Уопште не е параноја. Едно е случајно некој да го сними детево, а друго е секојдневно. Каква безбедност бе Вајлд? Зборуваме за негувателки и воспитувачки кои секојдневно се грижат за нашите деца, не за терористи. Аман! Ако толку не им верувате, чувајте си ги дома. Да ве слуша човек ќе помисли секојдневна практика е злоставување деца во градинкиве. А не е. Зошто, место да се фокусираме на вакви методи, не се фокусираме за подобри услови во градинките? Ако толку не можат да се изградат нови градинки, нека се вработат нови воспитувачки и негователки.
Ок. Ај да погледнам од твој агол. Ама ај те молам кажи ми чаре за ова зашто јас не гледам и затоа сум за камери. Негувателка малтретира деца во јасли кои не зборат и не знаат да си кажат. Како да дознаеме? Плачливо знаеме дека може да е од све. Од заби до кошмар. Модрица исто така може се удрило од креветче .. Треба дупната глава? Нешто појако?? Како да дознаеме?
Реалниот проблем е тоа што во градинките има премалку негувателки. Наместо една да се грижи за 5-10 деца, кај нас има по 40 деца на една негувателка. Па и Мајка Тереза да е, нема да ги истрпи. Нема креветчиња, често спијат по две деца на едно. Од дома носат родителите влажни марамици, тоалетни, сапуни и сл. Е, токму таму драги мои треба да се насочите ако навистина ве боли за децата, во подобрувањето на условите во градинката, а не во шпионирањето на вработените.
Може и во право си... така ако гледаме, може од се' и секаде да се плашиме.. не знам.. А ова со подобри услови и стручен кадар, е секако добредојдено и пожелно
Поддржувам да бидат поставени камери, не за да се набљудуваат цело време....туку по потреба, ако се случил некој инцидент од снимките да се види што и како било.
И ние овде сами си носиме влажни,памперси,јадење Проблемот е една воспитувачка на 20 деца,од 9мдо 3 год Камен да е ќе пукне а не пак човек,башка обврските се многу поголеми кај овие дечиња
И тоа како треба да има надзор во градинките. Мислам дека таму не се случува ништо што би требало да се крие. Само поради една работа сум за инаку сум најстрого против шпионажа.. Бидејќи постојат психопати кои нервозни може да отидат на работа па својата нервоза да ја истурат врз тие дечиња а во последно време се почести се таквите случаи.
Мари тоа не им дава право да удрат детенце нели? Ако не може некоја да работи слободно нека си даде оставка. Секој на работа трпи притисок... па и тие.
За тоа нема оправдување!Против сум за да се повише тон,за повеќе не сакам ни да коментирам Ама,јас некогаш со моите две деца неможам да излезам на крај а не пак 20,што е премногу,премногу е
Не се воспитувачките толку лоши колку што ни е целата организација во образованието. Кога една личност ќе има 6-8 деца за чување се ќе биде многу подобро. А оние родители кои се закануваат и цел свет ќе го превртат наопаку зошто не му го примаат детето во градинка, тие нека се замислат. Дали и воопшто ги интересира колку деца има веќе во таа група?? И после паднало дете? Па ќе падне 1 личност да пази на 28 деца оддеднаш е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
се те сфаќам. Усмрден ми го враќале испотен од нив прљав и со црвено газе. Се сфаќам. Само да удри дете и да вреѓа дете нема да сфатам...
Наместо да поднесувате небулозни иницијативи за камери, поднесете и борете се за проширување на кадарот во градинките, па да му дојде помалку деца на една учителка. Тоа е коренот на сите проблеми и есенцијално нешто што треба првин да се реши, па после се друго по ред. Друго нешто, снимање деца по 8 часа дневно ми е нон сенс. Никогаш не може да се знае каков мозок ке ги одржува камерите и ке има пристап до нив. А и крипи ми е самата помисла дека деца се снимани во градинка при извршувањето на секојдневните активности.
Ако негувателка удира дете во група од 20 деца ќе удира и во група од 5 деца. До човекот е. не до децата. не мешајте баби и жаби. Како ние не си ги тепаме шефовите на работа зашто ни даваат премногу работа! ?
А ќе има видео надзор во домот на родителите,затоа што има и родители кои го повишуваат гласот на соствените деца како и ќотекот како воспитна мерка.
А тоа што воспитувачки и негувателки со нула мозок ги чуваат децата, не е проблем? Не е проблем тоа што негувателки им се закануваат, ги гураат или ги малтретираат на некој трет начин? Пишав веќе, манијак може да ги снима децата додека се играат во дворот на градинката. Во најмала рака може да ги снимаат во парк, додека родителите се на чекор од нив.
За. Ја поддржувам иницијативата. Ако се снима во банки,па и цели згради и објекти пред влезови, сите продавници, чекални во болници...зошто во градинка не?! На работа сме снимани сите (и вработени и странки) и воопшто не ми пречи. И тоа 20 години работам овде па никогаш не сме чуле за снимки ништо освен еднаш кога имаше инцидент т.е. кражба, па ги прегледувале снимките да видат кој со што во рака си оди од работа. Одамна сум ЗА ова и драго ми е дека можеби ќе се воведе
Уф поделен став имам околу ова прашање и со двете страни делумно се согласувам но повеќе сум против. Проблемот е што нема критериуми кај нас за ништо за негувателки чинам треба педагози да се и секако чести контроли од овластени лица да има за да немаат простор за такво психотично однесување и исто така отворен родителски однос со детето преку разговор да може да ви се отвори а не да се плаши да каже.
Ете воспитувач сум и некако ги исчитав сите коментари и моето мислење е поделено т.е. Искрено се исто ми е дали ке има камера или не. Сметам дека камерите нема да решат никаков глобален проблем. Ќе не гледаат па ок јас не се плашам и одговорно стојам зад мојата работа. Но сепак повеќе ми се допаднаа коментарите от типот дајте луѓе да направиме нешто повеќе околу кадарот. Зашто во голема група да нема 2 восхитувачки а во првата мала по две негувателки. Зашто децата да се делат за спиење или да ги чува технички кога фали неговател. Каде ви е луге довербата, и зашто доколку имате еден слободен ден во неделата не ја замолите воспитувачката да присуствувате тој ден и да поминете заедно да ја осетите атмосверата, да се претопите со секојдневието и проблемите или едноставно да видите како е еден ден во градинка. Вратете се кога бевме деца исто функционираше се, дури и порано не носеле, сме седеле цел ден. Пораснавме живи здрави без трауми. Така е и сега само треба да имате верба или незнам јас премногу имам отворен однос со родителите па сметам дека секаде е така. А да не почнам да набројувам какви се родителите кон децата страшно.... Ама мислам дека е доста кој разбра разбра
Ако сака некој педофил снимки од деца, ќе су отвори фб или инста. Се има таму. Сигурно нема да хакира страна од градинка. Како бе вака не се паничите кој ги чува снимките од веро и рамстор игротеките?
Има разлика од снимки во Веро, до целодневни снимки во градинка каде децата престојуваат цел ден и го прават тоа што и дома. Ќе дозволиш ли дома да те снимаат и некој рандом лик во секое време да може да те гледа? А за педофилите... не си свесна на што се се спремни.