Де бе Rozich, па имаш тема САКАМ ДА ПРАШАМ, а мислам дека до сега на неколку пати е одговорено ова прашање. Ај прочепкај маклу по форумов и ќе најдеш одговор на твоето прашање.
Прашав и во темата „Што слушате во моментов“ ама не добив одговор. Како и порано пробав да постирам видео но ми излегува само линк наместо видеото. Мислев дека имам заборавено како се прави тоа но никако не успеав со разни проби. Дали некој може да ми ја каже точно постапката, да видам дали јас грешам или незнам кој е проблемот. Претходно имам постирано и тоа успешно а сега ми излегува само линкот.
Зошто не може да се стави видео како порано, само линк излегува? До мене е или нешто друго е во прашање?
^ Само кога ќе стиснеш ПРЕГЛЕД ти се покажува како линк или и кога ќе стиснеш ИСПРАТИ? Во преглед и мене ми се покажува како линк, но кога ќе стиснам испрати е најнормално.
И мене ми се случува истото и многу ме иритира тоа што ми се појавува само линкот а не целото видео? Што е работата, има некоја опција со која што се средува тоа или нема чаре? :/
Мислам,не сум сигурна, но не во секоја категорија има опција да се појави видеото.Во некои е само линк.
Jaс му го најдов чарето на тоа Всушност, финтата е содржината на самиот линк. Ако постирате линк предходно кликнат од фб - нема да може тука да го прикаже целосно видеото. Обично дополнително на линкот пишува &feature=share или related... За да ви се гледа видеото, одете до youtube и оттука копирајте го линкот (ќе видите пократок е). Се надевам ме сфативте
Eeeee конечно, ја сфатив финтата, јас сум го ставала линкот од видеото вака : блабла и затоа го дава само како линк, а ако го постираш само линкот директно, тогаш се појавува видеото во постот yey me
Кај мене постојано го прикачува како линк, се обидов и како што е напишано во претходните коментри ама не функционира
Обиди се повторно. Копирај го линкот од видеото и со пејст стави го во мислењето без урл да внесуваш.
Е ова не ми е ич јасно.... Пред неколку месеци ок копирам линк и се ок се покажува видеото а сега не што е работава?Одам во преглед и таму имав 2 адреси за да се претворат во линкови и имав смајли и во тој простор кај што се видеата е праен а доле е само смајлито, одам испрати исто како адреси ми ги прави??