1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Државата нема пари за течен сапун не па да спроведе видео надзор.

    Мајки кренете си го гласот и спроведете иницијатива за да се подобрат условите во однос на персонал и простор во градинките.
    Не знам точно што вика законот во однос на воспитувачи и број на деца.
    Еден куп дипломирани седат дома без работа,а пола од веќе вработените се без решение или несоодветно/партиски примени. Нека земат практиканти студенти,со задолжителни 3 дена на работа.Има многу начини,ама ретко кој прави поголем напор од типкање по тастатура.

    Не сум против камери,ама искрено не верувам дека ке сменат нешто.
     
    На sonuvana, Nausicaa, Feminka22 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, сериозни сте за ова со педофилите?
    Знаете каде се демнат, па ги носите децата? Знаете дека има мажи што се допираат меѓу нозе гледајќи го вашето дете додека си игра од карши? Тоа го имам видено одамна во Веро..ми се згади.
    Пазете си ги децата и гледајте да бидат безбедни. Не туку мудрувајте дека снимките ќе завршат во раце на педофили..
    Дури и да се случи такво нешто, што искрено не верувам, подобро ви е детето да ви го враќаат со модрици истепано, трауматизирано од ментално пореметени воспитувачки или да шпекулираме дека снимките завршиле во раце на педофил?

    Знаете колку снимки од деца има на интернет? Бесплатно?
    Пукнале тие за децата да ги гледаат, плус тоа и да платат за тоа.. Абе ајде:D
     
    На makedonkamak, PaLaVa, Nausicaa и 17 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    Да не отворам нова тема ама имам подобра идеја од ова: само мажи да бидат воспитувачи (се разбира не педофили). Со жените, хормони, пмс, мс, пмс, хормони, свекрви секогаш ќе има некоја која ќе каже краво, кучко, ќе се дере.
    Џабе е и видео надзор.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    Ова тешко дека ќе се изведе. Забрането е со Закон. Знам затоа што работев во градинка. Јас сум повеќе ЗА, затоа што може да има Не дај Боже ситуации. Сведоци сме колку деца се малтретирани од воспитувачките/негователките. Ама само во такви случаи да се користи.

    Некој погоре спомна за вработувањата. Се согласувам само во едно - Дека треба да се примаат способни. Не мора да значи дека тие со партиски врски се неспособни за работа. На мене ми е битно личноста да работи како што треба, а не да оди на работа колку да зема плата.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ееее, аj не вакви муабети. Плиз :) Жени пмс, мс... Така испагja дека, жените само за у лудница сме :) ич да не работиме, комуницираме со луге, гледаме и наши деца оти, нон-стоп ни играат хормоните, живчани сме и не баш разумни. :)
    Камерите не се решение, се сложувам. Да се зголеми бр на воспитувачки,, негувателки...да. Со две раце сум за. Сниманjeто, пост фестум може да помогне, откако се случил инцидент, мада, стои и опциjaта дека ако знаеш дека те снимаат, ке внимаваш повеке. Али, сепак, ..не би застанала зад инициjaтивата.
     
    На Nausicaa, CameliaMiller, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    А ти можда се надеваше некој да ти се закачи ради нашите хормони, пмс, мс, свекрви, или ја згреши математиката?

    Јас, изненадно, сум за. И знам дека сум благо параноична во секоја смисла и мислам дека штом се исполнам како родител грижата за безбедност на мое дете би ми кренала параноја поќе. Затоа не сум сигурна дека "за" е вистински точна опција. Има предности во секој случај како:
    "Вработените ако знаат дека се снимани ќе бидат повнимателни" ама колку и да се внимателни, една негувателка на 40 деца колку ќе се снајди?
    Од друга страна: "Ако детето е повредено ќе имаме опција да провериме" ми се допаѓа зошти идат до посериозни работи и не секогаш се зема детето за сериозно. Ама, факт е дека и ова многу лесно можи да биди злоупотребено од неколку аспекти.
     
    На DAngel, LiliBoz и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Барем досега во МК се докажало дека во секој закон има дупки. А законите се менуваат побрзо од чорапи..

    Зошто е дозволен видео надзор во банка на пример, а не е во градинка? И таму и ваму луѓето доброволно влегуваат знаејќи дека се под надзор.
     
    На emkaemka, SummerGirl, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.342
    Допаѓања:
    8.111
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz @Rebecca_R
    Секако дека е проблем и тоа голем, кој треба да се реши со отпуштање на таквите воспитувачки, а не камери.

    Камерите нема да го решат проблемот, затоа зошто наместо за камери не поднесете иницијатива за поголем број на вработени? Никаде до сега не слушнав такво нешто, а сега испаѓа дека не е тоа проблемот туку камери фалеле. А колку што знам во градинките наши само повеке воспитувачки фалат ништо друго, тоа е и најголем проблем уствари.

    @Dust Не се споредува видео надзор во банка и градинка.
     
    На sonuvana, An-na, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Зошто?
    И во банка си ги носиме децата со нас? И во банка зад шалтерите работат луѓе?
    Тогаш што е поразлично?

    Единствено што може е да се направат посебни соби за пресоблекување на децата во склоп на секоја градинка. И толку.
    Друго и онака го ставаме на тацна секој ден.
     
    На ane.bella, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.342
    Допаѓања:
    8.111
    Пол:
    Женски
    @Dust Да ги носиме, завршуваме работа за 15 минути и си идеме. Зад шалтер снимаат возрасни луѓе што куцаат на компјутер цел ден.

    Во градинка би снимале 8 часа деца како се преоблекуваат, им се менуваат пелени, јадат, се играат...И не е работа што ке ги снимаат вработените исто како и во банките и икс институции, туку што ке снимаат деца.
     
    На sonuvana, An-na, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Прoтив.
    Не сaмo вo грaдинки ,билo кaде .
    Oд причини штo видеo нaдзoрoт не мoже дa гo кoрегирa oднесувaњетo.Мoжеби крaткoрoчнo, нo пoтoa се учaт техники нa aвтoмaтизирaње, пoвтoрувaње,и сo кaмерите не се решaвa ниеден прoблем oсвен вoaјерствoтo кaј чoвекoт .
    Big brother не е пoтребен вo грaдинкa зa дa скoнтaме декa се случилo нештo лoшo нa дететo.Пoтребнo е решaвaње нa прoблемите нa другo нивo сo кaдaрoт,a oд квaлитетнo решaвaње ке прoизлезе и дoвербa вo истиoт.
     
    На sonuvana, Nausicaa, g8lQQk и 8 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Против сум.
    Треба да се посвети поголемо внимание при вработувањето на негователките, како што рековте, да не иде по партиска линија, туку тоа пред се да биде жена што сака деца и да има завршено обука и да поседува сертификат.
    Прегруби сте во однос на нив. Заборавате во какви услови работат, за која пара, која е ништо во споредба со одговорноста што ја носи работата. Вие со едно две деца дома, не можете да излезете на крај, а замислете да имате уште 28 до вас. Секое од нив е посебна приказна и карактер и да се прилагодиш на сите и да пружиш подеднаков третман, можам да замислам кој терет е.
    И покрај се, постојат прекрасни жени на кои родителите им ги препуштаат своите деца, и не е во ред заради една две будали на кои им пукнал филмот, да се става црна дамка врз сите и преку камери да се преиспитува секој нивен пуштен чекор.
    Кој нема работено под видео надзор, не знае колку е стресно и непријатно.
     
    На sonuvana, theowndemon, g8lQQk и 6 други им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Вака накратко: во градинките си се знаат меѓусебе кои се и какви се со деца. Впрочем, како и секаде, си ги знаеме колегите кој како и колку работи. И да се деси нешто што камерата би покажала, тие си се штитат меѓусебно и снимката маѓично ќе исчезне или нема да чини. Сакам да кажам дека директорите знаат која негователка или воспитувачка не си ја работи работата, ама сето тоа е џабе, ако имаат некаква позадина. Така да, не верувам дека тоа со камери ќе функционира.
     
    На azelea, dunika и Martka им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Педофилите прво собираат материјал од интернет, од оној, кој самите родители ги поставуваат. Ама тука обично се 'поневини' снимки и фотографии.
    Вториот начин им е, со заведување малолетници преку чат-соби и социјалните мрежи.. Не е тешко да натераш дете од 8-9 години да се соблече пред камера...
    Дома треба најмногу да се внимава, ако се плашите од педофили.
    Преку интернетот, имаат 'отворена врата' педофилите... во сечиј дом.
     
    На Dust, lovestoneddd, g8lQQk и 5 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.111
    Допаѓања:
    18.299
    Пол:
    Женски
    Треба повеќе персонал и почести психолошки прегледи на вработените.

    Прашање за тие што живеат во странство и што имаат деца кој одат во градинка. Дали во градинките имаат камери во просториите каде што се децата?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Против камери сум, дефинитивно. Не гледам на тоа како решение.

    Освен што треба да се зголеми бројот на соодветно образувани негувателки и воспитувачки, треба и директорите на градинките да се сменат со искусен и стручен кадар.

    Партиските вработувања секаде, па и тука, всушност се најгорливиот проблем кој се провлекува со децении.

    Доколку секој поединечно си ја работи работата професионално, не би требало да има потреба од камери.
     
    На sonuvana, Martka и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Добро прашање...
    И мене ме интересира ова.
     
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Од нашата градинка сум многу задоволна.
    Еве да кажам дека преоптеретеност нема, т.е. на 22 дечиња (од кои се некој е отсутен и има 17-18 дечиња) на возрааст од 3-4 години има две жени (воспитачка и негувателка).
    И моето и (според кажувања на мајките) и останатите деца многу ги сакаат ЧИТЕЛКИВЕ.
    За себе лично кажувам дека НЕМАМ потреба од камери, доволен доказ ми е што детето кога ќе ги види трча накај нив.
    Но...
    Кога ќе наидам на вакви ситуации, не останувам имуна.
    Јас сум сигурна дека освен дерење по деца има и тепнување и невнимавање на децата.
    Јас како родител (се ставам во улога на сите родители) го оставам детето во воспитна установа и такви работи не смее да има, и не верувам дека билокој родител ќе рече ,,па штоако го удриле,,.

    Дали се малку вработени како кадар или се необучени или се преку врски примени без лекарско - ЈАС НЕЗНАМ !!
    Јас реагирам на начинот на однесувањето на,,исклучоците,, (како што беа примерите на ТВ ,,козо...краво,,).

    Темава не е дали треба повеќе воспитачки во градинката, туку е дали сте ЗА камери или ПРОТИВ.

    ЗА сум....и место 2, да вработат и да бидат 4 воспитувачки, пак ќе бидам ЗА камера.
    Колку да се знае дека некое ,,око,, ја гледа 8-|
    Незнам баш дали однесување пред камера и без камера е исто:wasntme:

    Колку од вработените ги снимаат на работа па никому ништо.
    Зарем приватното обезбедување на нашите домови не не снима 7/24?
    Зарем камери нема во КАМ, ТИНЕКС И ВЕРО?
    Зарем во чекалните по болниците нема камери ?
     
    На LiliBoz, cresa-jagoda, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Некаде има некаде не. Еднаш бев против, ама таму каде што колешките не се пријавуваат една со друга, таму каде што не се казнува никој затоа што е човек на оној или овој или од една или друга партија, таму каде егото на вработените е преголемо за да се замара да смири правилно некое детиште што мајка му го запишала за да седи и одмара дома на раат за 1500 денари...треба да има. Не да гледаат реалити шоу родителите туку во случај на инцидент да се побара снимка. Скоро секаде сега има камери и не се поставени за контрола на вработените (барем не треба да бидат) туку за безбедност. И пак нема да е решение ако има прикривање. Заради повишен глас и некој погрден збор никој нема да ти дозволи снимка да бараш и цел ден да следиш како работела воспитувачката, ќе треба поголем инцидент. Работата нивна треба директор да ја набљудува и за тоа не му требаат камери ама, рековме, вемеро, сдсм, братучеда на градоначалникот, внука на директорката итаканатаму.
     
    На Nausicaa, CameliaMiller, Harper и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Кога ќе слушнам жена како кажува дека ако мајка дома не може да се справи со две деца, што да се очекува од негувателка или воспитувачка, е стварно превртувам очи и се нервирам. Ако таа што работи во градинка со 25 деца нема нерви за работата, се дере, ги тепа и ги трауматизира, не треба воопшто да работи со деца, туку некоја друга работа која нема допир со деца.
    Факт е дека во градинкиве примаат преку врски и партии, дека не се работоспособни ама сепак работат и ништо не им можат. Моето дете преживеа траума од негувателка, од претрпен страв и стрес не можеше да мочка и да збори, туку се тресеше и плачеше, а мала беше и не знаеше убаво да ми каже. Негувателките се штитеа, таа што ја истрауматизира ќерка ми тврдеше дека малку ја искарала зошто почесто барала пред спиење да оди да мочка. Од малку карање не се случува тоа што се случи. Друга случка во јасли, ја зимам ќерка ми од градинка и ми вика -мама, ане бам гавата, баам, и се мава по глава цело време. Во сон плачеше и повторуваше. Негувателките пак се бранеа и дигаа раменици, раководителката исто од нивна страна, наводно детето измислувало и лажело, сигурно дете го удрило по глава (а дете во јасли како може да лаже). Поголема кога беше ќерка ми, негувателка ја плескаше по газот, одговор од раководителката -она е таква, таков и е начинот на воспитување.
    Факт е дека основна и најбитна работа е од корен да се прочешла и среди персоналот, да се отворат повеќе градинки и да се примат повеќе негувателки и воспитувачки, условите се повеќе од очајни, што од малку персонал, што од малку а и минијатурни занимални.
    Камерата не знам колку би завршила работа. Не иде во тоалетите кај децата да се стават камери, а баш таму се случуваат доста непријатни и ужасни работи.
    Од иницијатива и петиции од родители ништо не се прави, родителите немаат право на глас, никој не ги слуша. Градот и градоначалниците треба сериозно да почнат со промени, за да не излегуваат истрауматизирани деца и да не се вработуваат нервни жени кои не знаат што со себе.
     
    На Someonespecial, ane.bella, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.