Covek bez Boga e Nisto!! Nova sum na forumov no sakam da go spodelam ova so vas.. Jas i maz mi sekoja vecer pred legnuvanje citame biblija.Pred mesec dena edna vecer Zavrsuvame so citanjeto na biblija i na nasata vrata se odslika Isus Hristos.Ke ja spodelam slikava se nadevam deka ke go vidite. Gospod e sekogas so nas !!! Slava na Boga !!!!
Мене на свети Јован Дамаскин ми личи... Можеби ве повикува да си го прочитате и „Точното изложување на Православната вера“... Ама како и да е, слава Богу за се`.
Извини на прашањево, не е шала и ниту сакам да те навредам..но дали читање на библијата може пред сексање, после сексање или не се сексате вие??
Во Светото Писмо има примери за десетици зачнувања, од кои само едно е бестелесно - зачнувањето на Господ и Спасител наш Богочовекот Иисус Христос од Бога Дух Свети и пречистата Богородица и секогаш дева Марија. Така да и личностите кои се опишани во Библијата си општеле со своите брачни другари и зачнувале деца. Само, ај, да не бидеме надвор од темата.
Кој сака може да види било што било каде. Имагинација. Ако тоа прави да се чувствувате подобро во врска со себеси тогаш нека биде и некаков лик или што и да е. Ќе се воздржам од други коментари.
Човек и без Бог е човек. Ако религијата ве учи или ве наведува да ги маргинирате или омаловажите различните од вас тогаш нешто со вашата верба во истиот не е во ред. И ние неверниците го дишеме истиот воздух како и вие, и ние сме битија од крв месо, и ние сме со емоции, и ние плачеме и се смееме како вас. Вербата без разлика дали е во Бог или во нешто друго е чисто субјективно чувство ненаметнато од никого а уште помалце омаловежена од некој што мисли различно од мене. Можеби не читаме Библија, не се молиме, не постиме, не одиме во црква но секој од нас верува во нешто. Секој човек е Бог на свој начин!
Сарказмот кон оние кои прашуваат во теми за секс дали се трудни ако им свршил на фармерки и сл.бил несоодветен, недостоен, абе за презир, а тема која е искрено отворена да се сподели свое искуство од своето верување тие истите ја напаѓаат со навреди, демек смешни слики, гифови, цитати од филозофи и е топ тема за сарказам и иронија? Секоја чест девојки, на нивоу. Во врска со насловот, она што се појавило на вратата е негово субјективно видување, можеби и самото завршување на читање на библијата ве навело да мислите така, што не велам дека не е. Секој има свои причини да верува/не верува во нешто/некого. Кои сме ние да му го оспориме тоа??? Тие го виделе Спасителот на врата, можеби јас ќе го видам на прозор, во кајмакот од кафе што ќе го пијам, во сон. Тоа е најмалку битно каде. Ете некои го виделе на јајце, а јас не успеав да го видам на истото јајце. Спасителот секој го гледа и го доживува на свој начин, го визуелизира различно, има поинаква претстава за изгледот на истиот и она што е фигура на Исус за еден, можеби не е за друг. Повеќе би рекла дека неговото присуство се доживува, отколку што се гледа. Ако веруваш дека навистина постои ќе го почувствуваш на различни начини, дали преку помошта, делата, некои случки, здравје и болести... Секој ќе го запознае преку својата душа, доколку ја отвори за него. И сите оние кои се прават неверници, имале моменти или ќе имаат кога ќе се повикаат на негова помош, ќе побараат прошка и ќе ја исчистат својата душа за да направат простор за Него. Дали тој момент ќе биде во текот на животот или на крајот на истиот, зависи и од човекот и неговата подготвеност да ја побара и прими неговата помош. Јас на таа врата видов нешто, но Исус не. И да не ми се нацрта на врата, доволно ми е што верувам во Него, што низ животот повеќе случки ми покажале дека навистина постои, но само ако му направиме место во душата. Насила на човек можеш да му земеш, ама не и да му дадеш.