Има една изрека " гледаш она што сакаш да го видиш, слушаш она што сакаш да го слушнеш", или просто речено селективно гледање/слушање.. :/
Добро, не мора одма вие сите да напаѓате, да паметувате и да се правите зорле комични, океј? Јас, само што ја погледнав сликата видов лик. Подолу прочитав дека е таму - на тоа место кај што видов јас. Ако не верувате - не верувајте, не мора да се потсмевате и да бивате иронични!
Не постојат никакви веродостојни историски или археолошки или било какви извори за тоа како изгледал Исус. Да сакале апостолите да ни го опишат Исусовиот лик, ќе го направеле тоа. Но повеќе од јасно е дека намерно не го направиле тоа, за да не ги поттикнуваат луѓето на идолопоклонство и правање слики од Бог што е строго забрането со Втората Божја заповед. Тој лик што ние си го замислуваме дека е Исус е најчесто производ на нашата имагинација или пак од филмовите за Исус што ги гледаме или пак од католичките скулптури за Исус или православните икони за Исус итн. Сето ова е производ на уметност, но не и на релевантни историски извори. Сепак ме радува тоа што овој брачен пар си има таква навика да си читаат од Божјото слово заедно, а верувам и дека си се молат заедно, сеедно дали е тоа навечер, наутро или попладне нели.
Офтопик ке заминам малку ама ме интересира па ке си прашам тука.. Во горниот болд имаш напишано дека правење слики од Бог е строго забрането со втората божја заповед, ами зошто тогаш го има на православни икони кои и тие се еден вид на слика на Исусовиот лик? Гледам поинформиран си за овие работи, па затоа прашувам.
Тоа дека вие сте посебни снегулки, затоа кај вас се отсликал. Вас посебно ве сака зошто сте умни дечиња што читаат Библија редовно! Флекава е исто што и роршахови дамки. Што сакаш да видиш тоа ќе видиш.
Затоа што православните икони се цртани и употребувани од луѓе што не се придржуваат до Светото Писмо. Апостолите не биле православни верници, туку го следеле учењето на Светото Писмо.
Ја симнав сликава , и ако ова не е лик нз што би било .. или јас гледам или очиве ме лажат... или е вистина или е сликано со пранк апликации како што има за духови итн...
Не е спорно дека сликата е вистинска! Спорно е што е тоа кое се гледа на сликата. Вие велите дека го гледате во тие дамки Исус. А од каде знаете како физички изгледал Исус па за да можете со сигурност да речете дека е тоа Неговиот лик?! Напишавте дека сте ја читале Библијата. Во Библијата опишани се Неговиот живот, учење и дело во неколку верзии(има 4 Евангелија на таа тема, нели), но никаде во Библијата не е опишан Неговиот физички изглед. Мене искрено ми личи на Александар Македонски (кого воопшто не го почитувам) со натажени очи или на некој антички филозоф. Ми личи исто така на недовршен знак за радиоактивно, или пак на број 1 со три правоаголника десно до бројот.
Јас стварно не знам како може некои да не верувате во Бог, разбирам тоа е индивидуално ама стварно не сте ми јасни. А посебно вие што се зезате и се правите нешто као видите колку сме зае*ани сакате да испаднете интересни па се потсмевате и буквално играте мајтап. па разбирам шала ама и секоја шала има граница, мислам дека не доликува со Бог,религијата, библијата и слично да се тера шала. Ако ти лично не веруваш во нешто нема потреба да се потсмеваш на некој што верува. И мене ми е чудно кога ќе слушнам некој дека не верува во Господ ама никогаш не сум го осудувала ниту пак сум му се потсмевала за тоа. Секој човек е различен и си има свои ставови и верувања, но тоа не значи дека ако се различни од твоите не треба да ги почитуваш.