Видео надзор во градинките

Discussion in 'Дете' started by iloveyou29, Aug 18, 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 vote(s)
    80.0%
  2. Не

    28 vote(s)
    20.0%
  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Joined:
    Mar 4, 2018
    Messages:
    11,421
    Likes Received:
    183,803
    Gender:
    Female
    Аман не давај идеи :worried:
     
    Cka likes this.
  2. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Joined:
    Aug 1, 2017
    Messages:
    635
    Likes Received:
    4,505
    Gender:
    Female
    Јас лично не сум за камери во градинките. Долго време размислувам на темава и излишно е да се повторувам со претходните мислења дека неопходната промена во образовниот систем е многу посложена од поставување камери за надзор. Освен тендери и полнење нечии џебови мислам дека ништо друго не би променило. Е сега... јас сум презадовола од градинката на малиот во целост, и од воспитувачките особено. Жените се прекрасни со дечињата и ја имавме таа среќа (и не е ништо друго освен тоа) да се падне во нивната група. Сум била и внатре кога малиов плачел за да влезе (ова не почетокот). Јас бев буквално запрепастена како работат со толку мали дечиња и колку многу работи учат. Знаев дека не седат на под со играчки цел ден, ама бев изненадена на најпозитивниот можен начин. Жените се во средни години, со доволно искуство и им верувам безрезервно. Не можам а да не се запрашам како тие жени кои ја даваат целат своја љубов и енергија на тие дечиња би се почувствувале ако некој им каже: абе добро си работите вие, ама ние ќе ве снимаме цело време за секој случај. Искрено мене би ми било малку навредливо.
    Друго, има секакви родители. На пример имаше мајка од мојата група која го оставаше детето и ѕиркаше од прозорец. Некој ја земал играчката од раце на нејзиното дете, а воспитувачките не изреагирале и не го опоменале детето, нејзиното се натажило :^) Ја сфаќам јас мајкава, ама ако сите родители кои имаат нерелни очекувања и се ѕверат во монитор за да најдат замерка за секој ситница (а верувајте ми има и такви) како нормално да работат жениве?
    Е сега знам јас дека секаде не е исто, и дека има и секави воспитувачки а бога ми и секакви деца. На пример кога чекав во дворот за време на адаптацијата стоев до прозорецот на најмалата група. Воспитувачките се млади а и самите имаат мали дечиња. Од нив најмногу очекував и највеќе се разочарав. Не ми се допадна баш начинот на кој коминицираа со децата т.е. викаа по нив. Сепак се премали за да можат да ги разберат и послушаат. Не дека и тоа беше кој знае што страшно, ама ете мене лично не ми се допадна. Што тука би променила камера без звук?
    Пак ќе кажам, разбирам дека јас сум од среќните кои немаат проблем (за сега) ниту со воспитувачки ниту со други дечиња. Да го имам можеби и јас би барала видео надзор па кога веќе ништо не се менува (од корен) бар да имам "некаква сигурност". Сочувствувам со родителите кои имаат проблем со/во градинките и со неспокој го оставаат своето дете таму. Ама сепак мислам дека тоа не е начин. Не е се црно или бело. Премногу е сложена ситуцијата за да може камера да ја реши.
     
    bella24, minne992, Ava.84 and 2 others like this.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,494
    Likes Received:
    22,826
    Gender:
    Female
    И те како сум за камери. Нема да се гледаат смо воспитувачките тука, туку и децата. Па ќе знаеме дали навистина некое дете е толкав проблем или некој лаже. Дали навистина воспитувачките им се дерат и ги малтретираат, дали модринките се од нив, од некое друго дете или од што само се чукнало.
    Сметам дека е добро за сите.
     
    Feminka22 and baba Rada like this.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,899
    Ова значи дека би требало сите цело време да имаат пристап до снимките, и се враќаме на дел од претходните забелешки. Дополнително, било која камера не покрива 100% од просторот, значи би требало за една просторија од 20м2 повеќе камери, со снимки кои ќе се складираат. За да видите модринката на вашето дете од што е ќе барате да ги прегледате сите снимки од сите камери, плус во трпезарија, плус надвор, плус во ходник? Значи повеќе камери по 8 часа (ако толку време е детето во градинка). Имате толку време? Има толку кадар кој ќе биде сето тоа време на располагање да ви ги доставува снимките?
    Сум била во ситуација кога во институција сум гледала снимки од камери со цел да се утврди дали е сторено кривично дело. Дури и во ситуација кога се знаеше одредена временска рамка кога е настанато, многукратно повеќе се зголеми времето за увид одошто времето на чинот. Да не зборувам колкава е резолуцијата на тие камери (без тон секако). Процедурата воопшто не наликува на замислениот колор 4Д филм во кој ќе може да си го следиме детето кога ќе ни текне (и да, има родители кои тоа ќе го прават цело време и ќе наоѓаат замерки за било што и прашања за било што, кога тоа и би било возможно).
    Се согласувам со сите што рекоа дека треба да се има контрола врз однесувањето на воспитувачките, но не од пристрасните родители (сите ние сме многу пристрасни кога се нашите деца во прашање). Треба и едукација, и санкции кога тоа е потребно, но и услови. Со две воспитувачки на 30+ деца, никакви камери не ја подобруваат ситуацијата.
     
    Cosmi, An-na, Lolipop23 and 3 others like this.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    4,526
    Likes Received:
    25,594
    Gender:
    Female
    referentka and Цвет88 like this.