е неможам никако да разберам зошто и на кој начин видео надзорот по твоја логика го реметела функционирањето на групата Дај објасни те молам
Исто и јас се согласувам дека треба од некаде да се почне. Понерадикално е видео надзор, отколку отпуштање на илјадници вработени во просвета. Еве не знам како ти замислуваш да се променат нештата, дури не почнат да се вработуваат стручни педагошки лица? А што дотогаш? Што со тие деца кои се константно изложени на булинг и физичко малтретирање од деца и наставници? Кажи им на мајките и нивните деца дека со камера нема да се чувствуваат сигурно и е лошо за нивниот развој. https://skopjeinfo.mk/deca-vo-gradi...-da-gi-jadat-bubachkite-raskazhuva-zagrizhena https://www.libertas.mk/majka-go-zela-deteto-od-gradinka-vo-skopje-so-grebanitsi-i-ugrizi-po-teloto/ Патем, пак ќе се повторам, пошто не знам дали не разбираш, или не сакаш да разбереш. Никој нема време да биде хеликоптер. Ти не би сакала да знаеш што се случило во вториот случај ако се работи за твое дете? Во првиот случај вработените се казнети само парично. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2444204572319162&id=880661472006821 За овие очигледно ни видео надзорот не е пречка. Ама барем има докази и полесно е да летаат од работа. И знам дека не постојат материјали за видео надзор во училници, ама очекував и ти да го знаеш тоа, со оглед на твојата професија. Исто така, многу ти е низок обидот да ме деградираш мене како просветник, а не знаеш ни што поточно работам, ни каде работам, ни со каква категорија на деца (а можеби и тинејџери и адолесценти) и се разбира, како го работам тоа. Но тоа многу кажува за тебе, не за мене.
so isklucok na dva tri postovi site bevte protiv kameri , dajte togas objasnete mi ja statistikata na glsanjevo 97 za i 21 protiv, kaj ste vie 97 za da go obrazlozite toa ... logikava ne ja razbiram zatoa nema da udostojam so prepirki ama sepak mislam deka kako sto vo sekoja javna ustanova taka i vo gradinkata treba da se postavat kameri koi ke bidat so ogranicen monitoring , znam kakvi se ucitelki moze da ima i znam sto se moze da se slucuva zad zatvoreni vrati .... veruvajte majki ke sakate da vidite i ke sakate toa da bide kontrolirano i pod video nadzor
Ти мојот пост изгледа не си го прочитала.Врати се назад и прочитај го.Нема ништо лошо во занималните да има камери.Сè може да се случи, децата во тие години се во променлива фаза, одеднаш почнуваат со градинка.Ги нема мама и тато ново им е се. Нема зашто да им е ,,попречено” нешто да децатс знаејќи дека има камери.Си играат, си трчкаат ова она.Баш е подобро да има камери.Еве имаш во твојата група агресивно дете, нема да ти е страв дека некогаш твоето дете може да е ,,мета” при негов испад?Мали се не сфаќаат што можат да направат. Не можеш ти дено-ноќно да висиш во градинката за да спречиш било каков испад.Дури и воспитувачките кои се 2 навколку таму 20-30 деца не можат да ги контролираат сите
Јас сум од тие НЕ што гласаа.Сметам дека се омаловажуваат воспитувачките. Меѓу воспитувачките и родителите мора да постои доверба.Ако јас не верувам на некој подобро дома да си го чувам детето. Тие што ги малтретираат децата пак ќе ги малтретираат и со камери ќе најдат ќоше кај не фаќа камерата и плус повеќе вербално ќе го малтретираат детето. За приватноста на детето, мислам секое дете е на фб па од таму немаат приватност.
Еве како ќе го спречиш тоа дете пак да го урди твоето ако има камери. Како дете што е мало и не може да сфати што парви кога удри друго дете магично ќе научи дека не терба да удира само затоа што ќе има камера. Аргументиве се повеќе ми личат на лво на вештерки. Особено е жално што правите лов на вештерки против деца за кои тврдите дека не знаат што прават.
Ако има моето дете повреда некоја ќе ги тужам родителите.Шамар се наплаќа.Не ми е толку за оштетата гајле колку што ќе ми е за детето.Денес моето утре може друго дете да мавне.Во градинка одиме да се социјализираме,да се дружиме да научиме нешто.Не одиме да си ги вадиме испадите. Во градинка бев со едно девојче после заедно во основно и во клас и уште сме океј се дружиме.Кога се сака се може.А со видеото од камерата ќе докажам дека тоа дете го удрило моето.Може ќе каже не сум јас?
Мене ме прескокна со одговор, но ајде да се повторам и да ми објасниш зошто си против видео НАДЗОР... Каде гледаш дека ќе има штетно влијание!??? Или само се контраш безвезе!?
На дете од 4 години видео надзор би му пречел ..во развој? Или можеби некој се плаши да се дознае дека баш неговото дете е агресивно? Епа сите ќе видат
Сериозни сте со тужењево на родителите? Не знам како да се објасни на едногодишно дете кое вади заби да не апе. Не знам дали моето зборување после месеци дури упали или едноставно ја надмина таа фаза. Средното кај мене имаше 2-3 пати апнато деца. Веднаш ми беше кажано за истото и кај дечињата било интервенирано со ладна облога. Беше фаза и помина без да добијам тужба. Последниве две недели она иде на два пати апната на рачето. Ми беше кажаномистото. Едно дете, приближно на возраст кога беше она во апачката фаза, ја апнало и интервенирале со ладна облога и ја гушкале тешеле. Доколку постои некое дете кое на таа возраст е толку агресивно и е главен тепач низ групите не мислите ли дека е поважно да се фокусира трудот во друга насока. Да му се помогне на тоа дете и на неговите родители да се надмине состојбата? Ама не. Поарно ќе го ловиме на камера за тужба да му залепиме. Од помислата дека некои родители ќе дремат пред снимката и за секоја гребнатинка или слично ќе лепат тужби ми се одмилува ваква идеја.
Ќе си превземеш мерки дома. Нормално е ако твоето е касач дека и ќе премолчиш ако е каснато твоето. А да се прикриваат повреди и да се припишува на вадење заби -може, ама до 2 години. Подоцна, и не е баш наивно. Ако каса, нека каса дома. Што да прават оние родители чии деца не касаат?? Треба да молчат за повредите и да чекаат нечие дете да помине во мирна фаза? Јас неможам да им помогнам освен тие на своите деца.А да чекам со модринки и постјана болка...малку е безвезе. Ќе мора да тепат кртика
Треба најпрво да се интервенира кај детенцето кое е апнато, потоа да се укаже на детето кое апнало дека тоа не е исправно, и на крај да им се каже на родителите. Доколку станува збор за едно детенце кое не ни имало контакт со други дечиња надвор од градинка голема е веројатноста родителот воопшто да не е ни свесен за истото. Дека детето е во таа фаза. На дете од една госдина како освен знорување зборување зборување да му се долови дека истото не е исправно? Знам до кога се вадат заби и до која возраст станува збор за несвесна реакција од страна на детето, бебе уште да не речам, и фазата на откривање/истражување. И да. Не интервенирав бидејќи очекувам, и се надевам, дека другите родители го прават истото како мене а и биспитачките дека си ја вршат работата. На коменттите од типот нормално дека кога имаш дете апач па ќутиш што да одговорам. Еве, ти, како родител на дете не апач, како поинаку би реагирала? Потребно е советување и соодветен кадар за справување со исклучителни ситуации каде деца се соочуваат со агресивно или насилно однесување. Не мижење и трпење од страна на родителите на тепаното, туку лоцирање на проблемот и негово третирање. И не, не се моите тепачи во градинка па да пишувам вака оти таму растур прават.
Не им дозволуваме на децата да бидат деца. Моево моментално вади тројки и гризе се пред себе. Во парк имаше деца од градинка и едното се разликуваше од останатите по тоа што беше многу агресивно. Ги удираше сите деца и едно девојче многу плачеше (почуствително девојче). Една од жените што ги чуваа го искара и опомена, но џабе, а девојчето го зеде во скут и го гушкаше. Па претпоставувам на такви деца се мисли, а не на некое кое гризнало или се поттурнало сакајќи или несакајќи. Детево го имам гледано и онака во парк и е многу агресивно, а мајка не успеав да дознаам која е сигурно само седи на клупа и грицка сончоглед, нема мака бидејќи нејзиното сите ги тепа и нема потреба да се грижи за него. Секаде има по некое такво дете и во градинка и во школо од кое патат другите деца. Јас имам лузна меѓу очите од такво дете.
моево едно време брцаше у очи премал за да му објаснам (а објаснував ) а строго забрането е користење ќотек кај нас дома. Што ќе правам си велам како да му го извадам тоа од глава?? па еден период не го пуштав со деца .. тогаш и изолација дојде на ред од бактериите. еве една год пројде и сега кога си игра пак ми е страв да не направи така.. па пазам се до него сум..
Ај ќе ја платам. Ама чаре за тоа ?? шала на страна никогаш не би тужела родител ако детето му поминува во ваква фаза. Да е поголемо и да разбира и родителот да ми се понаша ко неговото дете да треба така да прави и ич емпатија да не покаже ..Тоа е друго. Ама да е мало и да е свесен родителот дека не е ок тоа.. ќе сфатам.
Епа моето беше касано и се беше во ред додека не го касна внучето на воспитачката. Тогаш се отвори проблемот.. Значи моето не беше битно што до крв дојде. Ок.. Ама да не беше воспитачката со внучето како ќе дознаевме?! Нормално дека ќе "тужам" ( не како документ) кај одговорните. И нормално дека ќе се прикрива. Ама ако има камера,се ќе е полесно. Во нашата градинка веќе се согласија да има видео надзор Ако вработените се ОК зошто не би се согласиле да има? Ќе штитат нечии деца? ЗА почеток секој своето ќе си го учи. Нека каса дома, не е наша работа. Ама во друштво после вакви авантури нормално дека детето од 3,4,5 години не е одговорно
Тоа го зборувам и јас. А кај поголемите, каде сеедно поради несоработка од страна на детето или незаинтересност од страна на родителот, треба да му се помогне на детето. Ако сите кренат раце од него и не се обидат да лоцираат проблемот како да се очекува да го надмине. Не се сите деца по калап и верувам дека сите правила или мерки не важат за сите па некогаш некои родители колку и да го даваат максимумот од себе не успеваат да го постигнат ефектот што другите родители можеби и без никаков труд го добиваат од сопствените деца. Наместо казни да им лепат треба да им се понуди помош. За мене тука најголем проблем е во персоналот и нивно несоодветно реагирање во ситуацијата.
баш затоа требаат камери. не може за едно мајка за друго маќеа. И во градинка и во школо и секаде треба да има камера кога се однесува за било каков вид јавна институција. Без разлика предшколска школска или не. секаде. На тој што му смета би се запрашала зашто му смета.. Тие што се за јасно ми е зашто се.
4 годишно дете мава, тепа сѐ живо што му е пред очи, од воспитувач, до негователка, и сите деца во групата. Не штипење, не касање, туку удари, по глава најчесто. Родителите не го признаваат проблемот и не сакаат помош, цело време зачудени. Еве како ќе докажат вработените дека е тоа така, освен со видео снимка? Навистина не знам, луѓето кажуваат дека дома детето не прави така. Наводно. Три години по ред се случува тоа во групата, и да е фаза, некако предолго трае. Едвај се согласиле и психолог да посетат, ама само еднаш или двапати. Толку било. Да ви кажам на сите што сте против, не знам дали би биле толку либерални како сега. Знаете што може да се случи од еден удар на глава, а никој да не види. Може да биде фатално. И уште еднаш ќе кажам, три години по ред петиции за уште една негователка, сите три одбиени. И да, видео надзорот ќе покаже што точно се случило за посериозни случки. Не за дали јадело денес моето и колку залаци каснало.