото при една случка пред да настане проблем.
^^ Какво образование ти треба за воспитувач и неговател? Педагошки? Па најслабите ученици се пријавуваа на тој факултет колку да не се без ништо. Кој каква диплома има за да работи со деца не е најбитниот фактор, врска нема нервна воспитувачка која нема трпение со деца со дипломата што ја зела.
Сега скоро имаше случка со воспитачка која била во климакс. Жената такви здравствени проблеми имала што комплетно се сменила.Вдовица со две деца.Да земе боледубање-неможе. Да даде отказ-кој е и ги храни децата. Правела циркус секој ден во градинка.Си викала по децата со погрдни зборови, мавала шамари на деца кои не спијат во определено време а богами и на родителите им се заканувала дека децата на улица ќе си ги најдат ако не дојдат до 16 часот да ги земат. Долго време колешките ја криеле ама почнала и кон нив да се однесува неубаво. Барем во кујна нека ја ставеле да готви за децата или чистачка..додека и помине. Ама ете. Децата си знаеле како им е. Да има камера ќе се канализира ваквиот случај. Буткање, гребење низ игра, скапани колена..не е ништо.Ако е меѓу децата на детски начин нанесено злото. Ама за жал, не е така. Многу пати и јас ќе си речам-за 1500 денари-толку музика е. Ама не е баш така.Како и во секоја бранша, така и во оваа -земаш плата , си потпишал договор и ќе се однесуваш како што налага Закон за работни односи-имаш права ама имаш и обврски. Ако неможеш-напушти терен, има кој сака, кој може и на кого тие 15-16.000 денари му значат. Стандардот ни е тој, сите го знаеме, ама не е тема на муабет тоа. 100 пат сум рекла иа кратко ќе повторам: задоволна сум од нашата градинка, жените се перфектни, ама сепак сум ЗА камери.
1500ден. е тоа што плаќаме дополнително, да не ги заборавиме даноците од плата што секако ги одбиваат, праќале ние или не во градинка. Пред некое време пресметувавме, и ако ни беше точна пресметката, плаќаме по околу 8000ден. месечно во државна градинка. Само за ова не ме држете за збор.
Ако знаеш точно една тогаш неможеш да зборуваш генерално.Кога тогаш, ке пуштиш дете во градинка,не е баш пожелно однапред да имаш такво мислење.Пријателка не можела да чуе ,бидејки влез внатре во занимална не е дозволен.Мислам ајде не претерувајте сеа.Има деца кои трауми имаат кога се разделуваат со учителките, не се сите аждаји кои викаат,тепаат ,затвараат во шкафови. Не генерализирај..има стручна служба која треба да води сметка колку и како работат,родиттелите не се тие кои ке контолираат работа во институција. Е видиш токму тоа е погрешно,наместо родители преку камера да проценуваат дали треба или не да работи со деца,во секоја градинка,буквално во секоја има вработено кадар кој треба да ги примети и разреши проблемите со вработени.Нефункционирање на службите нема да го решат камерите. Во училница ве снимаат,не! И во градинка нека снимаат пред влез,или во ходник.