Кога почна да се познава стомачето? Pocna da mi se poznava nekade pocetokot na 5ti mesec....dali deka bev pred toa slabicka edvaj celav da pocne da mi se poznava haaha....inaku ne sum prosirena vo kolkovite ,sega imam stomace baagi i toa napred isprceno od pozadi da me gleda nekoj nema da primeti deka sum bremena... Da i mene mi kazuvaa deka nosam masko bidejki ne sum bila nikade prosirena no eve cucka e hahhha ...
Кога почна да се познава стомачето? дали почнавте да носите поширока трудничка гардероба откако почна да се познава стомакот,или и порано?,,јас сум 7-ма недела сега бремена,,и мајками само ми вика бидејќи носам тесни фармерки,,,итн,,дали тоа е некој проблем?
Кога почна да се познава стомачето? Нема врска, јас си ја носев старата гардероба се додека во неа се чувствував удобно. Некаде до 3ти месец носев цевка фармерки потоа веќе неможев да ги закопчам па ги баталив =) сега сум само во хеланки, и од Small стигнав до Large Вчера баш купував хеланки морав L да земам, М ме стегаат
Кога почна да се познава стомачето? i jas istoto le ti go kazam se dodeka mozes da nosis nosi si sto imas a i plus sega se zatopluva veruvam deka ke si uzivkas vo fustancinja pa mozebi i ke nemas potreba od mnogu menuvanje na garderoba..... Jas do dusa seuste si gi nosam istite trenerki (bez goren del haha ne me sobiraat dukserkite) a i jas kako koleskata nad mene si se iznanosiv na helanki hahhaa.......
мамички јас дури и се загрижувам што буквално ништо не ми се познава, ниту меше, ниту пак јас сум здебелена Луѓе што знаат дека сум бремена дури загрижувачки ми пристапуваат со прашања за мешето. Чудно бидејќи не сум ни малку слабичка ни прекрупна а во 5ти месец влегов и буквално носам иста гардероба како предходно, не ме стега ништо а почнав да осеќам благи мрдања во мешето! Искрено едвај го чекам да подрипне малку за да имам што да си галам
Ц ц ц ц.. колку си будала значи! Биди среќна што немаш качено на килажа ееееј! За мешето и за тоа не му се секирај.. ќе почне да ти се познава.. него земи ја пример војвотката Кејт, знаеш ли кој месец е таа? Колку што сум јас информирана таа е 8ми месец.. знаеш дека има стомак на некоја која штотуку влегла во 4ти месец? Така да свиркај си! А тие што ти зборуваат.. г*** да ти го јадат. Јас сум 26та недела значи кај и да е полека но сигурно влегувам во 7ми месец.. Ја стартував бременоста го поголема килажа.. поточно со 90кг. Да ме видиш вака како изгледам нема да ми дадеш повеќе од 70кг значи никогаш не сум имала стомак, или големи раце, или огромен задник или дебел врат.. единствен проблем што го имам од таа килажа ми се нозете.. значи ми се дебелки не се огромни него дебелки горе носам 42-44 а долу носам 48ка пантолони така да сама види дека не сум огромна но, тоа не е битно. Муабетот ми беше.... мојата докторката кога прв пат отидов да потврдам бременост ми го рече следното: Бидејќи стартуваш со поголема тежина за тебе не важи правилото додека си бремена треба да се здебелиш од 8 до 14кг.. за тебе важи дека треба да се здебелиш од 5 до 8кг. Јас сум скоро 7ми месец и сум здебелена само 2кг. Јас сум пресреќна и докторката исто така. Си ја носам истата облека со исклучок на тоа што ништо не ме собира кај стомакот.. бидејќи си имам стомак баш како за 7ми месец. Да ме гледаш од позади нема да знаеш дека сум бремена. За моја среќа само стомакот ми расти, не сум склона кон некоја храна, немам огромен апетит.. а за мене тоа е успех бидејќи сум склона на дебелеење и слабеење.. постојано менувам на тежина.. и затоа сум пресреќна што не сум ненормално здебелена. Така, да.. свиркај си и уживај си.. преку ноќ ќе ти порасне стомакот.. кога ќе влезиш во 6ти буквално во спиење ќе ти стане голем стомакот.. така ми рекоа и мене и така беше. Како преку ноќ да ми порасна. Со лес да ти е и не се замарај!
Палешка не се секирај заради видливоста, нема врска тоа со големината на плодот. Братучетка ми имаше многу мало меше и во 9 месец и порасна и роди 3,700 бебе. Само јас би те советувала да почнеш да се мачкаш против стрии бидејќи голема е веројатноста нагло да ти порасне стомакот накај 7 и накај 9 месец (тогаш велат најбрзо и најмногу дека расте).
Да, во право си. Во тие месеци му се дооформуваат екстремитетите и затоа наеднаш стомакот расте и најмногу пука. Стомак, раце, нозе, глава, газе се си доаѓа во нормална големина и ти чуди се што ми порасна стомакот така наеднаш, од каде пак сега овде стрија вчера ја немаше...
Во вторникот баш се гледав и си мислев дека стомакот воопшто не ми пораснал веќе некој период, и така малку дури се загрижив, а за тоа пак веќе наредниот ден, вчера стомакот наеднаш ми порасна, и тоа од не препознатлив, стана доста видлив Е не знам, навистина преку ноќ порасна?
Мене ми се познава ептен од пред 10тина дена. Ме препознаваат вака и луѓе со кои не сме се виделе а знаат дека сум бремена, ама се чудат зошто ми бил толку мал стомакот во средина на 5 месец. Ееее добро де, не сме сите исти, ќе порасне сигурно
Јас сум 10-та недела, а веке ме стискаат сите панталони. Ослабната сум 4 кг, не ми се лоши, јадам здраво, се си е таман, а мешето расте ли расте. Докторката ми вика дека огромна ќе бидам, а ако е наследно исто како мајка ми. И за мене и за брат ми била огромна, мислиш 3 носи, а не едно. Од пред неколку дена ми рипна некако нагло, како тупаница. Не дека немав стомак пред тоа, ама сега имам онака, топчеста мала тупаница. Домашните ме гледаат и сите викаат како топче тениско да си голтнала. Сега, во шопинг на труднички панталони, нели не смее да стиска...
дури во 7ми месец ме приметуваа дека сум трудна во 6ти ако облечев нешто тесно па и да се оцрта трудничко стомаче, а пред 6ти месец имав стомаче кое само ја си го приметував
Па тоа не е толку лошо И нема врска големината на бебето со тоа. Битно прегледите си се уредни Инаку, на братучетка ми стомакот и порасна буквално последниот месец, значи до 9ти имаше многу многу мало стомаче, па роди јуначе 3 кила и нешто.
3ти месец сум, 10 недела, стомакот не ми се познава многу, само во долниот дел почна да се оформува некако како полукругче, баш ми е слатко!