Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.441
    Камера да. Секаде. Да се снима и да си стои. Да се отвори на барање на родител, ако има потреба.

    И мене на работа можат да ми стават.

    И факт е дека на педагошки факултет најголемиот испит е 300 страни. И дека работат со најосетливите деца... од нив зависи развојот на детето.

    И стварно не знам како фактот дека детето дента не било тепано и посрано е позитивна работа . Тоа е основно.
     
    На eli25, LiliBoz и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Поради тоа што е најлесно да се запишеш и завршиш педагошки факултет, поради тоа што е лесно да ги поминеш тие стручни испити за лиценца, поради тоа што се вработуваат преку врски, поради тоа што постојат случаи на психичко и физичко малтретирање на деца по градинките, јас сум за да се воведе задолжителен видео надзор во градинките па и во училиштата, најпрво како превентивна мерка додека да се освестат и променат нешто околу ова, иако би требало сите промени да бидат паралелни. Можеби нема да се чувствуваат удобно вработените, ама удобност и приватност дома, таму се за да работат, можеби стравот од санкција малку ќе ги опамети и нив. Подобро да се снима и документира отколку да не се снима а моето дете да биде секој ден психички и физички малтретирано од вработен и уценувано да не кажува дома и јас никако да не можам да дознаам. Затоа реков подобро да се спречи отколку да се лечи.

    Без гајле за тужбите, тоа ќе треба да е регулирано со поставување на камерите.
    Тие што сакаат видео надзор причината ја гледаат во превентива и безбедност на нивното дете.
    Тие што сте против видео надзор изговор ви е дека вработените немало да бидат опуштени, стегнати ќе биле ако се снимаат и тн. Подобро "стегнати" негувателка отколку малтретирани деца.
    Па дека ќе се тужеле едни со други (и тоа нема врска, бидејќи ситуациите и поводот за тужба ќе бидат однапред одредени.)
     
    На LaCHICALATINA, ivi1987, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Можеби со камери ќе се пази повеќе, па нема да и текне да извади мобилен и да го слика и снима моето дете за лични потреби т.е да си го става на личен Инстаграм или ФБ профил, па случајно да си го видиш а поима да немаш дека постојат тие фотографии.
    Жалосно е што вработувањата по градинките одат со врски, па си дозволуваат и да сликаат, и да викаат и да тепаат деца.
    Кога ќерка ми се пожали дека негувателката ја плескала по газот постојано, раководителката ми рече: Таков и е начинот на воспитување. И тука лежи уствари проблемот, што тие од горе се свесни каков персонал имаат, ама нема дисциплински мерки и децата страдаат.
    Затоа сум за камери, за јас како родител со докази да можам да сменам барем нешто.
     
    На eli25 и Abeja им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Ама како не разбираш бе жено..иако ме игнорираш, ете пак да ќе те цитирам...содржината од снимениот материјал се валиден доказ за да се превземе било каква мерка ако нешто се случи...Надзорите за кои говориш се само моментална работа..и кај нас доаѓаат контроли, ќе ги фатат со цигари, ќе најдат други маани..и кога ќе си отидат, пак иста песна се продолѓува...Значи, кај нас треба само казна на лице место со доказ, веднаш..да нема фаќање врски, да нема кинење белешки...секој фатен доказ теба да има и доказ дека е наплатен, извршен...штета што не работат камерите на раскрсниците, дрѓавава ќе се наполнеше пари од сообраќајни прекршоци...се додека не се опаметиме, а за да се опаметиме, треба убаво да ни ја одерат кожата, да не научат една убава лекција.
     
    На ivi1987, eli25 и Abeja им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.441
    Епа побитна е една учителка од 30 деца.
     
    На ivi1987, Pepa B.., LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.636
    А поголем доказ дека снимала и објавува од самото постирање потребен ли е?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Средно како фризерско или гимназија? Нема стручен кадар, 90% од вработените немаат никаква допирна точка со тоа што реално се бара како образование за вработување во градинка.

    Не можат сите родители да видат, сигурна сум дека повеќето родители не и го знаат приватниот профил.
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.636
    Ама ете доказ до кој може да се започнат тие промени. Тоа се бара. На готово го сервирала воспитачката. Никој ли не реагира?
    Никој ли не им кажува?
    Или се прават наудрени?
     
    На Annath и Cosmi им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Па Цитирај ме.
    Не те игнорирам,пишувам од тел и немам добар увид во постовите.
    Ако еден систем е поставен така како што е ,треба да функционира.
    Сама докажуваш дека се џабе камерите,еве имате камери нели под надзор сте,имате контроли повремени и пак се е исто,каде е проблемот.Чип на рака па секогаш кога ке отвориш фемина на работно место да те сними?
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    182.569
    Пол:
    Женски
    Косми, ова што кажуваш не е реално решение, и ние знаеме како треба да биде, ама не е. Еве како јас како родител да издејствувам стручната служба да оди трипати дневно во посета? Ај замисли си ситуација, одиме неколку родители и им кажуваме дека треба поубаво да си ја работат работата? Почести посети. Еве ќе одат, да речеме. Таа стручна служба со тие воспитувачки и негувателки се колешки, нема шанси да ги опоменат. Еве кај нас на работа, не треба никаква служба да помине за да знаеме кој каков е. Знаеш кога се потсмирија проблематичните наставници? Кога излегоа снимки од ученици снимени на час. Пак се вртиме во круг. И јас знам како треба да биде. Не само во градинки, туку и во здравство, и јавна администрација, ехехеее, сите знаеме како треба. Ама едно е теоретски, а друго во пракса. Инаку девојчето со инцидентот во Буба Мара се отпиша од градинка, вработените се само парично казнети. И сега зборувај ми како треба да биде. Треба да летаат од работа, ама не, тие сѐ уште ќе трауматизираат деца.

    Ај вака да кажам уште еднаш. Јас сум педагог по професија, небитно каде точно работам. Работата ми е таква што и јас изигравам кловн некогаш за да анимирам деца. Не мора камера да ме сними за да го видат тоа останатите, секако се слуша надвор од училница. Што значи, камерата нема да направи да се осеќам стегнато и да не можам да се препуштам на часот, како што тоа го правам вообичаено и без камера. Е сега како ми прават и мене услуга? Доаѓа родител со жалење од неговото дете дека јас сум рекла тоа и тоа, или дека сум направила така и така. Јас кажувам дека не е точно, но да видиме што вика камерата. Една огромна услуга за мене. И меѓу децата има такви со бујни фантазии, така да и едните, и другите сме заштитени.
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2018
    На ivi1987, Lolipop23, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    ^
    Мислам дека снимање со звук е забрането, само не знам дали секаде или одредено е каде. Само видео ќе е и нема да се слушне -мочла, смотана, викање и дерење.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Воспитувачите беа со педагогија или предучилишна барем овие јас што ги запознав по состаноци,а негувателите медицина или гимназија,што е пак по закон за работни односи.што имаат завршено тие 90% кои ти ги зборуваш,еве незнам.
    Не реално бидејки се е труло кај нас,но така треба да биде!
    Значи ако стручната служба не си ја работи својата работа или нема храброст да се спротистави на колешки,камерите ке ја завршат таа работа,така?
    Повторно тоа не е начин за решавање на клучните проблеми.
     
    На Martka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    182.569
    Пол:
    Женски
    Кој е начинот?

    И јас така знам, ама да не имаше некои измени во закон. За ова треба правно лице да се праша.
     
    На referentka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.865
    Допаѓања:
    36.534
    Пол:
    Женски
    Со трул систем и држава џабе ви се сите камери, ниту децата ќе ви бидат позаштитени, ниту ќе истерате правдина :| Што се случи со воспитувачката/негувателката која истури кафе врз детето, знае некој? Ја избркаа ли? Родителите добија отштета? Не верувам. Значи, џабе и да имало камери, вие правдата нема да ја истерате се додека не се отстрануваат таквите неодговорни вработени, туку се трансферираат во други градинки. А во 99% од случаите е така. Во градинката на ќерка ми имам пример на негувателка со која и јас имав недоразбирање (ми се развика безврска оти сум прашала нешто, подоцна се извини) за да подоцна дознаам од вработен во градинката дека истата удрила дете и родителите го пријавиле случајот. Го прашав што се случи со неа? Вика преместена е во друга градинка, за да се заташка случајот! И? Пак ќе кажам, џабе се камерите, правдината нема да ја истерате се додека не се превземе нешто да се решат корените на проблемот. Оти, ова што вие го предлагате е исто како на стара куќа со разрушени темели да и ставате нова фасада. Џабе, нели?
    Во секој сегмент се сложувам со @danichap Треба да се работи на условите, кадарот, системот итн. Плус, тие пари кои би се вложиле во камери (а би биле прилично) подобро е да се вложат во кадар плус и подобрување на условите. Само така може да кажеме дека допринесуваме за условите во кои се згрижени нашите деца. Со камерите ништо нема да се реши.
    Јас и претходно имам кажано, против сум. Се нарушува приватноста на децата. И немојте ве молам со споредбите на работа, банки и градинка! Вие на работа не мочкате пред камери, не ви менуваат памперс, не ве соблекуваат или облекуваат и еден куп други работи кои секојдневно ги прават децата. Оти тие не знаат дека ги снимаат, се однесуваат исто како дома. Вие би дозволиле дома да ве снимаат и по потреба тие снимки да ги гледа некој?
     
    Последна измена: 18 ноември 2018
    На darcy, Harper, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Да функционираат стручните служби без да си ги штитат колешките и колегите.Тоа е начинот.

    Да си ја работат работата за која што се платени од сите нас.Тоа е решението.Наместо циц миц со колешки ке пазат како работат колешките.
    Јас да имам дете во градинка тоа би барала.
    Еве во јавна и државна администрација не помагаат камерите,зошто?
    Инаку во државава според законот за заштита на лични податоци не смее да се снима во училници,направете петиција и барајте,да се смени законот.
    Ако мислите дека камерите ке го решат проблемот,не седете пасивни,барајте решение.
     
    На JoyJoy и Annath им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.636
    Па да летаат. Беше пишано.
    Доколку некои воспитачки, после икс скандали, добиле само парична казна, од уста ако треба да им се чита преку камера, за доказ да се најде кузнее што “казна” ќе ги снајде.
    Па тендер за набавка на опрема, па кадар “стручњаци” за одржување па па па
    Ќе врти парата.
     
    На darcy, Annath, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    182.569
    Пол:
    Женски
    Ама ете не летаат.

    А како јас да направам да функционираат?
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2018
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Камерите што се поставени кај мене, во мојот сектор, досега имаат многу битни работи помогнати, не можам многу да кажувам но ги постигнале ефектот за кои се поставени...за другиве што се фатени на дело, дали што пушеле или изнесувале материјали за кои нема цврст снимен доказ, сите тие пријави беа скинати.

    Инаку камерите кај нас се БЕЗ ЗВУК.
     
    На referentka и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.636
    Доколку знаш дека има насилна воспитачка во градинката кај твоето дете би била спокојна?

    Или на секоја “ситница” сепак, за секој случај, да се провери камерата, па и од време на време цела снимка да се изгледа да на вреѓа, море најарно и да се прошета низ занималната за да се видат мртвите агли каде камерата(па уште и само една камера ако е) не фаќаат?
    Јас ич не би била.
     
    На Harper, Annath, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    За едната негувателка се реагираше кај раководител, па после добиена опомена престана да споделува фотографии. За другата не знам зошто секој ден споделува нови фотографии од децата. А и не може човек да ги "фати" сите што го прават истото. Има многу родители кои немаат ни ФБ ни Инстаграм профил.
    @Cosmi не знам што ти е чудно кога и самата верувам дека знаеш како оди вработувањето во градинките. Не им бараат образование, битна е врската само. Имаше добри две години кога девојчиња волонтираа па на крај не ги примија зошто немаа јаки врски.