1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Нема.
    Си плаќам по 250еу од дете со вклучен ручек. Појадок и ужина од дома.
    Има 2-3 воспитачки или помошнички на воспитачките на 10-12 деца во малите групи(6-36 месеци) и исто толку кадар во големите групи(36 месеци па до 6 год) со тоа што таму групите се по 20 деца. Се чека за место и по 1-2 години.
    Воспитачките си сечат јаболка на масичето со децата, си пијат кафе додека децата низ нозе им се мотаат, поради недостиг на места се обидуваат уште од 2.5год да ти го префрлат детето кај големите. Некогаш снемало јакна, деуг пат блуза, нкогаш моиве апнале дете некогаш апнати и со модрица си дошле, какви пижами при спиење...некогаш на среде игрална додека деца го прерипуваат си спијат, со кака во пелена ми ги давале иако детево смрдело кога сум го зела, значи мириснале...
    Болни деца примаат, не постојат брисеви.
    Разликата е доволно кадар(се надевам стручен и професионален). Нема друга.

    Да не сум оф.
    Против камери сум.
    Потребна се најпрво промени од друг калибар, доволно градинки, доволно персонал, стручен персонал, детална програма за анимирање на децата, асално мени за исхрана секаде...
     
    Последна измена: 20 август 2018
    На gjoker4e, MissDior, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Не смее да има видео надзор во градинките (и во училиштата). Ја сфаќам грижата на родителот „змај“ ама се претера, особено се претера со генерализирање на нештата преку еден пример.

    Доволен доказ за работата на кадарот во градинката е волјата и желбата на детето да оди во градинка. Секако, и да е се погодено, има деца кои не ја прифатиле градинката, ама не мора се да се препишува на кадарот. Искрено повеќе препишувам на родителите кои буквално им модреат врат на воспитувачките секое утро кога влегувам во градинка со моето дете (како дома не пеело, како не јадело, како да се однесувала со нејзиното мило мало, како другарчињата се однесувале со него), воспитувачката од култура слуша, вели во ред е, а внатре ја чекаат најмалку 10 деца кои немаат нејзино внимание зашто мајка решила да ја трола во 8 сабајле без усул...

    Воспитувач, негувател е професија, како се справуваат со 25 деца 8 часа, не е тема за проценка на неук родител преку видео камера.

    На крајот, ако родителот има време 8 часа да блее во снимката од градинката, значи нема работа и „држи“ место на некој кој што нема каде да го остава детето, само заради личен хир. Поддржувачите на камери мислам дека треба да се стават во обратна позиција - дали вам ви е ок некој да снима што правите на комјутер 8 часа, што правите на пауза, како сте ја погледнале колешката, дали секоја задача сте ја извршиле со насмевка...
     
    На sonuvana, Kitten, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Го поставив прашањево и претходно, ама никој не ме удостои со одговор. Ај пак да пробам :?:
    Вие што сте за камери, дали би дозволиле да ве снимаат дома или во спалната соба 24/7 и некој рандом лик во секое време да има пристап до снимките и ако му е досадно да ве гледа?
    Е, исто е со снимањето на децата во градинките. Не можете да ги снимате вработените без да им ја нарушите приватноста на децата.
     
    На sonuvana, Nausicaa, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не. Градинка е јавна институција. Домот е приватна сопственост.
     
    На zuto и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Каде што децата престојуваат и се згрижуваат. Значи исто како дома да се.
    И не е јавна институција, туку воспитно образовна згрижувачка институција.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ок.. полу-јавна. Пристап имаат стотици луѓе дневно.
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Во дворот и ходниците евентуално, не во занималните :!:
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    27.717
    Пол:
    Женски
    Не сум за камери. И децата и вработените треба да имаат приватност. Баш сега ја читам 1984 од Орвел и мислам дека ова со поставување камери секаде е баш Орвел. Не знам како може тоа да колективно да ни текне.
    Поставувањето камери и отсуството на вреѓање и слично во одредени слуќаи не значи и нужно подобрен квалитет. Ако има камери еве ќе пазат вработените да не им викаат на децата. Дали тоа значи квалитет. Ќе биде тишина, ама не значи дека квалитетно ќе се работи со тие деца.
    Тоа само значио дека ќе ги роботизираме работите, ќе ги научиме сошпствените деца дека постојано ги надгледуваме.
     
    На sonuvana, Nausicaa, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Која приватност на мали деца во градинка? И така се под постојан надзор на вработените и до тие снимки нема да имаат пристап родителите освен кажано е во кои примери. Јас што правам во спална споредуваш со тоа што прави дете во градинка? И мислиш дека снимките на youtube ќе се ставаат па рандом ликови да гледаат?
     
    На emkaemka, Harper, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    А ти знаеш ли како функционира систем за надзор? Во секое време некој мора да има пристап до истиот за одржување. И најчесто тоа се тим луѓе кои ако сакаат во секое време ќе можат да ги гледаат снимките. Или и ти си од тие што мислат дека системот се поставува и потоа никој нема пристап до истиот освен со налог?!
    Ако за тебе престојот во градинка не приватност, за мене е. Таму децата спијат, какаат, мочкаат, ги пресоблекуваат итн. исто што прават и дома. Како што не сакам дома да ми го снимаат детето, така не сакам ни во градинка.
    И за крај, сосема е во ред моево прашање. Зошто не дозволите да ве снимаат дома? (ете не мора во спалната соба оти ви е многу приватна) Нели камериве ќе бидат поставени за заштита на децата од насилство? Има еден куп родители кои ги злоставуваат децата. Да поставиме камери во секој дом за да ги заштитиме ако не?! Ако е легитимно да ги снимаме во градинка, исто е легитимно да ги снимаме и дома.
    Се надевам ја сфаќате сопствената параноја!
     
    На sonuvana, Nausicaa, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Во градинките има родителска средба еднаш годишно, и таа се однесува за материјали, уплатници, програма и списанија, а воопшто не се зборува за децата, нивните потреби и други работи кои и те како се битни за дете кое од јасли па до предшколска престојува во таа градинка, и седи 8 саати секој работен ден. Секој родител сака и има право да знае за проблемите и непријатните случки низ кои поминува детето, сигурно не иде се како подмачкано. Ако јас како родител знам дека моето дете ја сака градинката и негувателките, оди со радост во градинка, се гушка со сите и е среќно, и одеднаш сето тоа престанува, гледам плачливо дете кое не сака да влезе во градинка и гласно кажува дека се плаши од одредена негувателка или воспитувачка, па дури и кажува какви се инциденти имало, како кубење, шлапање по газот, дерење и мавање по глава. По твое родителот треба да ќути и да остави сами да се средат и смират работите или има право бар наутро да праша дали има некаков проблем и да зборува отворено со негувателката?
    Не е крива мајката што прашала утрото за детето, зошто сака да го дознае проблемот со кој се соочува детето, крива е општината која не вработила повеќе негувателки за да има кој да седи со децата постојано. Не иде летно време од 15.00 па се до зимање на децата да има само една единствена негувателка која ем седи со децата, ем ги испраќа до врата тие што си одат. А, реално секогаш има повеќе од 30 деца од сите групи.
    Сум ја зимала големата со висока температура од градинка (никој не ми се јавил да ми каже за да си ја земам порано) ми ја пушта од занимална зошто имала деца, немало кој да ги гледа, а должна е до врата да дојде да ми ја предаде и да ми каже дека има висока температура ( од каде да знае како ми реагира детето, може грчеви и чуда да се јават). Ми ја пуштиле измочана во гаќи, не ја пресоблекле зошто не ја приметиле. По твое јас не требало да прашам утрото за проблемиве, туку да оставам така да помине се, голема работа, деца се нели?
    Е од вакви родители кои одат против другите родители кои си прашуваат за детето наутро, ќе се случуваат секакви работи.
     
    На oblace1, NarCis@ и referentka им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Чекај.. тебе ти е мисла за оние кои ќе се надлежни за мониторинг и одржување на системот?
    Нема ваљда на такво работно место да постават некој кој ќе прави копии од снимки и ќе ги продава на педофили... Тогаш тој ќе биде во уште погадна ситуација отколку негувателката која плеснала дете.

    Овај цел муабет се сведува у ствари на недоверба... Недоверба во негувателките, недоверба во надлежните, недоверба во институциите, недоверба во системот..

    Не сум повеќе сигурна кое би било најсоодветно решение, но нема да се противам ако се постават камери и во градинки и во училишта и секаде.. вклучувајќи ги занималните и училниците.

    Нека му ја мислат надлежните кои си играат 'држава'. Проблем имаме, а како ќе го решиме, тие треба да смислат и спроведат.. Или ако не знаат, да се консултираат со некој со поголемо искуство.. Како ЕУ... на пример.. Ваљда во тие илијадници страни за ратификување, има закони, правила и прописи и за ова...
     
    На emkaemka, lovestoneddd и referentka им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Дома и градинка е исто?:|
    Спална соба на родители и занимална во детска градика е исто ?:|

    Еве повели, на страна 27 прочитај слободно што може да е под мониторинг
    https://dzlp.mk/sites/default/files/u972/ZBORNIK-Privatnosta e samo tvoja.pdf
    Ќе побараат согласност.
    Ако има повеќе ЗА, ќе стават камери.Ако има ПРОТИВ, нема да стават.

    Сега за сега е само иницијатива.
     
    На LiliBoz, cresa-jagoda, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Оти не ми е многу приватна само спалната соба туку и ходникот и кујната и ве-цето и шпајзот каде ми стои даската за пеглање...ако ме разбираш. И би било без моја дозвола. Нека се бара дозвола од родителите.
    Друго, не ми е јасно, кој тим на луѓе постојано ги гледа снимките?
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Против сум да има камери во занималните, не сакам некој кој нема попаметна работа освен да дреме и да си го гледа онлајн детето и моето исто што прави тие 5 до 8 часа во градинка.
    Сум за поставување доволен кадар, да се овозможат нормални услови за работа 2 учителки на 30+ деца е малку.
    Сум за тоа да родителите се искрени и да не праќаат болни деца во градинка. Прво да се научат правилата на градинката па да поставуваат свои правила .
    Факт е се испраќаат деца болни со тт, со вируси . Со тоа се попречува нормалниот тек на работа. Дете кое е болно си бара посебна нега и мир, кое неможе да ја добие во градинка.
    Во разговор со учителките самите кажуваат дека родителите затајуваат некои работи. Како пример, дека детето цела ноќ имало пролив и повраќање . Деца ко деца се искрени и си кажуваат. Дете со тие симптоми не смее да присуствува. 48 часа треба да поминат да се смири и после да се прати пак во градинка. Тоа го знае секој родител ама пошто не му одговара да го остава детето дома го праќа повторно. Со тоа се загрозува здравјето на останатите деца а и на вработените.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    Јас искрено сум против снимање и во болнички ходници... среќа во ординации нема, инаку и за таму имаше иницијатива...

    Мене лично ми е ова претерано. Немам конкретен став, ама ете, мислам дека не е тоа решение.
     
    На JoyJoy и Martka им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Исто како што негувателка е должна да се јави кај родител доколку детето качи висока температура, падне и се повреди и ред други работи. И, исто како што негувателка место да тепа и да му се дере на дете, психички и физички да го малтретира и вознемирува зошто немала нерви со толку деца одеднаш да се справи, треба да го викне родителот, и доколку има некакви проблеми со детето отворено да зборува за да се решат. Многу работи и основни правила не се почитуваат, затоа се дојдени до тука работите.
     
    На Rebecca_R и karak им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    Абе види... се` си во право... ама некои родители ако не се појават на работа ќе бидат отпуштени..,. Македонија е ова, нема дете, вирус... ако не можеш да си на работа, ајт со здравје.

    Така што не верувам дека од ќеиф ги праќаат болни, туку од немајкаде.

    Не е тоа во ред, ама рибата смрди од главата...
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    После неколку страшни садистички случки од страна на "негувателки/бебиситерки" насекаде низ светов искрено и страв да те фати, што после трауми да има за цел живот детето ради некоја ненормална? Можда звучи параноично али такво време дојде немам доверва у никој. Кога ќе размислам подобро, да бев родител и ја ќе барав камери да има. Сегде има камери ако е за тоа буквално под видео надзор сме сите.
     
  20. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Мислам дека во секоја јавна институција би требало да има камери. Многу е полесно за докажување на секакви работи од секојдневието. Не мора да е само насилство.
     
    На Someonespecial, ane.bella, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.