1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    И јас сум против камери во градинките.

    Не мислам дека е нормално да се снима децата и воспитачките цел ден.Викаат и по болниците има камери.Да,но во ходниците се снима не по собите за преглед или во собите на пациентите.
    Инаку за малтертирањето-затоа треба да се варботува стручен персонал и да не се групите толку големи.Најранлива група ми се дечињата докај 3 години,оти не можат да кажат.

    И кај нас треба да се 3 воспитачки на 18 дечиња,но се случувало и една да гледа 12 деца одеднаш-еден период имаше многу болни воспитачки и дури се скрати работното време.
    Оти има и мајки кои претеруваат.Децата биле покакани,уапани или со џумки.
    Ако не е постојано и се случува ретко или еднаш ми е во ред.И моето ми го имаат вратено со угриз или уштипано на ножето дури како подлив на крв имаше,ми кажаа дека се друго дете му го направило-не знаеа да ми кажат што точно се случило и потпишав дека сум известена.Ама затоа и моето знае да удри или да уштипе,се научи во градинката.Исто некогаш ми го вратиле со разрането газе или каки.
    Ама се додека детето сака да оди во градинка и е среќно и ова се случуваат ретко или еднаш замижувам пред вакви работи.
     
    На sonuvana, oblace1, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски

    Веројатно не сум се изразила како треба или лошо си се препознала во текстот. Змај - мајкиве за кои зборувам се секој ден истите, го зафаќаат целиот влез и разговаааааараат со воспитувачката, понекогаш мислам дека се зборува и за иста тема... Знам како функционираат родителските средби, да, еднаш годипно се. Да, сум прашувала и јас како напредува, дали е добро социјализиран, дали имаат проблем на кој што треба да работиме... Ама гледам прашањата да се развлечени по седмици барем, не секој ден... Ќе те поправам, ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕ ОДАМ ПРОТИВ РОДИТЕЛИ! Не поддржувам родители (генерално и луѓе) кои не го ценат туѓото време и професија (и кои простапуваат со предбедувања кон другите) - толку

    (да се вратам на темата) Моето оди од јасли во градинка - 8.5 месеци беше кога почна, сум имала непријатни ситуации, 4 до сега, но тоа не ми наметнало мисла дека треба да има камери...
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Ова е за снимање возрасни, никаде нема наведено за деца. Мешате поими очигледно. Едно е да снимаш возрасен на работа, друго дете во градинка. Не знам како не ви е јасно? Евентуалната корист од ваквиот потег е минорна во споредба со штетата која може да настане од истата. Ама ај, вие си знаете :^)
     
    На sonuvana, Martka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  4. FAUSTINA

    FAUSTINA Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Женски
    Камерите нема да го решат проблемот со немање доволно кадар,обучен и квалитетен кадар во градинките.
    Камерите се меч со две оштрици.
    И сум за и сум против.
    Сум за ако е строго регулирано се во врска со заштита на приватноста на децата.
     
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Не се препознав јас, зборев општо за сите родители кои имаат прашања наутро за негувателките. Не превртувајте очи на таквите родители, не знаете кој со каква мака дошол да "гњави" секое утро на врата. Ако јас прашувам само доколку гледам дека навистина има голем проблем, друг родител тековно прашува и сака да знае се, што и не сметам дека е голем проблем. Штом не дозволуваат влез во занималните (зборам за градинката каде што одат моите деца) имам право барем на врата да поставам прашање, или не?
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Значи ли дека сте против снимката која јавно излезе по сите медиуми како воспитачката го навредува детето ?
     
    На LiliBoz, Mari* и ivi1987 им се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Тоа е доказ дека не мора да има камера во градинката за некој да го сними вашето дете
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Токму тоа и сакав да го кажам :)
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Види јас зборам за она што го гледам, кај мене во околина не се случило да има малтретирано дете од страна на учителка, ако дете покажува симптоми на нешто се обавезтувало одма родителот .
    Во помалите групи имаат и листа за секое дете во пелени и се запишувало каков измет (се извинувам) вршело.

    Може затоа и сум против камери.
    Пошто секој родител кој сака да се информира за своето дете може да разговара во секое време со учителките (нормално не кога се гледа дека се зафатени па јас да ги гњавам со мои работи)

    Камделија мене тоа ми е јасно. И на мене ми е смрт кога морам да наоѓам начини како да правам кога имам болно дете а морам на работа .
    Мм останува дома, зема боловање за дете ако нема друг начин. Го следуваат тие денови па сака фирмата нека урла. Децата и фамилијата пред се.

    Инаку страшно нервира кога стално се праќаат болни, недолечени деца па со тоа се и опасност за другите. Јас ги чувам, додека треба.. И за се се наоѓа решение, не дека нема. Како би било кога стално твоето се разболува од х деца. И ти мораш да осдуствуваш од работа ? Не е во ред
     
    Последна измена од модератор: 20 август 2018
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Ама кога гледам дека нешто не е во ред со моето дете, заслужувам одговор. А не, ок си е, ништо не му е тука а јас гледам дека има голем проблем. Тоа не е одговор дефинитивно. Доколку има ред и цивилизирано однесување од страна на вработените во градинките, тогаш навистина не би имало потреба од камери.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Не е во ред, 100% се согласувам.
    Ама тука отпушатаат ако помислиш дете да раѓаш, а не боледување за нега на дете (често) да земаш.

    Некои од аздис тоа го прават, ама некои навистина немаат излез.

    Затоа не можам сосема да ги обвинам, иако тоа што го прават не е во ред, некогаш се принудени.

    Богами нема пари што ќе ме платат да работам во градинка во Македонија.
    Јака им душа и на тие вработени, 20+ деца :drunk:
    Нема оправдување за дерење, навредување и физичко насилство, ама зошто децата се потепуваат меѓу себе и зошто не се успева на време да се реагира имам претстава...

    Не знам зошто уште одат секој ден на работа, тоа треба да направат протести и да не престануваат додека не се преземе нешто.

    Па тогаш да си бара секој родител и време за разговор, и објаснување, и сѐ.
    А не една оставена на сто деца, што попрво.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Деца кога се закачаат е друго, никогаш не сум реагирала за тоа, и дома две може да се удрат или изгребат не па толку деца во една занимална. Ама, неприфатливо ми е негувателка физички и психички да малтретира дете, а другите да ја кријат и бранат. Едно време во градинката имаше многу волонтерки, работеа за неполни 5 000 денари и ќутеа со надеж дека ќе ги примат. После две години непроменет статус почнаа да се бунат и да зборат дека не е издржливо, за таа пара таква одговорна работа да работат. Знаеш што се случи, сите ги отпуштија, донесоа нови девојчиња. А, факт е дека повеќето се жени со деца и фамилија, и дека зависат од таа плата па затоа молчат и трпат, а повеќето од мака се истураат на децата, што не е хумано и е недозволиво.
     
    На makedonkamak, CameliaMiller и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Апсолутно е неприфатливо, и се надевам строго казниво, со отказно решение...
    Убаво си кажавме, од горе мноооогу смрди...
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Заради децата. Не е дозволено снимање на малолетници. За да се смени тоа, треба да се потпишат сите родители. А тоа е невозможно. Не сака секој детето да му биде снимано.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да се снима. За да не може некоја воспитачка таму да ми рече (кога девојчето ќе има џумка поголема од главчето нејзино или гребаници по цело тело како да се бирела со лав) такво беше девојчето кога го донесовте.:fubar:
    Ќе треба ова да следи друшки:headbang: поштено си кажувам.
     
    Последна измена од модератор: 21 август 2018
    На makedonkamak, referentka и LiliBoz им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.111
    Допаѓања:
    18.295
    Пол:
    Женски
  17. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Ама сте се исплашиле од педофиливе...
    Знаете дека секој еден кој се разбира малку повеќе во компјутери може да ви хакне лаптоп или телефон и да ве гледа преку камера кога сака?
    Знаете дека сме 24/7 набљудувани преку сателитски камери и дека некојси таму тим што работи за светски служби има пристап до тие камери и може да ве следат нон стоп каде се движите?
    Нашата приватност веќе не е сокриена на ниеден начин а и самите си ја експонираме.
    Педофил попрво ќе се напали на слики од дечиња на плажа сликани со голи газиња прикачени кај родителите на профили, отколку да го гледа вашето дете кај што си игра и јаде во градинка.

    За тоа дали сум за или против имам поделено мислење.
    Кога би имало камери во градинките, ќе треба да се постават камери и во домовите за стари лица, затоа што и кај нив има исто толку ако не и повеќе случаеви за злоставување на старите. Зошто тие немоќни и беспомошни луѓе би биле помалце битни од децата?!

    И на крај, надвор од темава, но како просветен работник би поставила прашање: дали треба да има видео надзор во средните училишта? Знаете ли во денешно време кога од некои си нови модерни морални причини не е дозволено да се повишува тон на ученик, а па не дај Боже да се удри, какви психички тортури трпи еден професор? Со свои очи сум гледала вербални навреди кон работникот од страна на ученици, гаѓање со ливчиња и ѓубре, дури имаше пред извесно време и физички напад врз професорка. Сум сведочела и на плачење поради нервен слом предизвикан од таквото нивно однесување. Не сте свесни какви монструми од деца седат во тие клупи, а кој ја штити тука другата страна?
     
    На makedonkamak, referentka, alana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    @fairy88 си пишала дека дете измавано ти вратиле и ти рекле дека не знаат што се случило ??!! А кој да знае??
    И мене ми беше еден период синчето секогаш искасано и пиштеше не сакаше да се приближи во градинката. Од што се буневме дури и ми се жалеа дека кога излегувале од занимална морале со нив да го земаат син ми. 2 годишен е во јасли. Таа група се најранливи и најбеспомошни и најзахтевни а имаат по 1 на цела група. Бар за таа група САКАМ КАМЕРИ. Макар во ходници и бар во едно ќоше од занимална. Кога ќе дојде искасан ако таа не знае зошто да каже камерата. И исто да се види како кафе пијаат сите воспитачки заедно а децата внатре Господ да ги чува. Деца истурени со кафе читавме имаше, се вртеа слики на искасано годиначе... Да има надзор и да има докази. А промените и вработувањето на стручен кадар се надвор од дискусија, тоа по дифолт се подразбира. Еве кај син ми за кој ви кажував, зимата не сакаше да оди и едвај со плачење го оставав. Го касале децата .. Ама се сменаа воспитачките скоро и детево прво наутро вели градинка. Децата исти се уште а искасан не дошол пак. Пред некој ден реков ајде порано да го земам, тој плачеше за да остани уште. Новата учителка на улица да ја види трча да ја гушни. Претходната само што ќе ја видеше од врата бегаше.
    Постарите дечиња ги иставаат во двор. Оставаат врати отворени, лесно е да избега дете. Јас на мои 4 години со уште две деца избегав. Се случува често да одат по децава тако ми/свекор ми/свекрва ми..еднаш сестра ми ја пуштив - прв пат ја гледаат и и ги дадоа а никој не се јави да провери. Што ако некој непознат оди. Сум за камерии за поголеми мерки на претпазливост и за поголем број вработени. За жал вработувањата сега одат преку општина ( читај партиски врски ) ги ангажираат по селекција на осетлива категорија жени ( долгорочно невработени, жртви на семејно насилство, мајки на повеќе деца, самохрани мајки..) со договор на 9 месеци на пола работно време за мизерно мала плата... и што да се очекува од таков кадар и децата таман се навикнале им менуваат нови. За 2 години кај син ми имаше 3 промени.
    А вие шо сте против снимање зошто се кршеле правата на децата, зар не е кршење правото на децата некоја си таму да не го пази и други деца да ви го тепаат, или таа да му се издерава или недај Боже да крене рака? м?
     
    Последна измена: 21 август 2018
    На Lolipop23, makedonkamak, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како може да се споредува дома снимање и во градинка снимање.
    Предшколска институција е државна ЈАВНА институција..Не креветот од дома..
    Да се рече камери на клиника да се снима одма сите ќе се згнат ЗА да речат немој нешо да не им промакне ... Ама дур твоето дете не е удрено кој го боли за туѓото! ? Ај ќе збориме за педофилија пошто само у градинките ја има
    ...
     
    На referentka, Someonespecial и NarCis@ им се допаѓа ова.
  20. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Не беше измавано беше уштипано или гризнато и не знаеа да кажат што се случило.Немаше доволно воспитачки тој период. И да и моето дете пред мене има удрено друго дете или го удриле сум стоела на 2 метри од него и само него сум го гледала.За падови исто така.
    Срце ме заболе кога го видов на ножето.
    Ама претеруваш со тоа дека бил измлатен,сигурно сум немала да се понашам како ништо да не било ако имаше знаци по целото тело или ако ми го вратат уште еднаш таков.Детската кожа е нежна и одма се јавуваат траги.
    И како што кажав синчето мое ја сака градинката,да беше малтертиран сигурно нема да сака да оди.
    Не сум немајка ако не сум ја фатела воспитачката за врат.Ми кажа жената му го ладеле местото со мраз и го тешеле.Времето секако не можат да го вратат ни они ни јас ама затоа знаат дека ако се повтореше случката немаше да поминат како што поминаа првиот пат.