здраво феминки ) по прв пат сум бремена,и не сум многу информирана,како се рацунаат неделите на бременост....како да знам во која недела сум ? по моја претпоставка рацунам дека сум 7 недели,но незнам колку е сигурно.....последна менструација ми бесе на 12 април...и денеска некако стомакот како да ми е пораснат,или мозеби само подуен од нередовна столица,која ме маци од како сум бремена ((( позз до сите )))))))
Колку што успеав да разберам од она што го прочитав на интернет како ден на зачнување се смета датумот од последната менструација. Не можам да тврдам со сигурност дека е така, кажувам само што прочитав на неколку сајтови. Ако е така, тогаш би требало да си некаде осма недела бремена. Не отиде ли на гинеколог? Гинекологот најточно ќе ти каже. Инаку во однос на големината на стомакот, уште е рано. Сигурно ти е подуен, но и тоа ќе биде само трпение. Уживај во секој миг од бременоста.
Кај секоја трудница е индивидуално , еве мене на пр не ми се познава имам меше ко за 3 месец. Отпрвин се плашев да не не сум нешто во ред меѓутоа се си е во ред со бебушко си напредува супер према неделите а и докторката ме увери дека има кога да ми се познава да не се секирам ...Јас сум скоро на пола бременост па очекувам мешко да скокне во последните месеци...
Posledna mens. mi e na 25 septemvri.Ovaa nedela utrinki test za bremenost mi dade pozitiven rezultat,a d-rot mi rece nisto ne se gledalo na eho.Inaku gradite mi se promenija,a i stomakot ne mi e kako porano.
И мене веќе почнаа да ме препознават дека сум бремена! 17 недела сум, нормално е мешето да си расте! Почнува да ме чеша и стомакот и градите, јасно ми е од кои причини ми се случува тоа До скоро се чинеше дека само сум качила некое килце, но веќе се гледа дека бременсот е во прашање
Со неделите сме исто но мене уште од 10/12 недела веќе ми се познаваше стомачето, може дека сум слабичка и не ми е прва бременост А чешањето мислам дека ти е затоа што кожата ти се шири, се оптегнува, а тебе ти е сува, мачкај се почесто со мрсна крема
Јас сум скоро 12 недела, иако сум дебелка меше ВООПШТО немам, ниту ми се познава. Се си е нормално, иако некогаш се гледам во огледало и си викам да не не е нешто во ред, но се надевам за неколку недели ќе пркне. Чисто да си седам раат.
до 6 месец бев рамна даска, немав ништо, е после тоа, за 15 дена станав прасе ми излегоа и премногу стрии... кај секоја е издивидуално... ама подобро е полека полека да си расне мешето, така како кај мене нагло предизвикува стрии, па ако сакаш и мачкај се со најскапите препарати
кај мене накај 18 и 20 недела почна мешето да се забележува до тогаш ништо,евеме 25недела и почна полека да расте повеке
Se plasam od onaa bremenost koja nema nikakvi simptomi deka ste bremena. Vo vasiot organizam e se vo red, se do momentot koga ne imate silni bolki i odte na lekar i se poragate od toa se plasam premnogu... imam decko ceke 4 godini imam redoven seks, do sega sekoj mesec menstruacijaja mi doaga na vreme. Sega treba da dobijam pak za 13 dena... samo osekam na mene deka gradite mi se mnogu pogolemi od normalno, sto vvo periodot na menstruacija mi otekuvaat ama do olku ne i plus toa vo prasanje se 13 dena premnogu e rano.. dali moze nekoj da mi pomogne i da mi kaze nesto poveke okolu toa zatoa sto ke se poremetam Vi blagodaram od napred
MirandaLesoska napravi test za bremenost, vo najgolem del se tocni. Namesto da si prajs stres, barem soocise. Da si zdrava i ziva ako si bremena zaedno so maloto, toa e blagoslov, seedno kolku coek ne e podgotven
Јас сум 15+2 и уште не можам да речам дека се познава.Јас од стално имам меше и широки колкови на допир некогаше тврдо некогаш меко како ништо да нема.Околината на тие шо успеав да му кажам знаат а тие шо не знаат не ни се сомневаат кога ќе ме видат. Можи е рано а јас одвај чекам да пораснам и сум нестрплива и туку споредвам стомаци а знам дека не треба кај секој е различно. Кај вас кога почна да се познава убаво?
Мене почна да ми се познава некаде кај 5-6 месец по малку, ама луѓе што не знаеа дека сум трудна ни во 7ми не ме познаваа. Додуша и висока сум, а и не родив големо бебе.
И јас сум според последната менструација 15+3, и јас одсекогаш си имав мало меше и на другите кога ќе им кажам дека сум бремена и тоа дека влегов во 4ти месец се изненадени и велат еее па не ти се познава, ама јас си приметувам дека ми е малкууу зголемено и потврдо. Едвај чекам да ми порасне и да почнам да го осеќам како ми мрдка бебушот
Мене почна таму накај 16 недела и тоа не многу, бидејќи имам таква градба , со вдлабнат стомак....ама машала сега ми е доста голем знам како едвај чекате са си се фалите со големи мешиња
Mene odednas mi ripna uste 15 nedela pa nataka jas bev kako 5ti mesec ama posle ponataka ne prodolzi da mi raste, vo 8mi mesec bev isto kako 5ti mesec... Onaka nekoj da me videse kje si mislese tuka nekade sum 5ti mesec. E sega ovie posledni 3 nedeli vo 9ti naglo mi ripna, ama i mi se spusti nadole, kako topce sum