1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кај нас на работа, снимениот материјал трае само 10 дена, потоа сам се брише, валда толку држи, појма немам.
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Ух, ух, уште поубаво. На сервер. Пих... Наса ја хакнаа, та нашите сервери.
    Кажи ми, ти имаше пристап во секое време до снимените материјали, така?
     
    На Martka, Nausicaa и Annath им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.547
    Не. Само со ит човек заедно. Ако се појави лог дњка некој влегол без допис од директор/ министер, ( објаснив погоре) лета од работа
     
    На referentka, NarCis@ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Кој напиша така дека сака од членовите? Цитирај го.
     
  5. Pepa B..

    Pepa B.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2017
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се приклучам овде. Јас сум за камери во градинка .. не може бе негувателка или воспитувачка да удира детенце.. со кое право ?? баш моја пријателка го отпиша детево од таков случај . Има кај нас една ненормална целово време ги тепала и му викала на децава во нејзината група. Ајде па колешка и ја снимила и ја пријавила .. кутрите деца се утепале од врискот и солзи пред влез во градинкава.. они си имале мака внатре.. е сега од кога ја избркале децата си оделе таму без страв .. затоа сум за камери ..
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Ви правеа ли психолошки тестови, нешто? ИТ човек ништо не ми кажува за личноста. Од кај да ве знам какви сте? За деца се работи. Нивната приватност изложена на некој си таму. Некој кој можеби е во ред, ама можеби е и педофил, насилник итн...
    Ова со логирањево и сл. ич не ме убедува за безбедност. Се може да се заобиколи. За некој што се разбира е лесно ко песна. Ко што реков погоре, НАСА ја хакирааа...

    Може забегувам со параноичниве претпоставки, ама и вашите не се ништо поарни :?:
     
    На Martka, Nausicaa и JoyJoy им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Не се, ама овие во градинките се во директен контакт со децата, а другиве може само да гледаат. Едното зло е помало од другото.
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Па прво ти,би проверувала камера да видиш зошто ти е изгребано детето,не?
    Пред да бараш од мене да пребарувам постови за да се докажувам,прво одлучи се за што си,бидејки друг став имаш пишано на почеток темата .
     
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Еден од постовите. Читај понатаму. Го кажав проблемот во групата на моето дете. Не е проблемот во гребнатинката.
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Небитно,имаш промена во ставовите, еднаш велиш дека нема да има ефект камерата,а другпат да ја бараш и да веруваш дека е ефикасен метод.
    Која група е твоето дете во градинка?
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Really? Не би рекла.
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Има лошо во промена на ставовите? Таман работа да ми беа цело време истите ставови. Се информираш, стекнуваш искуство, размислуваш и донесуваш заклучок.

    Ок.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Во ред , интересно менување став за 2 месеци.
    Гo прочитав проблемот во вашата група,како педагог се надевам ти е познат терминот инклузијa на деца со посебни потреби,деца со пречки,со психолошки проблеми и би требало барем ти да имаш разбирање. Камера која ке снима кога ги тепа и докази нема го решат проблемот.И ти би тужела родителите?

    Градинката има педагог/психолог кој треба да му помогне на детето место да им се заканувате на родителите и да пишувате тужби.
     
    На Martka, Nausicaa, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Родителите не сакаат да соработуваат. Како ние да го решиме тоа?
    И уште нешто, колку време според тебе е потребно за менување став?
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Ке барате негувателка плус.Кога има дете со пречки мора да најдат.Тужете ја градинката место родителите на детето.
    Како тоа родителите не сакаат да соработуваат?
    Градинката има психолог и детето треба да го следи.
    Во групата кај мене(голема) имаше дете за кое родителите тврдеа дека е адхд,но за добие дијагноза се потребни повеке години тестирања до поставување крајна дијагноза ,а беше агресивен тепач.
    Иако разбирам дека треба да се води сметка и за останатите 28,и мене ми беше страв да не повреди некое ,а не бев одговорна на групата ,според одговор на директорката во таа градинка законско решение е само вработување плус негувателка плус во таа група .
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Баравме, нѐ одбија неколку пати. И тоа го напишав. Психолог, педагог и дефектолог се за неколку клонови, и реално не можат да постигнат и во една група, а не пак во неколку градинки. И проблемот не е во градинката, туку во министерство. Градинката испраќа барање до општина, општина до министерство. Министерството го има последниот збор. А за родителите немам коментар. Класична родителска негрижа. Башка психолог не смее да работи без нивна согласност. Инаку за такво дете е потребен дефектолог, а не негувателка.
    Се надевам ја разбираш промената на мојот став во овие неколку месеци.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и во Македонија има закон за заштита на личните податоци по ново сега. Е е да речеме се стават камери, мора да се побара согласност од родителите да потпишат дека се согласни да се снима нивното дете за време на престојот во градинка. Еден да е против нема да смее да се пуштат камерите .
     
    На Harper, Martka, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Не знам оти (уствари знам, оти ништо не функционира како што треба, па нема ни тоа), не верувам дека цела таа имплементација на опрема и нов кадар ќе биде успешна.
    Повеќе ми оди паметот дека или хаусмајсторот или некој кој се води само на платен список, а дискутабилни компетенции за истото, ќе врти лентите.
    За најголем криминал(оти во село наше доволно е чичо да е владика) ќе се извлече некој, не па ова дури и камерата да фати нешто сомнително.
     
    На An-na, Nausicaa, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Кога имаат презентација (на пример мечето Лино или некоја маскота па даваат поклони на децата-АЦЦ таблети или бисквитчиња) организаторот сака да се слика во градинка и да стави слики од презентацијата пред дечињата.
    Во нашата градинка бараат секој родител да се потпише дека дозволува сликата од децата да се користи во комерцијални цели.
    Значи за тоа (за истакнување слики на нет) знам сигурно дека треба согласност.

    А за камера-незнам.
    Допрва ќе видиме:)

    Иначе, во нашата градинка има камери, ама надвор на влезот.
    Плаќаме на уплатница на годишно ниво.
    Никој не побарал дозвола од нас.
    Убаво што има камери, зашто лани едно детенце избега надвор, ама бегството кратко траеше, го фатија уште во двор:D
     
    На ivi1987, Sesil, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Камерите нема да го решат проблемот со градинките. Џабе ќе ги стават, некој пари ќе се налапа и пак нема да функционираат, а сите исто ќе си тераат.
    Треба да се реши проблемот со нестручен и несоодветен кадар. Со тоа што, на секој еден што ќе посака да се запише на педагошки факултет за да работи со деца, да му се прави психотест. Не само кога ќе сака да се запише, туку и понатаму, во текот на студирањето. Па дури и после дипломирањето, ако работи со деца, небитно од која возраст.
    Кај нас педагошки факултет е факултет на кој се запишуваат сите оние кои не успеале да се запишат на саканиот факултет, барем генерацијата на која припаѓам јас, тие пред мене и тие после мене. Секоја чест на исклучоците, оние што навистина ги бива и вистински сакаат да работат со деца и си ја знаат работата, ама тие се многу малку. Остатокот се колку да имаат завршено факултет и скоро сите пикнати по градинки и основни училишта, на сметка на оние кои навистина си знаат како треба. Образованието ни е дно дна не само поради програмата што е лошо осмислена туку и поради сите оние воспитувачи, професори, наставници кои завршиле педагошки факултет само колку да завршат нешто и не ги бива за работа со деца. Испитот е лесен да го набубаш и положиш, ама праксата е она што е битно во целава работа. А кај нас солидни воспитувачи се ретки, за жал, токму од таа причина. Башка што од нив се мисли дека се со супер моќи и можат сами да тинтраат групи од 30 деца. Камерите нема ништо да сменат, оти инцидентите не се решаваат како што треба, туку се заташкуваат. Камерите тука не вредат. Треба да се смени менталитетот, ама тоа за жал тешко.
     
    На Harper, Sesil, An-na и 5 други им се допаѓа ова.