Еве јас чекам @JoyJoy да ми каже какво решение она би понудила за проблемот? Како би се борела? Со кои докази? И кое е решението за проблемот со кадарот што веќе работи? Инаку сите знаеме како треба да биде.
Мила ти го пазиш твоето едно дома.Е сега стави се ти на место на воспитувачка која има такви 30 и едно од друго им е интересно па сите деца едно по едно ќе си бркаат во очи.И потоа хаос меѓу родителите навреди од нив кон тебе( во случајот ти си воспитувачот)па тужби и одма типот од прашања-Каде и биле очите на учителката,-Што правела,па родителите во општина па кај Царето и така во круг.Воспитувачот,негователката и самата градинка,ако немате ДОВЕРБА не ги носите во таа градинка.Тоа е единствено решение.Истиот пример е и за жена,девојче за чување на детето ако нема доверба меѓу вас не го оставајте на нив.Секое добро
Немам проблем со камерите. Само со идеите за тужбите без изненадена. Што да кажам за нешто што е гнило од самиот корен. Кузнее кои врски ги има таа и кузнее по кој канал уште ја држат на работа. Зарем помиливте дека оправдувам вакви случаеви? Кај нас може психолог да дојде на набјудување бо градинка, неприметно да седи во ќош, да врши проценка. Штета доколку кај вас не може. Воопшто не поддржувам и не оправдувам ситуации каде родителите не само што не можат да се справат со детето и неговиот проблем туку и одбиваат помош. Ова се оние исклучителни ситуации каде треба екстра мерки. Да се интервенира кај детето кое е апнато, врз раната, и веднаш да им се каже на родителите, сеедно дали има белег или не . Да се укаже на детето кое апнало и поинтензивно да се држи во око во текот на играњето со другите дечиња наредниот период, плус да им се соопшти веднаш на родителите за да учат и советуваат. Начинот на кој се справивме и ние со ситуацијата. Сите страни, отворено и заеднички. Нешто што во вашиот случај воопшто не функционирало.
Кога во сите банки постојат видео надзори, зарем треба воопшто да се дискутира дали треба во градинките или училиштата да се постават истите, и тоа таму каде што се работи за нешто најбитното, највредното, најсветото нешто на светот, а тоа се децата!?
Целосно те сфаќам што сакаш да кажеш. Имам кратко искуство од градинка. Ми го вратиле покакан и со црвено газе и прљав и све. Никогаш не сум реагирала баш затоа што како што рече-не е едно. Некогаш и јас кога го чувам се удира а едно чувам. Ставот зошто сакам камери е-зашто ако јас можам да верувам во неговата негувателка не значи дека секаде може да се верува. ете што се случи со таа што ги затворала во шкаф бубачките да ги јадат. поминав покрај друга градинка ја слушам внатре се дере на едно девојче дека е безобразна. На друго место ќе чуеш дека е удрено од негувателка. Е поради тоа сакам. А не поради газе или не дала една лажиЧка повеќе доручек. Туку ако приметиш дека детето се затвора се плаши почнува чудно да реагира Често има некоја повреда.. да побараш и да видиш што се случува. И да не е до нив сепак да се осигураш. убав ден и тебе.
Па тоа сакам да кажам Даничап, видео надзорот е почнување од некаде. Системот не можеме да го смениме наеднаш, ама со ова би се заплашувале неодговорните родители, вработени итн. па може да се влијае некако, за жал, ако треба и со тужба. Инаку градинката располага со дефектолог, педагог и психолог и тој им е начинот на работа, настрана во ќош и набљудуваат. Така и работат, во самата занимална, неприметно, за да не осетат децата дека нешто не е во ред со нив. Инаку, оние вработени на кои не би им дала да имаат никаков контакт со деца воопшто, имаат најдлабоки корени и позадина. На нашата воспитувачка ѝ го фатија пикот за глупост, уште не ја оставаат на раат. Се разбира дека ние родителите застанавме позади неа, ама тоа е муабетот, трул е цел систем. Тешко е да се бориш против нешто, а немаш видливи докази. Вака, барем срамот ќе го јадат ако треба, не верувам дека ќе им биде сеедно.
Зависи градинка до градинка која,како и на кој начин функционира.Но групите имаат жив надзор,а тоа е стручна служба која работи со деца и е во групата.А таа која тепа ќе тепа и со и без камера.А кога ќе дојде за доказ материјалот може и на DELITE и пак ќе настрада таа што работи а она нема книшка и врски нејзе ќе ја судат,а другата таа што е со врски ќе си остане.НАЖАЛОСТ.Така фунционира Македоничево наше во секој домен од работните институции.
Се сложувам. Само реагирав на(за мене) погрешниот начин на справување со една ситуација преку лепење тужби поради гребнатинка или апнување. Наместо вината да ја бараме кај едно мало дете треба кај одговорните, сеедно во домот или градинката.
Решение имам јас но сигурно нема да ми го прифатат,а тоа е:Во групата да има 2 воспитувачи,1негователка и кога ќе има кадар во групата МНОГУ може да се постигне.А вака 1 на 30 деца што побрзо да направи.1 да се покака,додека му смени памперс другото ќе гризне,штипне,скубне сама е не може воспитувачот да се поддели да постигне секаде.Еве карак дали ќе се сложи со моево решение.
Постои казна за поништување снимка од видео надзор во државни објекти. Така да, пак ќе одговараат. Инаку, решението кое го понуди, го одбиваат постојано и насекаде.
пред некој ден бев да земам уплатница од градинка и баш тоа приметив. Во групата кај син ми се 24 дечиња (видов на список на врата) и се баш како што велиш 2 со 1 негувателка односно 3.
Да, така е кај групите од помала возраст, а кај поголемите се две. Мое мислење е дека и тие три се малку на 30 деца. Ама кој ме прашува мене, тебе, сите други засегнати...
Групите во градинките смеат да се шират, но кога треба да се каже 'доста'? Законот за заштита на децата предвидува по колку деца може да има во групите во градинка зависно од возраста, како и тоа дека бројот може да биде поголем или помал во зависност од потребите, но никаде нема ограничување до каде може да се оди со бројката. Затоа, во некои градинки во земјава по една негувателка и воспитувачка се грижат за дури 40 деца. Во Австралија, на пример, еден воспитувач се грижи за најмногу пет деца. Во Норвешка, според државниот просек, за секои шест деца во градинка се грижи по еден вработен. Најчесто во малите групи до тригодишна возраст има најмногу по 5 деца на една воспитувачка. Во Англија, бројот на децата во групата зависи од големината на градинката, при што најчесто групите бројат од 15 до 20 дечиња. Кај помалите групи до 2 години една воспитувачка е одговорна за најмногу 3 деца, додека кај поголемите групи една може да се грижи за максимум 4 деца. ---------------------- Ни треба промена и дополнување на законите.
Треба многу. Треба отварање на многу повеќе градинки, санирање на постоечките во многу градови, вработување на нов кадар, бркање на несоодветниот, дообука... Ама бидејќи сите знаеме дека ништо од тоа нема да биде, па работава одкако веќе ќе се деси бељата барем да се фане истата на камера. Жално и гревота за децата.
Е на ова мислев Дани кога реков дека син ми се има вратено со подлив на ножето.Одма ме нападнаа дека не си го бранам детето.Еве тоа беше поединечна ситуација и не се повтори.А, синко среќен е секогаш кога треба да оди на градина.
Не знам како видео надзор би решил проблем што веќе настанал. Сметам дека целта треба да биде намалување на шансите да се случи проблем, отколку осигурување дека ќе имате доказ откако ќе се случи проблемот. Ете некој спомна удар по глава што може сериозни последици да остави. Џабе и видео снимки и тужби и докажувања, кога тоа нема да го врати времето и да ја исправи ситуацијата. Јас повеќе би се фокусирала на создавање помали групи со повеќе воспитувачи и негуватели и отварање повеќе градинки. Не знам кои се критериумите за вработување негуватели, но ете работа со психолози да биде задолжителна и за нив неколку пати во годината. И сметам дека е страшно кога има родител кој не превзема ништо за потенцијално агресивно дете, но не знам како одбивање од групата би му помогнало во идниот социјален развој. За такви ситуации може е добро да постои шанса воспитувачот да реагира по неколку неплодни укажувања на родителот, и да има право да побара дополнителна работа со психолог поединечно и во групата. Знам дека секој го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш треба да се размисли што ако е тоа всушност вашето дете и секој го осудува, а никој не му нуди помош. Дали би реагирале така да станува збор и за дете што може да е малтретирано дома? Па нели би било исправно воспитувачот да има право да побара испитување на потеклото на агресијата на детето, вклучувајќи ги и неговите родители и неговиот дом. Не знам...не дека сум против видео надзор, но не гледам као истиот би спречил да се случат несакани ситуации
Заради неодговорност на родители на едно дете, сметаш дека цената треба да ја платат останатите 30 деца, за негово добро? А доброто на останатите деца? Мора да постои согласност од родител, во случај детето да работи со стручно лице надвор од градинката. И пак ќе кажам, видео надзорот не е за да спречи, туку да помогне да се види причината за незгодата, а некогаш и да се искористи како доказ, доколку одреден проблем упорно не се решава.
^ За тоа реков треба да постои можност и воспитувачот да може да реагира. Што ако агресијата на детето потекнува од домот, што ако нешто во семејството го прави детето агресивно? Тоа дете утре треба и во школо да оди, ако родителот не реагира, зарем треба само на себе да биде оставено? Не знам, може сум премногу емотивна, само се мислам да има ваква можност може утре нема да има и малтретирани деца по школите, ама не сум психолог за да навлезам по длабоко во темата. Ете ќе им покажат на родителите снимка дека детето стварно им е агресивно, што ако не превземат ништо после тоа? И пак ќе кажам, немам против видео надзор, ама побитно мене барем би ми било да се работи на спречување на проблемите.