1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Видови шминка што користиме

Дискусија во 'Лице' започната од jockaa, 18 декември 2012.

  1. jockaa

    jockaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    4
    Вака,јас би сакала да знам кои се шминките што би можела да ги користам, а да се слични на MAC,Forever 21 , Sephora итн.. И да ве прашам оние подлоги како бази за шминка ,ама мислам дека е различно база и она што го викаат primer и тоа каде можам да најдам :)
     
  2. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879

    Па вака од форевер21 до MAC има разлика колку од тука до месечината и назад не само во цената туку и во квалитетот. А за да може некој да ти каже што да користиш треба прво да проследиш некои златни правила.
    Како прво да знаеш каков тип кожа имаш.
    Да знаеш кои карактеристики ги бараш во еден продукт ( пр пудра да е лесна со минимална покриеност да го изедначува тенот, да е наменета за мрсна кожа / или целосна покриеност , да е наменета за комбинирана кожа каде Т зоната е масна итн ) значи поедноставно да знаеш каков ефект сакаш да постигнеш со шминката
    Исто треба да знаеш и колку можеш да одвоиш за шминка, значи ако можеш да си дозволиш да корстиш висока декоратива или пак да ја одбереш најдобрата од drugstore која ти одговара.
    итн итн ако сакаш некој да ти даде подетален одговор , пиши нешто повеќе за типот на кожата/возраста и некоја од работиве што спомнав.
    Сега немам време баш се детално да приложувам па накратко ти нафрлив некои работи.
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    LetsTalkFashion претпоставувам дека знаеш, ама по пишаното од jockaa и ти си погрешила.
    Да разграничиме, разлика од тука до месечината прво и основно има меѓу Forever21 и Make Up For Ever. :D

    Jockaa она кое Тамара (LetsTalkFashion) испуштила да ти го каже е да внимаваш што содржи пудрата за подолго да трае.
    Ако пудрата е базирана на вода, тогаш користи крем кој содржи вода, а не масло во себе. ;)

    Не се потпирај на името на брендот.
    Make Up For Ever, Sephora, MAC, Urban Decay, CHANEL и така натаму сите имаат пропусти.
    Без разлика на цените и на тоа што повеќето шминкери ги користат и со нив е ист случајот. Некои производи се одлични, некои би те натерале да заплачеш за парите.

    Bourjois е бренд кој е основан во 1863 година од страна на Alexandre Napoleon Bourjois кој бил првиот паметен човек кој го измислил ружот.
    На времето, Coco Chanel вклучила договор со Pierre Wertheimer, тогашниот сопственик на Bourjois, за да ја креираат линијата на Chanel парфеми.
    Chanel е под сопственост на Bourjois уште од тогаш, што значи името не е важно. :!:

    На пример, јас лично сум разочарана од тушот на Sephora, но би ги пофалила моливчињата и кармините.
    Мене пудрите на Max Factor скоро и да не ми се допаѓаат, но пофалби до кармините.
    Менхетен имаат одлични сјајчиња и супер туш, ама базата за очи е толку тврда што пред секоја употреба треба или да ја подгрееш во микробранова или пак со фен да ја стопиш малку.
    Јас би ти препорачала да се обидеш со сенките, сјајчињата и особено ружот на Bourjois, или пак маскарите на Dior и Maybeline.

    Друго, разлика помеѓу база и primer постои. Формулата им е блиска, значи слични се, дури повеќето не ги ни разликуваат, но сепак има некоја разлика.
    И компаниите кои ги произведуваат гледаат на нив како на ист производ.

    Прашај во парфимериите, сигурна сум дека има секаде.
    Јас користам на Артдеко, а тоа мислам лесно може да се најде било кај.
    Барај производ кој содржи силикон, затоа што тоа е клучното нешто. :!:

    Основната задача на базата (која нели постои и за очи, уста) е да ги дефинира боите повеќе, додека пак primer ако буквално си преведеш значи дека треба да го припреми лицето на пример за понатамошно аплицирање шминка. Во принцип голема разлика која би не засегала нас, нема.
    Како што реков главната задача на базата е да го засили интензитетот на бојата, но сепак ја има и таа улога за подолго траење на шминката. Во секој случај имај на ум дека поради тоа што првичната функција е бојата, може да се случи да се појават оние линии, како да е распукана шминката. Не знам како да преведам на македонски.

    Има многу да се дискутира на темава. Подобро би било да прашаш конкретно за маскара, или пак за некој бренд.
     
    На mamma-mia и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Мери знам дека има разлика и од make up forever do forever 21 , меѓутоа она не ги спомна нив конректно а во Sephora има повеќе брендови и сетоа тоа само набрзина го нафрлив.
    И се согласувам со тебе дека треба да внимава на состојките но за да обрне внимание на состојките да знае кои би и одговарале како прво треба да си го знае типот на кожата . И Како што кажа секогаш состојките од кремата да одговараат на состојките на пудрата да не бидат спротивни пример пудра без масло а крема наменета за сува кожа која содржи масло.
    И да конкретно пиши за што те интересира зошто има 300 работи за објаснување ...