1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видео надзор во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 18 август 2018.

?

Дали се согласувате да има видео надзор во градинките?

  1. Да

    112 глас(а)
    80,0%
  2. Не

    28 глас(а)
    20,0%
  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    Кога ќе има агресивна фаза, ќе си преземам јас што треба. Дотогаш нека има камера, па и за да си го видам детето како тепа други. Во случак, да не верувам што ми кажуваат.
    Бај д веј на сите, и јас сум во образование и ич нема да ми смета камера. Напротив, услуга ќе ми направат.
     
    На cresa-jagoda, LiliBoz, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Ова психолог го има потврдено или е твој личен став? Како можеш да кажеш дека сите деца поминуваат низ агресивна фаза? Најголем дел, можеби, сите - сигурна сум дека не.

    Доколку мое дете е агресивно, јас како родител би сакала да знам и да го решам проблемот на соодветен начин.

    Друго нешто, не може мало дете да глуми до тој степен, да во градинка е едно дете а дома сосема друго. Порано или подоцна родителот ке забележи агресија на овој или оној начин.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.145
    Допаѓања:
    124.509
    Глупост?
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не да глуми, туку да се адаптира различно, на различни средини.
    И обратно може да биде. Дома да фрла, скока и крши, а надвор да биде 'бубалка'.
     
    На candy.cane, Monella и Martka им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Точно е дека може да се адаптира различно, ама менувајќи средини, детето ке реагира 'некако', па родителот ке може да увиди дали има знаци на агресија.
    Не сум баш убедена дека децата се толку добри глумци, па родителот не успева да ја види нивната вистинска природа за да работи на подобрување.
     
    На LiliBoz, WildMk, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Колку само не е точно ова. Имам две деца, 6 и 2 и до сега немале агресивна фаза а нема ни да имаат.
    Ако дете постојано е агресивно и се истура врз децата во градинка треба да се превземе нешто. Или е оној момент: Ајде де, дете е ќе му помине.
    Децата од дома треба да се воспитаат, а не негувателки да изиграваат џандари во занимална за некое дете да не остане без око зошто ете, има агресивна фаза. И 5 негувателки да има, ако дете има намера да удри друго дете, ништо нема да го спречи во намерата.
    А камери треба да има дефинитивно, за да не се опуштаат негувателките и воспитувачките во рацете и јазикот. Да не им се дерат и да не ги плескаат децата во градинка зошто имале проблеми или лош ден.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Колку често сме виделе видео каде бебиситерка дома малтретира бебе. Некои бебиња се оставени и со трајни последици од јаките удари. Да не биле тие камери како ќе знаеле што му прави бебиситерката на бебето дур се родителите на работа?
    Во градинка дур е бебе не може да каже ако го малтретира негувателка. Кога ќе почне да збори и отворено каже дека негувателка го истепала или го оставила само во ходник под казна зошто не било умно, па кога ќе отидеш да се распрашаш те гледаат бледо и ти викаат дека детето лаже, дека ништо такво не се случило, ти како родител не си моќен да докажеш и да направиш нешто за да си го заштитиш детето од насилната негувателка, па детето одбива да оди во градинка и тебе ти се прави проблемот. За вакви работи треба да има видео надзор, зошто не се должни децата да трпат тортура од несовесни и нечовечни негувателки.
     
    На cresa-jagoda, Abeja, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    Си редактирала, па сега да ти одговорам. Прво не знам дали не разбирате или ви одговара да не разберете? Нема да се тужам за секое спрчкување меѓу децата. Ама ќе ги тужам родителите за негрижа на нивното дете кое има потврдено психолошко нарушување, а тие не превземаат ништо околу тоа. И ќе имам видео докази. Околу кадарот, не можеме ништо да смениме, очигледно. Три години по ред петиции, и до општина и ништо. Во овој случај родителите треба да си најмат дефектолог, но не го прават тоа. Сѐ уште го негираат проблемот.
    А за кадарот, пак ќе кажам, кој нема мува на капата, нема да му смета камера.
     
    На cresa-jagoda, Abeja, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Морам да пишам еден пример од градинка кој цел живот ќе го памтам.
    Имам сменето три градинки,две се во близина кај нас третата не е.
    Одев во Росица, ова беше the last stop мислам нема везе.Едната воспитувачка не се замараше со нас си се шминкаше си збореше на телефон, јампала.Другата работеше и за двете.Еден ден кога требаше да шетаме раче за раче околу градинката едно дете од мојата група што ме симпатизираше ми рече ,,фати ме за рака” му реков ,,не сакам”.Сладен момент ми ја фаќа главата и ми ја мава од стол.Тогаш многу плачев, 2 недели не можев да јадам ништо освен попара, не можев да џвакам ни зборам.Ден денес на мои 17 години имам лузна под долната усна во вдлабнатината.Од градинката не направија ништо, јас како злопамтило памти па врати.Си го доби дечкото своето.После бегаше од мене и не ми се ни доближуваше.Ни воспитувачките ни никој не изграгира џабе што беа моите на разговор.
    9FB8B338-F70B-4CAE-80B6-64344B9E4F43.jpeg
    Машките нон-стоп ни влагаа во тоалетите додека вршевме нужда(сами одевме во тоалет веќе бевме ,,големи”)..
    Одев во приватната градинка Мајски цвет во Центар.Таму демек приватна.Средено и чисто беше да, се грижеа за нас ама храната беше од-врат-на.Ај што сум специфична за јадење па и тоа што го јадев беше прелошо.Јадев тек дома кога доаѓав..
     
    На cresa-jagoda, Abeja, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    136.749
    Пол:
    Женски
    Ова е сериозна работа, и треба добро да се осмисли, да се направи добар концепт, сите можни аспекти да бидат опфатени.

    Малце е нерпријатно некој да те снима цело време, да не може човек да се почеша на раат.
    Од друга страна се повеќе случаи на малтретирани деца има. Некој треба да сноси одговорност за тоа.
    Од трета страна многу ретко родител се нафаќа да сноси вина, да превземе соодветна мерка ако неговото дете е бељаџија, агресивно, малтретира други деца. Ретко родител да сака своеволно да однесе дете на психолог, да побара стручна помош.

    Eве нека има камери во сите простории освен тоалетите. Ама да има точно прецизирано во кој случај родителот може да погледне снимка. Да речеме ако има видлива трага од удар или е видливо исплашено, испаничено.

    Претходно задолжителен преглед на секој вработен таму, колку е способен и дали може да се сноси со таа одговорност. А не како сега од улица собирани воспитувачки со положен еден безвезе испит од 70тина прашања и никаква претходна стручна подготовка.

    Ako се покаже дека има агресивно дете задолжително да посетува третмани кај психолог. Никој не е должен да трпи тортура од друг. Ако родителот не превземе мерки по препорака да биде парично казнет и детето суспендирано.

    Муабетот ми е дека сите инволвирани страни, во сета оваа постапка, треба да бидат свесни за своите постапки и обврски, и да си ја сносат соодветно својата одговорност. Значи подеднакво и вработени, и родители и деца.
     
    На Dust, cresa-jagoda, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.275
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    А не помислуваш дека можеби некоја негувателка се вади на терет на 'агресивното' дете! ? Како иначе би знаела дека од дете е удрено? На жими мајка? ?
     
    На cresa-jagoda, Abeja, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.329
    Video nadzor na gradinki :shake:, o pa toa ke donse I drugi baranja.

    Vo takvi uslovi sum rabotela ama, AMA onie deca koi tepaat, kubat, grizat, nekoj nervozni,... tie nemoze ni do vrata , a kamo li vnatre.
    Taka toa funkcionira.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.211
    Пол:
    Женски
    Јас сум за видео надзор во градинките.

    За видео надзор во градинката да се одговорни и да имаат пристап само вработените во управата на таа градинка, но... Доколку негувателката во градинка е вработена со врски преку вработената во управата и негувателката тепа некое бебе и вработената во управата тоа го види нема никој да дознае.
    Никогаш не сум помислила да има видео надзор за да се види односот помеѓу децата туку доколку некое дете има траума или видиливи знаци на повреда, управата да ги разгледа видео снимките.

    Реалноста е дека нема да има ниту доволен ниту стручен кадар. Ниту солидна плата за вработените во градинка. Со години се оди само надоле, за во нагорна линија треба многу труд кој не го гледам во нашата држава воопшто.
     
    На eli25 и referentka им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Епа кога направија да може со курс за воспитувачки и негувателки да може да работат во градинка....

    Ова посебно гневни ги прави.
    Сфаќаме дека платите им се ниски за тоа што го работат и се слагам да се покачат, ама за жал гневот се одразува на децата.
     
    На cresa-jagoda, eli25, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Обавезно видео камери, насекаде каде што се работи за храна а посебно и задолжително да има во градинките и училиштата.
    Јас на работа сум под видео надзор и не ми пречи воопшто...нема што да се чешам, почешам..се знае како треба човек да се однесува на работно место...абе неможе да се драпаат, чешаат газови, да вадат мрсули од нос, да чешаат уши а потоа на детето да му дава лебче да јаде:@

    камери насекаде..не се децата партали па да ги тркалаат додека да ги облечат....па и промаја кога ќе направат:punch:

    КАМЕРИ НАСЕКАДЕ..овој народ и така е без свест и совест, па вака барем малку да има страв дека некој ќе ги види како се однесуваат непрофесионално, грубо, нечисто идр...
     
    На Dust, cresa-jagoda, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.211
    Пол:
    Женски
    Ова го пишав затоа што имам другарка која со врски ќе влегува во градинка. Девојчето не знае да се грижи само за себе, пие, за викенди сабајле си доаѓа дома, немала контакт со бебе. Јас и реков дека ни 5 минути не би ја оставила насамо со моето дете. Значи не е зрела и си има нешто умислено, всушност не знае која одговорност ќе ја има, ама има завршен Педагошки (и тој со евра за повеќето предмети, лично одев со неа да ги плати за 6ка) и татко и има врски насекаде.

    Би сакала да се реши проблемов но како?

    Јас кога го запишував моето познаници ми рекоа дека ќе паднело во група кај што била некоја пред пензија и вооошто не се замарала за децата, да сум почекала до наредна година да примат нова, во Кисела Вода ова. После таа реченица се чувствував како во измаченички живот да го сакам да го пратам сопственото дете, а не во градинка.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    35.190
    Пол:
    Женски
    Значи јас се противам на видео надзор затоа што било какво надгледување на било која група го ремети функционирањето на групата. Да не зборувам што кај деца во развој може да штети на градењето на доверба тоа што ќе растат набљудувани.
    Како некој што ете работи во образование би требало барем толку да знаеш од психологија. Може да да е навредиш ама баш ова ми е аргумент дека на наставниот кадар во било кој степен му е потребна подобра подготовка пред да оди во воспитание и образование. Не може со еден/два предмети психологија и уште еден/два педагогија некој да се пушти да работи со деца. Ќе си има дупки во знаењето и работењето со деца.
    За жал оставено е се на индивидуалецот па оние што се помотивирани, поажурни ќе работат другите нема.
    Затоа и пишав мора да се обрне внимание на образование и селекција на кадар во градинки. Има начин да се среди и да се добие севкупно подобар квалитет.

    И не мешајте баби и жаби. Видео надзор на возрасни е една работа, видео надзор на деца е сосема друга. Возрасните свесно знаат на што се нафаќаат кога потпишуваат договор за работа. Детето го осознава светот околу себе со цела своја љубопитност и се учи да гради врски, етика, морал, сфаќања за функционирањето на светот. При тоа нема можност да бира туку ќе научи дека ете „Големиот Брат“ е добро да те гледа, да те следи на секој чекор и тоа треба да биде нормално. Каков човек ќе раснеме? Недоверлив во се, човек научен некој да го следи и гледа, некој на кој скраја било ќе му биде многу ОК да го прислушуваат, посматраат и реметат приватноста.
     
    На sonuvana, do-re-mi, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    На темава сум поделен,нит ваму нит таму.Од една страна е добро да има видео камери од причина што секое насилство врз децата ќе биде забележано а пак од друга не знам како би влијаело тоа врз развојот на дечињата кога би знаеле дека секој чекор им е следен од родителите.
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy не се вреѓам. Може затоа што на психологија не сме учеле за видео надзор на деца и неговото влијание. А башка што, тоа што си психолог не те прави да бидеш во право, туку само имаш свое мислење. Впрочем како и психолози што мислат дека треба да има видео надзор, за децата да се чувствуваат посигурно. Супер е што живееш во "розов свет" и се согласувам дека треба да биде така. Ама за жал, не е. Во светот ова функционира и за среќа вака дознаваме за такви немили настани. Инаку, јас би сакала да имаше камера кога "негователката" ме тресна од земја затоа што не сакав да спијам. И сите останати деца во групата кои ги малтретираше секојдневно. Може со такви докази и ќе ја отпуштеа и ќе вработеа нова. Ама не, остана до пензија. Затоа што немаа докази.

    @John Snow нема на децата да им се следи секој чекор. Туку во случај на незгода, да се прегледаат снимките за да се види што точно се случило.
     
    На cresa-jagoda, ivi1987, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    35.190
    Пол:
    Женски
    Грешка си што мислиш дека живеам во розов свет.

    Напротив признавам дека многу нешта треба да се менуваат.

    Само јас инсистирам на подобрување на квалитетот на воспитание и образование на деца, не на полициски мерки за обезбедување и заштита. Не живеам во розов свет само мислам дека видео надзор создава повеќе проблеми отколку што решава. Решенијата вистински на проблемите се на друго место и со друг начин.

    Инаку не најдов материјали за видео надзор на деца во занимални/училници, а и не сум слушнала некаде во светов да ги има баш во училиници. Има истражувања и примери за надзор со користење на tracking devices (мобилни, алки за следење на движење на дете за да знаат родителите каде е детето), има за камери во кафетерии и слично каде што се следи дали децата здраво се хранат и слично. Пример баш за во училница не сум сретнала.

    Инаку има истражувања кои укажуваат на тоа дека децата на хеликоптер родители (тие што постојано ги следат своите деца и слично) кога стануваат тинејџери помалку им веруваат на своите родители и стануваат потајновити.
    Има и истражувања кои укажуваат дека децата кои растат со таков надзор се помалку самостојни и помалку сакаат да донесуваат одлуки сами. Мене овие податоци ми се база за размислување.
     
    Последна измена: 16 ноември 2018
    На sonuvana, eli25, Annath и 2 други им се допаѓа ова.