Нешто сум згрешила погоре не ми излезе напишното И кај мене исто до 24 недела не ми се знаеше меше како во ширина да одев.Ијас сум висока имам и широки колкови а за слабичка не бев баш ниту па дебела.Овие 2 недели гледам дека тргнав нанапред секој ден се поголема ми се чини дека сум, а и луѓето примеруваат ама сум му личела ко за 4ти 5ти за пипер во манџата во секој поглед ќе стават. И јас си купив за ќеф во 14 г.н. кога ми рекоа дека е женско купив од оние стегачите со пуфка и од алиекспрес си порачав едни чевлиња женски. После тоа ми рекоа машко и како „извинување“ купив плаво боди и прекинав чекав наредната контола и повторно машко ми рекоа и сега купувам на плаво ама кога ќе видам нешто на жолто не се мислам 2пати шо си е сигурно сигурно а ретко наоѓам или плаво или розево се нуди.Ама па си велам и да испадни женско ќе го личи во плаво машко не го личи во розево . А чевличките стигнаа деновиве слатко си се изнасмеав и си реков овие за дадата кога ќе дојди ќе ги чуваме
Јас уште пред да останам се поправив малку, но откако останав нагло качив 3 кила и стомакот ми се познава, а сум 8 ма недела, нема кој не ме примети, а неќам да кажувам многу е рано.
Побарај ма гугл кинески календар и израчунај кога можеш со женско да затрудниш.Мм веке рачунаше за машко
Мене пак точно ми беше, ми излегуваше дека носам машко и машко носам Еве според овој http://www.kalendar.rs/kineski-kalendar-zaceca.php
Mene pa ne mi pogodi na 21 ostanav bremena i pokazuva deka na 21 god samo vo Januari ako e zacnato kje bide masko, se drugo zensko site 11 meseci hahah
Samo sto vlegov vo 6 mesec kako preku nokj da mi porasna mesto, prethodno malku taka kako popravena izgledav i retko koj me primetuvase, a sega site ocite vo stomakot moj..i jas se gledam kako odednas mi ripna stomaceto i vekje lici na trudnicki i tvrd e, pod gradite koga se fakjam kamen tvrd e
На работа кога им соопштив одма рекоа знаевме. Ликот ми бил сменет, сум била потечена, исфрлана со акни Градите ми се зголемија, купив 2 броја поголем прслук, сега како поспласнати се. Стомаче околу 13 нед. ми се приметуваше, ама околу 20 се зголеми. Веќе се приметува апла. Лицето ми е полно пеги, ама чисто од акни. Некои викаат ми светеле очите
Јас и претходно имав меше , таква ми е конструкцијата на телото , некако стомакот од 16-20 недела почна да ми се познава и да ми расте , после тоа сите ми викаа стомакот ти е ист како да не ти расте . Сега сум 35+2 , а стомакот не ми изгледа многу голем , како за 7ми месец . Кога бев пред некој ден во Чаир и кога ми рекоа да правам цтг , сестрата се збуни малку , пошо стомакот не ми изгледал како за крај на 8ми месец
Охооо мене многу брзо почна да ми се познава. Првин градите, сите ми ги приметија. Стомак ми порасна преку ноќ кај 12 недела а јас уште си викам мало е не се познава, зошто се гледам секој ден. Ама јас многу ослабнав на почеток, па вероватно затоа толку брзо почна да се познава.
Последнава недела како да ми рипна 14+5 сум сега и веќе се приметува дека сум трудна, висока сум, немам вишок килограми па си штрчи мешето Комшика беше вчера, не била одамна и баш рече ооооо види види почнало мешето да се познава Инаку исто и првата бременост многу рипна на почеток, мислиш две носам ама до крај не беше којзнае колку голем, особено за толкаво бебе што носев, не беше толкав
Мене сега од петти месец мислам дека нагло ми рипна мешето. Порано се познаваше, ама не до толку,како подувано ми беше, а сега се гледа баш трудничко стомаче.
јас сакам да ми се познава дека е трудничко... прва бременост ми е и сум 14 недела и едвај чекам да ми познава