Труднички муабети Па мене веќе ми се познава стомакот, од пред две-три недели веќе почнаа и другите што не знаат или не ме виделе да препознаваат дека сум бремена, трудничко стомаче што вика Meu.
Труднички муабети Ова со стомакот ме збуни, 5-7 месец... јас сум 4 месец и мене веќе ми се познава . Нормално кога сум облечена за на работа ништо не се познава, ама гола кога ќе се погледнам, заедно со градите кои ми пораснаа еден број, и вените како на вампир, апла ми се познава дека сум трудна. Јас си имав малку меше претходно, меѓутоа не сум воопшто поправена, за да мислам дека стомаков ми е од јадење А за сексот, си практикуваме еднаш неделно, без тресење внатре и без занесување со пози
Труднички муабети мене стомакот почна да ми се познава на крајот на 5-ти месец , и тоа малку изгледа дека сум ситничка кога бев 7-8 месец сите се чудеа дека сум толку трудна сите ми викаа изгледаш како 5-ти месец дури еднаш се возев во автобус и бидејки беше зима и носев црн капут абе како да не бев трудна а бев 7 месец и никој не ме примети и не стана да седнам.. а за сексот мене гинекологот ми рече НИКАКО без кондом и никако свршување внатре заради инфекции , а притоа ми рече дека може жената да чувствува болки при односот , ние пазевме на ова
Bidejki i od porano si imav malo stomace,veke od 3 mesec baajgi mi se poznavase i normalno site doznaa deka sum trudna
јас кога влегов во четврти месец почна да се познава но кога го гледам голо стомачето инаку и не се познава баш па уште малку ќе влезам во пети месец
Tuka sme nekade so nedelite i jas uste malce ke vlezam vo 5ti mesec.Imam stomacence i sekogas koga e golo,si go gledam i mazam.
Мене до 8-ми месец не ми се познаваше ама многу внимавав на исхраната, гледав да се хранам најздраво што може
мене веќе во трети месец ми се познаваше а фармерките не ме собираа уште од втори месец и така си шетав раскопчана ептен нагло се раширив
јас во 6ти месец кога ја видов една сосетка која беше 3ти и имаше поголемо стомаче од моето се замислив што ми се случува мене кај ми е стомакот, стоев пред огледало и гледав мерев зошто мене не ми е толкав стомакот, и кога ја прашав докторката кај мие мене стомакот почна да ми се смее, оти сум била висока телото ми го прикривало стомакот, за разлика од девојките кои се пониски побрзо почнувало да им се познава. Вистински труднички стомак добив некаде средината на 7ми месец и сега гордо шетам со стомакот до заби а кога ке ме види сестра ми секогаш ми вика каде е најубавото мешенце со бебенце во него
И јас исто до 7 месец имав ептен мало стомаче и кој ме видеше се познаваше дека сум бремена ама не до тој месец кој бев и кога ќе им кажев кој месец сум остануваа вакви и сите ми велат,лелее не ти се познава ич и на почетокот се плашев и јас и само се гледав во огледало колку мало меше имам и на гинекологот и велам зошто сите ми велат дека за месеците имам многу мало стомаче? И таа ми вели таман си е, не ти ни треба големо, бебто таман си се развива како што треба, си добива во тежина и од тука натаму воопшто да не се секираш кој што рекол и така ме смири. Ете сега сум во 8 месец и исто така не ми е голем стомакот, а бебето си расте , па си велам и поарно што е така, зошто ми е стомак до заби ако носам мало бебнце, понекогаш и големината на стомакот не мора да значи дека ќе се роди и големо бебе, јас познавам случаеви кога трудница со голем стомак роди мало бебе, а друга со многу помал стомак роди поголемо бебе, така да не е се до килажата и големината на стомакот. Ама кога се е во ред со плодот тогаш нема потреба за паника
јас дека ситничка сум си , и кога бев бремена мешето ми се познаваше од многу ранко ! Мешето огромно ми беше веќе во последните денови ..како балон бев *само мешето*
Јас кога влегов во 5-ти месец почна стомакот да ми се познава малку , а во 9-ти имав стомак ама нормален , значи не огромен , па ако носев капут уште па црн , сите се чудеа како сум 9 месец а стомакот ми е мал. Така да не се секирајте , нема врска тоа мал стомак мало бебе
Ич да не се секирате вие со малите мешиња се зависи од градбата на телото и висината, јас и онака имав меше одсекогаш а во бременоста бев како надуван балон само што не пукнал еве сега повторно почнав да се дувам од прв ден мислам се познава ама што да правам не дека не внимавам на исхраната , само нека е се како што треба со бебето , моја другарка до девети речиси не се познаваше се поправи само 8 кила а јас 25 кога се породивме бебчињата ни беа иста килажа
I jas samo sto vlegov vo 5-ti i si imam mesence Ne se optovaruvam so kilogrami,neka e se vo red so bebceto!
Јас сум во 5 ти месец а мешко ми се познава ептен ако имам тесно нешто облечено, а и не ми личи баш на труднички туку како да се имам здебелено а фармерки, панталони тесни не облекував уште од 2 месец затоа што ми беше тесно и ме стегаше во нив т.е несакав јас да се стегам сакав да ми биди комотно
Nosev masko bebence...........1,2,3,4,5mesec ne mi se poznavase deka sum bremena..... duri od 8 mi mesec pocna ubavo da mi se poznava a i meseto u 9 epten mi porasna........go rodiv 3.550......
првото дете го родив 2 кг,а цела бременост не се познавав,од 7 месец поцна малку да ми с знае мешето.сега сум бремена на второ,мислам од втор месец се познавам.како и да е,само да е се во ред
Со една моја познаничка терминот ни е скоро во ист ден, а таа е рамна во стомакот. Мене веќе ми се познава стомакот... ама сеуште можам да влезам во старите алишта, дури и фармерките си ги носам без никаков проблем, таа како да не е бремена. Какво искуство имате вие? Од кога почна да ви се познава стомакот? Дали од големината на стомакот зависи и големината на плодот? Или големината на стомакот зависи од градбата на жената? [edit] Мене стомакот ми е мек.. сеуште не ми е тврд.. малку можеби онака како да ме боли желудник па ми се надул стомакот.. е таков е мојот.... од кога почнува да е тврд како камен? Или веќе требаше да ми е тврд??
Јас ја терам веке 12-та недела,ама стомакот веке ми се познава е сега се усте ме собираат старите алиста,иако приметувам дека ми се веке тесни,не се цуствувам комотно во нив, а и мислам дека сум се поправила 2-3кг
јас влегов во 7 ми месец. И многу ме нервираат коментарите од типот толкава си волкава си. Баш вчера една жена ми вика леле па ти не личиш на 7 ми, како поголема да си, да не ти го утнале терминот, предвреме ќе се породиш. Море ми идеше да ја отерам во 3 лепи п.м. да си јаде таа од ГА*ОТ ЗА МОЕТО СТОМАЧЕ