Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Ние на 17 години во школо не се тепаме не маваме со столици и професорите не не тепаат.Значи не можеш да споредуваш дете од 2-5 години со нас тинејџерите.Дете на тие години не расудува колку нас и не се свесни за последиците.Пишав неколку страни понапред дека равршив со повреда на лицето пошто неќев за рака да се фатам со детето..Во школо некој некого да мавне така школото ќе го гледа од надворешната страна во истата секунда.
    Лани се случи професорка во афект да фати девојче за коса.Не доби санкција на милост на девојчето.
    Кој не е способен да трпи деца како вриштат и плачат и се дерат нека си бара работа на друго место.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Навистина, зошто една воспитувачка би знаела нешто за развојот на децата? Еден психолошки тест да поминат дека нема да се изживуваат врз децата и доволно ќе биде. Нерви да имаат. На тоа спаднавме. Или доволно е да не ти го вратат какано или изгребано и удрено на главата. За повеќе што да се каже?
    https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Priracnik_za_vospituvaci_0-6_-_MK_-_ZA_WEB.pdf
    Еве еден прирачник, па видете колку се исполнува од ова што е наведено.
    Слушнала убаво зашто била на тура во градинката со врски. И нормално дека таму нема да го носи. Да не ги заборавиме те молам врските со кои се е можно. Дури и да работиш нешто од кое врска немаш, како воспитувачка, си завршила општа гимназија, ама што па да седиш дома.
    Не знам дали ќе ја носам воопшто тука во градинка, убаво ќе размислам понатаму што и како.
     
    На ivi1987 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Самата анкета што е поставена на темата, доволно покажува дека скоро 80 % од членовите кои гласале се за да има видео надзор, а оние 20 % се гарант млади луѓе кои сеуште не стапиле во брачна заедница и немаат деца.
     
    На Cka и LiliBoz им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.838
    Ако, нека има. Треба да има.
    Не би да зборувам за градинките по други градови, ама во нашиве тука не ме изненадуваат ни погрдни зборови ни ништо.
    Запослениве повеќе се постарите генерации, се знае од каков систем доаѓаат, помладите волонтираат па кој издржи за решение (по неколку години) алал да му е.
    Дефинитивно нестручен кадар имаме, уште од комунистички режим.
    Ама да ги тепаат и удираат не верувам, малку посилно да ги бутнат, да викаат, да доминираат - тоа да.

    А некоја што има проблем со карактер и живци ниту камери нема да ја спречат да избувне, камерите се додатна и преку потребна контрола во ова веќе изопачено опшество.
    А таа што си работи совесно камерите воопшто нема да и пречат нели.
    Па во денешно време скоро сите работиме под камери
     
    На referentka, baba Rada и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Не сфати што сакам да кажам.Со причина нема камера во училница,и нема никаква врска со тоа што вие не се тепате или не ве тепаат.
    Професорката на час го фати девојчето за коса?
     
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Која е таа причина што нема камери во училница??
     
    На Cka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Да пред сите.И отиде девојчево ја пријави во служба.Женава почна да се јаде после..епа касно е.Со која причина нема камери жити се?Голи не сме што тогаш?
    Дали во ходник ќе ги има или во училна исто е.Пак ќе не гледаат.И баш е подобро во училна да има, мојот клас лани го утепаа од крадење.Секоја недела нè крадеа и не можевме да дознаеме кој е бидејќи НЕМА КАМЕРИ.
    Значи безбедносните камери се смислени со причина не дека му текнало на некој ај немам попаметна работа па ќе ставам камери.По јавните институции нема камери?Има.Значи тие се за БЕЗБЕДНОСТ.
    Мало дете на тие години не сфаќа што значи дали има или нема камери.И баш е подобро да не знаат, за да биде cè спонтано.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    182.569
    Пол:
    Женски
    @Cosmi многу лично си ги сфаќаш работите. Никој не рече дека сите, вклучително и ти, сте ненормални, туку дека има. Од прво виџење никој не може да каже кој каков е, сѐ додека не се деси нешто. А ти знаеш за детето што го попарија со кафе, за децата во Буба Мара што ги затворале во шкафчиња да ги јадат бубачките, за градинката во Гевгелија каде им се обраќаат со погрдни зборови? Не мора да се влезе во занимална да се чуе, има прозорци во дворот. Абе смешни сте. И сите ги избегнувате тие инциденти да ги спомнете, ама сите до еден. Сте се запнале за родителите дека се мрзливи да си чуваат деца, дека непотребно немале доверба, па што ги праќале во големи групи на свој ризик. Јас дете да носам на работа не можам, а градинките се тие со тој капацитет. Отказ да дадам? И знаеме како треба да биде, небаре само вие знаете, а ние камери сакаме од мерак. И сите едно та исто повторуваме дека камери во случај за незгода, а вие сите дека ќе сме гледале велики брат кое колку јаде и кое со кое се штипе.
    Да ти кажам кај мене на работа, има колеги и колеги. Едни се одлични педагози, други мразат сѐ што оди пред нив, трети не бираат зборови за пред деца, четврти дошле да се прошетаат. И сега што? Да кажам дека нема врска, сите сме одлични. А и годините немаат врска, до човекот е. Стажот и искуството не го прават добар педагог. И меѓу помладите, и меѓу постарите има добри и лоши.
    Ај пак ќе прашам, како да има човек доверба, сѐ додека излегуваат вакви инциденти на виделина, случајно снимени? Да мантраме секој ден дека сѐ ќе биде во ред и да имаме доверба секако? Еве не знам, нека ми објасни некој.
     
    На Feminka22, Kitten, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Промената треба да почне од нас самите,кога нема да факаме врски за да се расшетаваме низ градинка во недозволено време,тогаш можеби ке се промени и системот секаде,вака се вртиме во круг.
     
    На Harper, Annath и RainBow им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Научна фантастика е тоа што го велиш..уште некоја години роботи ке зи заменат негувателките а ти бараш допрва промена на нашата свест, нешто без кое македончето се родило.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам. Да не се врските и секој да се вработи според квалификации друго ќе е.
    Да има повеќе градинки за сите деца да бидат во помали групи друго ќе е. Да не мораш да чекаш место толку време, да губиш работно место би било супер, за нели, да не мора да фаќаш врски.
    А ништо не се прави, на ниту едно поле, ниту ќе се направи, на почетокот кажав дека веќе сум во сосема песимистички мод за било што во државава. Затоа да има камери, тоа е најлесно да се направи, зашто од погоре наведеното ништо нема да се смени во догледно време.
    Мене се ми е јасно како треба да биде, на сите ни е јасно, ама... Ете.
     
    На ivi1987, NarCis@ и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Мене ме има удрено наставничка. Имам 30 год и никогаш нема да го заборавам тоа. Ми има кажано и грди зборови зашто фатив вошки. А ги фатив таму. Не ги донесов од дома.
    Требада има камери зашто ако утре приметиш дека твоето дете се повлекува ќе сакаш да знаеш што се случува. Никој нема да ти рече ее јас вербално го малтретирам твоето дете.
    би споделила и еден линк... не е од кај нас ама не значи дека кај нас сите се светци. .
    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=295359454646566&id=100025175408299
    погледни го и кажи ми. Дали да е ова твоето дете не би сакала да дознаеш и да имаш доказ?
     
    На eli25, baba Rada и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Каде мислиш дека живееш па нешто зачудена на што ќе спаднете? Факт е дека многу мал просек се бара да се запишеш на педагошки (порано беше така), со двојки и тројки се запишуваа таму, факт е дека партиски се примаат со дадени тестови и одговори за лиценци што излегоа отпосле, факт за непотизам и ти кога збориш за неправилна грижа спомнуваш соодветно образование? Сите го имаат, една ако немала е најмал проблем и сигурно не е извор на сите проблеми тоа што немала соодветно образование. Може негователка била, за негователка треба факултет? Не знам, можеби, јас колку што знам не треба.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Зошто би ги сфаќала лично?!
    Затоа што не сметам дека камерите ни најмалку нема да ги решат клучните проблеми што постојат?
    Јас не работам во градинка,работев порано кога ја водев ликовна работилница во градинката но учествував самоиницијативно во сите активности на воспитувачот,му ја превземав работата ,ми се допадна.
    Кој е смешен ? Јас воопшто не игнорирам инциденти ,но вие од дрвјата.,шумата не ја гледате.
    На тоа укажувам ,на систематско решавање.
    Еве ке ставиме камери,ти ке пратиш секој ден како се однесува воспитачката место таа што и е работа и седи заклучена на 2 метра од занималната.Која е логиката?
    Незнам како не разбирате дека така проблемот не се решава.
    И за инцидентите,се случиле бидејки не работат тие што треба да работат!!! А не затоа што немало камери.
     
    На Harper, Martka, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    182.569
    Пол:
    Женски
    Епа ајде кои се решенијата?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Јас на ништо не се зачудив, кажав уште во првиот пост дека знам каде живееме и затоа сум за камери.
     
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Не е во група, туку на приватен Инстаграм профил. Кој би дал дозвола за такво нешто?
    Негувателката цело работно време става селфи фотографии од неа со децата. Во градинката каде што одеше ќерка ми негувателка без наша дозвола ни ги ставаше така децата на ФБ, после некое време доби опомена од раководител па престана. Во затворени групи гледаат само родителите, на приватен профил гледаат сите, и тоа без дозвола.
    Не се согласни родителите, личен приватен профил е и нема дозвола од ниту еден родител. Едно е приватна група само за родителите, друго е без дозвола објавување и случајно да си го видиш детето во секакви пози.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Не ми се отвора линкот..
    Не ми требаат Лили камери за да видам зошто се повлекува моето дете,и што се случува со него.Тоа ни е најбитната работа и задача на нас родители.
    На моето дете во училиште нставник го тераше да игра игра каде ке влегува моево по училници и ке вика 'Јас сум будало магаре„
    Не ми требаа камери да го чујам.Не сакаш да знаеш што го снајде.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.630
    @ivi1987 тогаш уште еден пример колку е труло/подмитено/ со врски...на секое можно ниво и дека се потребни многу подрастични мерки/санкции за да се управи работата. Ама тоа го знаеме сите.
    Уствари што ќе сменеа тука камерите при такво понашање на воспитачката?
    Ништо.
    И во овој и во икс други случаеви.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Па јасно е решението.
    2 години бев во градинка,стручна служба помина еднаш во занимална.
    Што повеке да зборам?
    Ке вршиш надзор на работата барем 3 пати во денот.
    И ние со камери ке решаваме проблем,ајде луѓе ,ве молам.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.